35 починати лица и 387 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-174, Куманово-17,  Штип-19, Прилеп-12, Тетово-26, Велес-12, Битола-20, Охрид-1, Кавадарци-3, Гостивар-56, Гевгелија-1, Струмица-6, Крива Паланка-4, Радовиш-1, Крушево-3, Кочани-4, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Берово-1,  Валандово-2, Виница-1, Делчево-7, Свети Николе-7, Кичево-3, Неготино-4.  

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 528 оздравени пациенти од: Скопје-210, Куманово-35, Дебар-8, Штип-25, Прилеп-53, Тетово-38, Велес-26, Битола-3, Кавадарци-14, Гостивар-18, Гевгелија-5,  Струмица-19, Крива Паланка-6, Радовиш-3, Крушево-2, Кочани-12, Пробиштип-4, Македонски Брод-2, Берово-4, Валандово-3, Делчево-8, Кратово-6, Свети Николе-18, Неготино-6.

Починати се 35 лица, десет пациенти од Скопје (46, 68, 79, 76, 76, 73, 48, 66, 71 и 66г ), тројца од Куманово (67, 82 и 79г), еден од Штип (79г), двајца од Прилеп (68 и 69г), еден од Тетово (84г), еден од Велес (73г), двајца од Битола (88 и 77г), еден пациент од Охрид (82г), еден од Кавадарци (73г), четири пациенти од Гостивар (75, 73, 50 и 43г), еден од Дојран - ПЕ Гевгелија (65г), двајца од Струмица (48 и 75г), еден од Радовиш (76г), еден од Кочани (67г), двајца од Берово (70 и 53г) и двајца пациенти од Кичево (54 и 70г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 55127, бројката на оздравени пациенти е 32894, на починати е 1546, а бројот на активни случаи изнесува 20687.

Од вчера се евидентираат три контрони теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 24109, активни 9837

• Куманово 3444, активни 940

• Дебар 430, активни 87

• Штип 2439, активни 531

• Прилеп 2608, активни 965

• Тетово 3550, активни 989

• Струга 1283, активни 419

• Велес 1752, активни 770

• Битола 1722, активни 863

• Охрид 1399, активни 590

• Кавадарци 1059, активни 440

• Гостивар 2163, активни 793

• Гевгелија 658, активни 226 (49 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 118 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 1556, активни 598

• Крива Паланка 393, активни 126

• Радовиш 388, активни 124

• Крушево 113, активни 71

• Кочани 1159, активни 324

• Пробиштип 322, активни 76

• Демир Хисар 173, активни 75

• Македонски Брод 145, активни 31

• Пехчево 95, активни 24

• Берово 335, активни 96

• Валандово 191, активни 72

• Виница 345, активни 182

• Делчево 400, активни 176 (108 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 144, активни 70

• Свети Николе 748, активни 222

• Кичево 1129, активни 518

• Ресен 402, активни 165

• Неготино 473, активни 287 (46 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1176 теста се преку: ИЈЗ-595, ЦЈЗ Скопје-31, Авицена-0, Биотек-32, МАНУ -91,  Жан Митрев (Филип Втори)-156, Систина со PCR метода -222, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-27, Инфективна клиника-3, ГАК-1, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -18, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 313.519 тестирања на Ковид -19.  

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 610

• Гази Баба – 1474

• Аеродром -1407

• Карпош – 1188

• Центар – 1180

• Кисела Вода – 1196

• Ѓорче Петров – 823

• Бутел - 552

• Шуто Оризари – 184

• Студеничани – 52

• Сарај – 151

• Арачиново -32

• Илинден – 244

• Сопиште – 66

• Чучер Сандево – 103

• Петровец –126

• Зелениково -73

• Странец – 173

• Нераспределен- 203

Втор говорник на Global HR Vision 2026: Надина Тирополис!

Во ера на постојани промени и непредвидливост, бизнис светот се соочува со клучно прашање: Како да изградиме организации кои не само што преживуваат, туку вистински напредуваат? Одговорот на ова прашање доаѓа со Надина Тирополис, визионер во областа на регенеративното лидерство и втор потврден говорник на претстојниот Global HR Vision 2026 во Скопје.

Од глобални гиганти до трансформативни промени

Патот на Надина е обележан со повеќе од 15 години искуство во врвот на светската бизнис елита. Работејќи за култни брендови како Gucci, adidas и Sephora, таа имаше уникатна можност да ги навигира комплексните стратешки иницијативи на повеќе меѓународни пазари. Ова искуство не е само листа на имиња во нејзиното портфолио, тоа е темелот врз кој таа ја изгради својата експертиза за тоа како функционираат големите системи и каде најчесто се појавуваат пукнатините во традиционалното управување.

Токму таа длабока инволвираност во корпоративниот свет ја доведе до клучниот увид: традиционалните модели на перформанс веќе не се доволни.

Денес, како основач на Dara Impact, Надина се фокусира на концептот на регенеративно лидерство. Наместо фокусирање исклучиво на екстракција на максимум од вработените (што често води до „burnout“ и стагнација), нејзиниот пристап се залага за создавање на „живи“ системи.

Нејзината работа е насочена кон лидери и организации кои сакаат да излезат од комфорната зона на краткорочните бројки и да изградат:

  • Долгорочна човечка и организациска отпорност: Способност за брзо закрепнување и адаптација по кризи.
  • Усогласување на вредностите: Креирање на средина каде личните вредности на вработените и целите на компанијата се во совршена симбиоза.
  • Култура на доверба: Трансформирање на работните места во простори каде психолошката безбедност е гориво за иновација.

Зошто нејзиното учество на Global HR Vision 2026 е клучно?

Присуството на Надина Тирополис на сцената во Скопје на 23 април е ретка можност за сите HR професионалци и бизнис лидери да се запознаат со методологии кои ги надминуваат стандардните обуки за менаџмент. Таа не нуди само теории, туку практични алатки за тоа како целта, довербата и врвните резултати да станат меѓусебно поврзани и самоодржливи.

Религија.мк избира личност на годината на МПЦ-ОА

Религија.мк, годинава спорведува јавно гласање за избор на личност на годината меѓу владиците на МПЦ-ОА. На листата се сите архијереи, членовите на Синодот, викарните епископи и пенизионираните.

Гласањето трае до 09 јануари 2026 година.

За да гласате презетете го прашалникот од овој ЛИНК

. Зимата 2025–2026 ќе биде потопла од просекот, но со студени бранови и загаден воздух

Зимата што претстои се очекува да биде за околу еден степен потопла од повеќегодишниот просек, но со повремени студени бранови и изразена временска променливост, покажуваат најновите климатски очекувања. Според анализата на професорите Владо Спиридонов и Ивица Милевски, не се прогнозираат долготрајни екстремни студови, туку претежно умерено топло и динамично време.

Студени периоди со температури под нормалата се најавуваат од крајот на декември до средината на јануари, како и кон крајот на февруари. Во Скопје и Штип средните зимски температури ќе се движат меѓу 1 и 4 Целзиусови степени, додека на планините од 0 до -3 степени.

Според анализата, бројот на мразни денови ќе изнесува од 30 до 55 во низините и од 60 до 75 на планините. Ледените денови ќе бидат релативно ретки во низинските предели (од 5 до 15), но значително почести на планините, каде се очекуваат од 25 до 40 такви денови.

„Студени бранови со температури околу или под нормалните се најверојатни кон крајот на декември до средината на јануари и повторно кон крајот на февруари, но без сигнали за долготрајни или екстремни зимски студови“, наведуваат Спиридонов и Милевски.

Професорите предупредуваат и на зголемен ризик од магла и температурни инверзии во периоди со стабилно антициклонално време. Во вакви услови се очекува значително влошување на квалитетот на воздухот, особено во Скопската, Полошката и Струмичката котлина.

„Во целина, зимата 2025–2026 ќе биде потопла од просекот, динамична и со изразени краткотрајни зимски настани. Главните ризици ќе произлегуваат од временската променливост, кратките интензивни врнежни епизоди, снежните бури во планините и епизодите со многу лош квалитет на воздухот во котлините“, оценуваат климатолозите.

Популарно