Славната пејачка ги изгуби сите пари

Поранешната милионерка Шер, направи голема пауза во кариерата, а сега наводно е на ивица на егзистенцијата.

Имено, нејзе уште кон крајот на 80-те ѝ бил дијагностициран Епстеј-Бар вирус, вид херпес, кој може да предизвика откажување на органите.

„Бев постојано болна, скоро ме убие воспаление на белите дробови. Лекарите прво ми велеа дека сум луда и претерувам, но сепак открија дека сум тешко болна“, открила пејачката.

Поради здравствената состојба морала да направи пауза во кариерата, затоа што повеќе не можела да ги издржи настапите. За да преживее, прејачката почнала да снима реклами.

(Фото) Берни Сандерс на најдобар начин ја користи моменталната популарност

Фотографијата на сенаторот Берни Сандерс од инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден станал интернет сензација. Сега, маици со виралната фотографија од Берни може да стане дел од вашата гардероба, пишува "CNN".

Соработниците на Сандерс од кампањата одлучиле да продаваат маички со сега веќе легендарната фотографија од "мрзеливиот Берни" според која се направени безброј мемиња, а целиот приход од продажбата е наменет за организацијата "Meals on Wheels", која делува во матичната држава на сенаторот, Вермаунт, и обезбедува бесплатни оброци за лица помлади од 60 години со хронични заболувања и инвалидитет.

Црната памучна спортска маичка чини 45 долари и се произведува во САД. Изгледа дека е популарна исто како и нејзиното меме, бидејќи е веќе распродадена, пишува на интернет страницата на која се нарачува. Потенцијалните купувачи се предупредени дека можеби ќе мора да чекаат и до осум недели за нејзината испорака.

"Како да не го сакаш симпатичниот Берни Сандерс кој продава спортска маица со меме, а 100 проценти од приходите одат за хуманитарни цели", твитнал еден корисник.

Сенаторот пред три дена ги коментирал бројните реакции за учеството на инаугурацијата на Џо Бајден.

"Па јас само седев, настојувајќи да се загреам и да обратам внимание на тоа што се случуваше околу мене", рекол тој со насмевка на лицето за време на гостувањето на "Late Night Show".

(Фото) Исплива фотографија од Моника Белучи стара 30 години

На Инстаграм профилот „History jpg“, кој објавува фотографии од минатото, се појави фотографија од актерката Моника Белучи.

На фотографијата стара 30 години Моника Белучи изгледа неверојатно во црвен фустан и сите очи се 'вперени' во неа. Убавата актерка и денес изгледа речиси исто како тогаш.

Коментарите од нејзините обожаватели се различни, сите велат дека е прекрасна, но многумина потенцираат и дека воопшто не се променила.

Актерката со италијанско потекло е родена во 1964-та година, кариерата ја започнала како модел, глумела во италијански филмови, за набрзо кариерата да ја продолжи во Холивуд.

Глумела во неколку филмови кои доживеале планетарен успех, како што се „The Passion of the Christ“, „Brotherhood of the Wolf“, а во филмот „Spectre“, од 2015-та година, била најстарата девојка на Џејмс Бонд.

Двапати беше во брак. Првиот брак со италијански фотограф траел само неколку месеци, додека со францускиот актер со кој била во брак до 2013-та година има две ќерки. 

(Фото) Иванка Трамп заедно со сопругот се преселија во една од најлуксузните згради во Мајами

Иванка Трамп, сопругот Џаред Кушер и нивните три деца се преселија од Вашингтон на Флорида, а како што пренесува Си-Ен-Ен, сега ќе живеат во една од најлуксузните згради во Мајами.

Изнајмиле стан во богатиот кварт „Surfside“, а таму ќе бидат сместени додека не се изгради нивната куќа на приватниот остров Крид.

Цената која ја плаќаат за киријата засега не е позната, а според извештаите за цените за изнајмување недвижнини во тој кварт, цените се движат по околу десетина илјади долари месечно.

Доналд и Меланија Трамп исто така ќе се преселат на Флорида.

Популарно