(Фото) Меланија се појави во уште еден одличен стајлинг

Кога ќе се спомне името Меланија Трамп, сите со восхит помислуваат на нејзиниот стил на облекување и прекрасно лице.

Меланија Трамп (50) е миленичка на модните критичари и тоа со причина. Со последниот стајлинг ја оправдала титулата на кралица на стилот кој што го носи веќе повеќе време и на кој критичарите и светот се навикнати да ја гледаат.

Таа се појавила пред Белата куќа, а била облечена во женствена и воедно класична комбинација. Над тесниот, црн фустан носела капут кој што ја следи линијата на нејзиното тело и ги истакнува најубавите делови од него.

Капутите, особено оваа есен се во тренд, а малкумина од жените можат да им одолеат. Овој модел кој што го носи Меланија Трамп е полн погодок затоа што ем топли ем совршено ѝ одговара на секоја жена. Во него сите изгледаат повитко и позаводливо.

Без дилема моделот е многу атрактивен, но тоа што повеќе се коментирало е неговата цена. За оваа креација, првата дама издвоила дури 2.000 евра.

Од високите потпетици ниту овојпат не се откажала. Црните чевли со бели детали совршено ги искомбинирала со целиот стајлинг.

На висина на задачата била и кога станува збор за шминката и фризурата. Како и секогаш беспрекорно стилизирана со истакнато убаво лице.

Првата дама не го криела ниту своето расположение, па не ја тргала насмевката од своето лице цел ден. Дали ви се допаѓа ова модно издание на Меланија Трамп?

Падна во вода свадбата на Безос од 600 милиони долари!

Основачот на Амазон, Џеф Безос ги демантираше гласините дека ќе се ожени со Лорен Санчез на раскошна церемонија по Божиќ.

Во странските медиуми се прошири веста дека Безос наскоро се жени во Аспен и дека за венчавката ќе потроши околу 600 милиони долари (околу 576 милиони евра). Тој зборуваше за тоа.

На Икс, тој одговори на твитот во кој сподели напис за неговата наводна венчавка објавена од Њујорк Пост, кој цитираше извор на Дејли Мејл.

„Целата работа е целосно лажна – ништо од ова не се случува. Старата поговорка „не верувај се што читаш“ сега е повистинита од кога и да е. Лагите можат да го обиколат целиот свет пред да се дознае вистината. Затоа, бидете внимателни и не бидете лековерни“, напиша тој.

Уште две лица се под истрага за смртта на Лијам Пејн

На двајца вработени во хотелот „Касасур“ во Буенос Аирес, Аргентина, каде што, пред смртта, престојувал Лијам Пејн, им било кажано дека официјално се под истрага. Со тоа истрагата за неговата смрт се прошири на пет лица, пренесува аргентинскиот портал „Инфобае“ (Infobae).

Судијката Лора Брунијард донесе одлука истрагата за смртта на британскиот поп-рок пејач кој падна од третиот кат во хотелот да ја прошири со две лица, порачувајќи им да ангажираат адвокати и дека ќе треба да дадат изјави. Меѓу новоосомничените е рецепционерот Естебан Рејналдо Граси, кој се јавил на 911 кога се случила несреќата, а бил еден од тројцата мажи кои го носеле Лијам низ ходникот непосредно пред трагедијата.

Однесувањето на вработените и нивната одлука да не го остават пејачот во фоајето додека чекаат помош, покрена сомнеж. Вработените во хотелот ќе бидат сослушани следната недела, меѓу 17. и 19 декември, а наскоро се очекуваат и изјави од државните правобранители.

Инаку, три недели по смртта на поранешниот член на британскиот состав „Уан дајрекшн“ (One Direction), обвинителите ја отфрлија можноста за самоубиство како причина. Наводите говорат дека тој најверојатно бил во несвест кога паднал од балкон.

Популарно