Кога е создадено Охридското Езеро?

Германски експерти ќе започнат со истражување на тајните кои ги крие нашето најголемо и најубаво, Охридско Езеро.

Истражувачите ќе ја утврдат точната старост и потеклото на Охридското Езеро.

Охридското Езеро според континуитетот, 3 до 5 милиони години од неговото создавање до денес се смета за најстаро во Европа. Преку меѓународниот проект „Научна соработка за проучување на условите на специјација во Охридското Езеро“ ќе треба да се открие точната старост и неговото потекло. Проектот се базира врз прелиминарните сеизмолошко – седиментолошки истражувања изведени во Охридското Езеро од 2004 до 2011 година.

„Длабочинското дупчење ќе го покаже уделот на геолошките случувања од минатото и главните еволуциони процеси во езерото. Историјата на езерото во последниве 130 000 години потврдува дека тоа било олиготрофно, какво што е и денес, односно со ниско производство на алги и доста чисто. Во топлите периоди, како денес производството на алгите е малку зголемено, додека во леденото доба тоа било малку намалено. Сепак, целокупнo езерото е со ниско трофично ниво и се смета за чисто.

Последиците од тековното глобално затоплување и од антропогените притисоци се тешко измерливи во краток период, но не се за запоставување. Мерките за заштита на езерото секогаш мора да бидат директни, бидејќи се потребни години за да проработат и долгорочно да дадат ефект.“, изјави за Дојче веле главниот истражувач на проектот д-р Бернд Вагнер од Институтот за геологија и минерологија при Универзитетот во Келн, Германија.

Истражувањето „тежи“ 2,5 милиони американски долари

По истражувањето експертите на дланка ќе ги имаат и резултатите за тектонските и вулканските промени кои го поврзуваат Охридското Езеро со Италија, но и промените во климатските услови во централниот и северниот дел од Медитеранот. „На проектот за длабочинско дупчење посериозно се работи од 2008 година. Тогаш во Охрид се одржа средба на која научници од 11 земји од Европа и САД реферираа на теми од геологијата, хидорлогијата, климатологијата и хидробиологијата. Беше поддржан од Интернационалната програма за континентално научно дупчење, а една година подоцна во неговото финансирање се вклучија и научни фондови од Германија, Италија и Велика Британија.

Неговата вкупна вредност е два и пол милиони американски долари. За Владата на Република Македонија проектот е од национален интерес. Таа финансиски не учествува во него, но ја стави на располагање вкупната логистика и кадар преку ресорните министерства и научни институции“, вели Националниот координатор д-р Сузана Патчева, директор на Хидробилошкиот завод од Охрид. Таа е една од седумте проект менаџери кои доаѓаат од неколку земји во Европа да работат врз проектот.

Демантирани шпекулациите дека ќе се трага по нафата на дното на Езерото

Деновиве во Охрид се сменуваат сонцето и дождот. Но, тоа не им пречи на стручните лица во месноста Елешец забрзано да ја подготвуваат платформата за големата дупчалка која наскоро ќе заплови по езерото. Се појавија и шпекулации во јавноста и дел од медиумите дека дошло време да се бара нафта во езерото. Д-р Патчева е категорична: „Ни случајно. Проектот не е поврзан со такво нешто. За да се истражува дното на езерото за таква намена потребна е сосема друга опрема и други стручњаци.“

Д -р Вагнер ја расчистува дилемата: „Нема нафтени извори во седиментите на Охридското Езеро зашто седиментите со потекло од претпоставените 2- 3 милиони години старост се премногу млади и исто така им фали јаглерод. Нафтените извори настануваат од големи количества органски јаглерод. Бидејќи езерото било и е олиготрофно (произведува малку алги) немало збогатување со јаглерод (како што го има во мочуриштата, плитките води итн.). Наша главна истражувачка цел е квартенот и истражување на климатската историјата и историјата на животната средина во изминатите 2.6 милиони години. Во рамките на Охридскиот проект ќе се обидеме да ги поврзиме овие наоди и наодите од биолошкото истражување (специјација – создавање на видовите), за оттука да извлечиме заклучоци, колку брзо се сменила животната средина и дали од тоа може да се изведат општи концепти за создавање на видовите.“

До детали разработен проект – ветување дека се’ ќе има и на интернет

Дојче веле дојде и до детали за престојното истражување. Најпрво ќе се колекционираат седименти. Ќе се влезе 680 метри од дното на централното плато на езерото кое се наоѓа некаде на длабочина од околу 250 метри. Ќе се дупчи на пет точки, само на македонска страна. Првата точка е северозападно во езерото меѓу Пештани и хотелот „Метропол“. Тој подводен предел според научниците во изминатите геолошки периоди бил недопрен. Во оваа фаза од истражувањата нема да се вклучени стручните тимови од Хидробиолошкиот завод во Охрид. Во следната фаза - биолошки истражувања собраниот материјал ќе се истражува паралелно во Келн, Германија и во Охрид. Проектот официјално ќе почне на 1. април и ќе трае до 17. јуни годинава, а се најавува и посебна вебстраница.

КОГА ЈОРДАН МИТЕВ ПЕЕ, НАШИТЕ ВО КАНАДА УЖИВААТ... Спектакуларни концерти на нашата музичка ѕвезда

По 10 години, Јордан Митев повторно и се врати на македонската и балканска публика во Канада. Тој како и секогаш и овие три концерти распали со своите добро познати хитови и енергијата која е добро позната и својствена само нему.

Спојот на хитови кои се пеат на сет глас и во еден здив и шармот и енергичноста и овој пат беа доволна провокација за да концертот во Торонто за сите наши Македонци во Канада и Соединетите Американски Држави беше исполнет до последно место и се бараше билет повеќе...

- Подеднакво сум возбуден пред секој еден мој настап и концерт, подеднакво сум подготвен да да дадам дел од себе, подеднакво да испеам од дното на мојата душа за мојата публика. Овој пат, во Канада кога ја видов публиката знаев дека повторно ќе го тестирам мојот максимум како многу пати до сега. Неизмерно сум среќен што бар една вечер на мојата верна публика во Канада и оние кои допатуваа од САД им ја направив посебна, а Македонија повторно поблиска во срцата, без оглед на географската оддалеченост...знаете за оваа публика вреди да се пее, пишува, да се работи, за ваква публика вреди да се живее – изјави Митев за медиумите

Јордан Митев на спектакуларниот концерт во Торонто, уште еднаш докажа дека е веќе докажан и почитуван музички бренд, Интересот за концертот беше огромен, дел од неговата публика патуваше повеќе од шест часови за да биде во салата и да бидат дел од незаборавната концертна вечер.. Публиката заедно со Јордан Митев пееше во еден глас, а социјалните мрежи беа преплавени со многу видеа и фотографии, како и коментари со воодушевувачки импресии од концертот во Торонто.

- Беше магично, навистина. Очекував добар концерт и енергија, ама ваков интерес, искрен контакт со публика, пеење во еден глас, взаемна енергија, едноставно посакував...среќен човек сум јас – додава Митев

Македонската публика пак, веќе подолго време очекува солистички концерт во Скопје. После големиот концертен спектакл во Канада, Јордан откри дека подготвува нешто ново, но за тоа дополнително ќе ја информира својата публика и медиумите. На оваа забелешка многу од гостите во Канада заклучија дека крајно време е тие да присуствуваат и на концерт на Јордан Митев во татковината и изразија надеж дека тој ќе биде што поскоро, па дружењето со Јордан Митев продолжи на општо задоволство и по концертот...

ЈОРДАН МИТЕВ ИСПИША 20 ГОДИНИ МАКЕДОНСКИ МУЗИЧКА ИСТОРИЈА СО ПЕСНА ЗА СВОЈОТ СИН

Познатиот македонскиот музичар, автор и изведувач Јордан Митев неуморно работи веќе цели 20 години на својата професионална кариера. Благодарение на својот ангажман, но и неговата верна публика две децении изведува своја авторска музика и реди безвременски хитови, кои се составен дел од македонското музичко наследство. Зад себе остава година, во која неуморно секојдневно работеше дома, но и во светот за сите наши вистински љубители на македонската песна. Година во која заокружува 20 години кариера, кариера во која се бројат албуми, хитови, настапи, емоции... И токму така емотивно во за него една од најуспешните години и на професионален, но и на приватен план, публиката ја изненадува со нова песна посветена не неговиот штотуку роден син...

- 20 години се многу, а сепак малку. Годината сепак има само 365 дена – низ смеа вели Митев. Ми фалат денови за уште некој отпеана песна, за уште бар еден одржан концерт, секој ден ми е музика. Благодарен сум на Бога што овие дваесет години си ја имам својата публика. За таа публика вреди да се создава, компонира, пее, живее... па кога функционирате со публиката како едно, тогаш и дваесет години ви проаѓаат брзо. Публиката и семејството се двигателите и за наредните 20 и тие по нив. Среќен човек сум јас, штом ги имам и едното и другото. Со доаѓањето на свет на мојот син Кристијан го добив највредниот подарок за 20 години од мојата кариера. И токму оваа песна Сине, Сине Мој доаѓа во вистинско време како еден печат на веќе од мене потпишана музичка историја

 Песната веќе има илјадници прегледи на YouTube иако е поставена само неколку денови, што гои потврдува фактот дека публиката на Јордан е жедна за уште една негова музичка мајсторија. Иако е голем и значаен јубилеј за славење – 20 години успешна музичка кариера, Митев нема време за славење. Напротив има ангажмани на кои секогаш максимално им е професионално посветен...

- За Новогодишните празници сум во Швајцарија ме очекуваат прекрасни празници со нашите македонци, за Бадник и Божик сакам да бидам дома со семејството, а потоа повторно сум со нови веќе закажани концертни настапи, па одам за Канада.

На јубилеј 20 години кариера работам како да ми е прв ден, ама мора да се испочитува публиката и да се стаса секаде. Тоа ме исполнува и ме прави среќен, ќе има време за славење – вели Митев

       Неговата нова песна Сине, сине мој можете да ја слушнете на следниот линк на YouTube:

 и да наздравите за претстојните празници со стил. Јордан ветува уште многу години дружење со убава македонска песна, нови албуми и хитови и се разбира неговата препознатлив весел дух....

Подгответе се за спектакл во СЦ „Јане Сандански

Регионалната музичка икона Сенидах го најави својот прв солистички концерт во Скопје, на 14 февруари 2026 година, во СЦ „Јане Сандански“. По спектакуларниот настап на белградскиот Ташмајдан, Сенидах ја носи својата естетика, енергија и препознатлив сценски израз во македонската престолнина, подготвена да создаде уште еден момент што ги поместува стандардите на регионалните live настапи.

Својата кариера ја гради храбро, гласно и без компромиси. Денес е препознатлива по специфичниот вокал, неповторливиот музички израз и сценски настап што ги брише границите меѓу жанровите, сензибилитетите и стиловите. Сенидах умешно ги спојува R&B, трап и елементите на балканската народна музика, создавајќи звук кој е единствен во регионот и препознатлив глобално.

Од соработки со уметници како Дино Мерлин, Цоби, Џала Брат и Буба Корели, Раф Камора, до самостојни изданија што бројат милионски стримови – Сенидах го изгради статусот на едно од најавтентичните современи имиња на новата балканска сцена. Нејзиниот трет студиски албум „Сен и дах“ објавен на почетокот од годината, бележи исклучителни резултати, додека сингловите „Делија“ и „Иди гаде“ и понатаму доминираат на топ-листите.

Организацијата ја потпишува SKYMUSIC продукција, а публиката во Скопје ја очекува продукција на светско ниво – моќен звук, силна визуелна режија и сценски дизајн што го следи секој ритам и емоција на нејзиниот автентичен израз. Тоа ќе биде концерт кој ја потврдува Сенидах како една од најхрабрите и најдоследни авторки на денешната регионална музика.

Влезниците за концертот на Сенидах почнувајќи од денес се достапни преку бесплатната апликација eFinity и преку платформата Wayin.mk.

Популарно