Кејт добила посебен роденденски поклон од Меган

Војвотката од Кембриџ пред неколку дена го прослави 39-от роденден во кругот на најблиското семејство. Кејт од страна на сопругот Вилијам наводно добила обетки со дијаманти и сафири, но ја изненадил поклон кој дошол преку пошта.

Британските медиуми пишуваат дека Кејт од Меган Маркл добила посебен поклон со што и односите меѓу принцевите парови значително се подобруваат.

Мирор пишува дека Кејт била воодушевена од поклонот на Меган кој бил многу креативен, иако во јавноста засега не е познато што војвотката од Кембриџ добила.

Кејт воопшто не ни очекувала поклон од Меган. Роденденската забава всушност била обична чајанка со сопругот и децата. А оваа година Кејт и Вилијам ќе прослават 10-годишнина од бракот.

Шетачот на кучиња на Лејди Гага раскажа за нападот

Рајан Фишер, човекот кој се грижи за кучињата на Лејди Гага, за првпат од болница проговори за „своето искуство блиску до смртa“, како што вели тој.

Фишер беше застрелан во градите минатата недела од киднапер на кучиња. Киднаперот и неговиот соучесник ги однесоа двата булдога на Лејди Гага, Коџи и Густав. Нападот се случи во Холивуд, Лос Анџелес.

Третиот булдог женка, Мис Азија, успеала да побегне од киднаперите, но потоа се вратила кај повредениот Фишер, кој  вели дека таа е неговиот „ангел чувар“.

Тој објасни дека штом ја видел покрај него додека лежел на земја во локва крв, Азија му влевала храброст и решеност да преживее.

„Моите панични врисоци се смирија додека ја гледав, иако сфатив дека крвта што се собира околу нејзиното мало тело е моја крв“, напиша тој на својот Инстаграм во понеделникот.

„Ја галев Азија колку што можев, ѝ се заблагодарив за сите неверојатни авантури во кои сме биле заедно, се извинив дека не можам да ги бранам нејзините браќа и потоа решив дека сепак ќе се обидам да ги спасам нив и себеси“, напиша Фишер.

Тој е сè уште во болница и заздравува од повредите од минатонеделниот напад.

Булдозите на Лејди Гага беа пронајдени во петокот вечерта, откако една жена ги донесе во полициска станица во Лос Анџелес. Властите соопштија дека жената не била вклучена во инцидентот. Полицијата допрва треба да идентификува осомничени лица.

(Фото) Ања Тејлор-Џој маѓепсува во смарагдно зелен „Диор“ фустан

Својот прв „Златен глобус“ го заработи за шаховската драма „Дамски гамбит“ на 78-та церемонија на доделавање на престижните награди во неделата вечерта.

А, 24-годишната Ања Тејлор-Џој ги направи сите вистински потези кога станува збор за моден избор во ноќта на награди, појавувајќи се во две различни креации за виртуелното шоу.

Аргентинско-британска актерка започна во пенлив смарагдно зелен фустан од „Диор“ со драматично деколте пред да се пресоблече во класичен дизајн на слонова коска за да ја прифати наградата за најдобра актерка во лимитирана серија.

Џорџ Клуни открива што прави кога е дома со своите деца

Планетарно популарната актерска sвезда, Џорџ Клуни, за новото издание на W Magazine открил што прави кога е дома со децата поради пандемијата на коронавирус, пишува Си-Ен-Ен.

Тој на шега вели дека за време на заклучувањето станал мајстор за разни занаети.

-Ќе ви кажам нешто за моето ново хоби. Јас пуштам две, три машини за перење на ден и ги мијам садовите цел ден, бидејќи нашите деца се вистински мали прасиња, рече тој со насмевка.

-И, треба да ги капете децата од време на време… Дури и му ја ишишав косата на мојот син, но се покажа многу лошо. Сепак, неговата коса брзо ќе порасне. Мислам, и самиот се ишишав. Но, не не се осмелувам да и ја ишишам косата на ќерка ми затоа што добив предупредување: „жена ми ми рече дека ќе ме убие ако ја допрам убавата долга коса на ќерка ми“, рече омилениот холивудски актер, кој има тригодишни близнаци, Ела и Александар со неговата сопруга Амал.

Популарно