Брз и лесен рецепт за витамински сок кој ќе го зајакне вашиот oрганизам

Коренот од ѓумбир е богат со важни витамини и минерали и содржи бројни фитонутриенти кои имаат силни антиинфламаторни својства и го стимулираат протокот на крв и варењето на храната.

Покрај високото ниво на витамин Ц, ѓумбирот содржи магнезиум, калциум, железо, фосфор, калиум и натриум, додека куркумата, од друга страна, има антиканцерогено дејствие.

Повелете рецепт за витаминска бомба која ќе го зајакне вашиот oрганизам.

Состојки:

свеж ѓумбир (приближно 4 см)

свежа куркума (приближно 4 см)

1 лимон

1 малку бибер (за подобар ефект на куркумата)

свеж сок од портокал (по избор)

Подготовка:

Излупете ги корените од ѓумбирот и куркумата, изрендајте ги и измешајте ги со сок од лимон и бибер.

Ако вашиот пијалок е премногу кисел, додадете малку сок од портокал или мед.

Пушачите преку чадот го пренесуваат коронатавирусот?

Нема многу докази што сугерираат дека чад од белите дробови на пушачот кој има коронавирус може да зарази друго лице, но американски истражувачи кои се занимавале со ова прашање им кажуваат на луѓето дека треба да знаат дека „кога вдишуваат чад од тутун, дишат воздух од нечии бели дробови“, вели „The Washington Post“.

Вилијам Ристенпарт, професор на Универзитетот во Калифорнија, Дејвис, рече дека е малку веројатно дека честичките од чад од тутун можат да го пренесат вирусот на друго лице.

Ова се должи на фактот дека топлината од цигарите веројатно го убива вирусот, изјави Ристенпарт за „The Washington Post“.

Сепак, има мала причина за загриженост од инфекција ако вдишете чад од нечии бели дробови – респираторните честички одат со чадот кон вас.

Ако чувствувате чад што некој го исфрлил од своите бели дробови, тоа значи дека го вдишувате воздухот што бил во белите дробови на пушачот. Ова значи дека исто така можете да ги вдишите нивните респираторни честички исполнети со вируси, кои се состојат од респираторна мукоза, а не од пепел, додаде тој.

Денес е јасно дека короната се пренесува преку капки, но исто така и преку воздух.

Она што е исто така сигурно е дека пушачите треба да ги отстранат своите маски за да држат цигара.

Само кружење околу луѓе кои не носат маски е ризик само по себе, а уште полошо е што пушачите знаат да исфрлат повеќе воздух од белите дробови, со дување.

Некој што не пуши исфрла респираторни честички до два метра, но пушачите можат да фрлат и до четири метри кога пушат чад од цигари, рече Херман Гакамбид, пулмолог од Орландо.

Алберт Рико, шеф на американската белодробна служба, вели дека пушачите „не само што можат потенцијално да го шират вирусот без да носат маска, туку и да фрлаат капки врз луѓето околу нив и на тој начин да ги заразат“.

Пушачите се изложени на поголем ризик да добијат потешка форма на коронавирус, соопштија во американскиот Центар за контрола и превенција на болести.

Пушењето го зголемува ризикот од заболување затоа што ја нарушува функцијата на белите дробови и го отежнува телото соодветно да одговори на инфекцијата, додека помладите пушачи се изложени на уште поголем ризик.

Овие три производи мора да ги јадете

Најдобро за белите дробови е да престанете со пушење, но ако не можете да се откажете, би требало почесто да јадете производи што го подобруваат здравјето

Сите добро знаеме дека пушењето е штетно за нашето здравје и дека значително го зголемува ризикот од рак на бели дробови.

Сепак, ако го занемарувате тој факт и секојдневно вдишувате никотин, треба да одбирате што ќе се најде на вашата чинија.

Истражувањата покажале дека одредени производи може да го подобрат здравјето на белите дробови, па пожелно е почесто да ги консумирате ако сте пушачи.

Сите кои учествувале во истражувањето подлегнале на мерења на спирометрија, метод што ја мери белодробната функција, односно белодробниот волумен и брзината на проток на воздухот низ дишните патишта за време на вдишувањето или издишувањето. Тестот бил повторен и 10 години подоцна.

Резултатите покажале дека пушачите кои консумирале многу јаболка, банани и домати имале најмали оштетувања на белите дробови.

Научниците објасниле дека причината за тоа е што тие производи се богати со антиоксиданси кои помагаат при намалувањето на воспаленијата на респираторните органи, го подобруваат здравјето на белите дробови и помагаат при обновувањето на оштетеното ткиво што се создало поради долгогодишно пушење.

Студија: Пациенти од 45 години што прележале коронавирус, на физичките тестови покажале како да имаат 80 години

Еден од најдобрите израелски медицински центри објави загрижувачка студија за долгорочните ефекти од инфекција со коронавирусот. Студијата откри дека пациенти од 45 години на физичките тестови покажале како да имаат 80 години.

Околу 30 луѓе на просечна возраст од 45 години учествувале во истражување спроведено од Медицинскиот центар Баилинсон. Три месеци откако официјално биле излечени, од поранешните пациенти било побарано да изведат низа едноставни физички тестови во кои се покажале во прилично лоша кондиција.

Една од задачите била пешачење од шест минути и за тоа време минале околу 450 метри, додека просекот за нивната возрасна група е околу 700 метри. Ништо подобри не биле ни во другите вежби.

Истражувачите велат дека резултатите се слични на нивоата за кондиција кај луѓе на возраст од 80 години.

Иако студијата опфаќа мал број луѓе, резултатите потсетуваат на студија спроведена во Кина. Тоа истражување е објавено во Lanset во јануари, а е основано на податоци за повеќе од 1.700 луѓе во Вухан, на просечна возраст од 57 луѓе.

Кинеските испитаници биле подложени на физички тестирања во текот на половина година по закрепнување од коронавирусот, а кај 63 проценти е утврдено дека покажуваат умор или слабост во мускулите.

Кога станува збор за тестот од шест минути печашење, до 29 проценти од учесниците не успеале да ја достигнат ни долната граница на нормален опсег за својата старосна група.

Останатите компликации на кои испитаниците наишле вклучуваат проблеми со спиење, анксиозност и депресија, пишува RT.

Популарно