Ја изгуби битката со коронавирусот, почина легендарниот кошаркар Миленко Савовиќ

Поранешниот кошаркар Миленко Савовиќ почина на 61 година. Савовиќ беше примен во болницата пред околу еден месец по проблеми предизвикани од коронавирусот, а понатамошните компликации доведоа до негова смрт. Миленко Савовиќ е роден 1960 година во Требиње, а почина во неговиот роден град.

Кариерата ја започна во Партизан во 1977 година. Iграше за „црно-белите“ 12 сезони и беше капитен и миленик на навивачите.

По Партизан, Миленко играше за Гранада и Војводина, каде ја и заврши кариерата. Со Партизан беше шампион на Југославија три пати, освои три купа „Радивоје Корач“ и два трофеи во Купот на СФРЈ.

Инаку, Миленко беше и вицешампион на Европа со репрезентацијата на Југославија.

По кратко боледување почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

По кратко боледување денеска во Скопје во 42 година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.

Долги години беше дел од редакцијата на Канал 5 од 2007 до 2018 година, каде работеше како уредник во информативната редакција. Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика.

Колегите ќе го паметат како добар новинар и голем другар.

Шок во мак-ракометот: Ненадејно почина Александар Јовиќ

Македонскиот ракомет остана без голем работник, затоа што ненадејно во текот на ноќта почина тренерот Александар Јовиќ.

Јовиќ почина на 51-годишна возраст, а последно работеше како тренер на македонскиот суперлигаш Пролет. Низ тренерската кариера беше асистент на Лино Червар во Металург, а самостојно го водеше и Металург 2 и Еурофарм Пелистер со кого стана шампион на Македонија.

Како играч, Јовиќ беше дел од Металург, Вардар, Пелистер, Преспа, Борец од Македонија, како и Болоња од Италија, Сплит од Хрватска, Апатин од Србија, и Слобода Тузла од БиХ.

Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале

На 06.01.2025 во 12 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 11:40 часот пред продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу Џ.Р.(23) и Д.Н.(39), двете од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Популарно