(Фото) 78-годишниот пејач и неговата 61-годишна сопруга изгледаат двојно помлади

Легендарниот Пол Макартни ужива колку што може, а со својата сопруга Ненси Шевел во последните неколку недели одмара на островот Сент Бартс.

78-годишниот музичар и неговата 61-годишна сопруга, поголемиот дел од времето го поминуваат на плажа и не се обѕираат на вниманието на бројните фотографи кои постојано го следат секој нивен чекор.

Карипското море и сончевото време очигледно се полн погодок за славниот пар. Тие на островот престојуваат веќе неколку недели, па изгледа дека својот годишен одмор немаат намера брзо да го прекинат.

Тука ја прославиле и Новата година, а омиленото летувалиште на многу богати и славни е исто така и нивниот прв избор во последните години. Макартни кон крајот на минатата година изјави дека едвај чека враќање на музичката сцена, а истакна и дека ќе се вакцинира штом ќе дојде на ред.

Бројни негови обожаватели велат дека не можат да поверуваат во каква одлична форма е Пол и покрај своите години, а според неговите зборови од бројни интервјуа, нема намера да се пензионира и ќе настапува додека има сила и волја за тоа.

Падна во вода свадбата на Безос од 600 милиони долари!

Основачот на Амазон, Џеф Безос ги демантираше гласините дека ќе се ожени со Лорен Санчез на раскошна церемонија по Божиќ.

Во странските медиуми се прошири веста дека Безос наскоро се жени во Аспен и дека за венчавката ќе потроши околу 600 милиони долари (околу 576 милиони евра). Тој зборуваше за тоа.

На Икс, тој одговори на твитот во кој сподели напис за неговата наводна венчавка објавена од Њујорк Пост, кој цитираше извор на Дејли Мејл.

„Целата работа е целосно лажна – ништо од ова не се случува. Старата поговорка „не верувај се што читаш“ сега е повистинита од кога и да е. Лагите можат да го обиколат целиот свет пред да се дознае вистината. Затоа, бидете внимателни и не бидете лековерни“, напиша тој.

Уште две лица се под истрага за смртта на Лијам Пејн

На двајца вработени во хотелот „Касасур“ во Буенос Аирес, Аргентина, каде што, пред смртта, престојувал Лијам Пејн, им било кажано дека официјално се под истрага. Со тоа истрагата за неговата смрт се прошири на пет лица, пренесува аргентинскиот портал „Инфобае“ (Infobae).

Судијката Лора Брунијард донесе одлука истрагата за смртта на британскиот поп-рок пејач кој падна од третиот кат во хотелот да ја прошири со две лица, порачувајќи им да ангажираат адвокати и дека ќе треба да дадат изјави. Меѓу новоосомничените е рецепционерот Естебан Рејналдо Граси, кој се јавил на 911 кога се случила несреќата, а бил еден од тројцата мажи кои го носеле Лијам низ ходникот непосредно пред трагедијата.

Однесувањето на вработените и нивната одлука да не го остават пејачот во фоајето додека чекаат помош, покрена сомнеж. Вработените во хотелот ќе бидат сослушани следната недела, меѓу 17. и 19 декември, а наскоро се очекуваат и изјави од државните правобранители.

Инаку, три недели по смртта на поранешниот член на британскиот состав „Уан дајрекшн“ (One Direction), обвинителите ја отфрлија можноста за самоубиство како причина. Наводите говорат дека тој најверојатно бил во несвест кога паднал од балкон.

Популарно