Џенифер Анистон станува мајка на 52 години

Познатата американска актерка Џенифер Анистон (52) ги израдувала своите долгогодишни пријателки и колеги со веста дека ќе стане мајка.

Оваа вест е ударна во светските медиуми. Според нив, Џенифер одлучила после два разводи да посвои девојче кое го запознала во сиропиталиште во Мексико, а самиот процес трае повеќе од една година. Актерката веќе со години го финансира ова сиропиталиште, а финализирање на процесот на посвојуавње се очекува во јуни оваа година..

-Судот знае дека актерката несака да прави од ова голем медиумски настан и сака ова да биде лична и интимна одлука, но убавата вест ја споделила со своите колеги, заклучува изворот кој го пренесуваат светските медиуми.

По појавувањето на „Saturday Night Live“, Маск изгубил 20 милијарди долари

Шефот на компанијата „Тесла“, Илон Маск, наводно, изгубил повеќе од 20 милијарди долари откако минатиот викенд се појави како гостин-домаќин во емисијата “Saturday Night Live”.

Нето богатството на американскиот бизнисмен падна од 166 милијарди на 145,5 милијарди долари, откако во текот на минатата недела вредноста на акциите на произведувачот на електрични автомобили „Тесла“ падна за околу 15 отсто, покажуваат податоците што ги следи магазинот „Форбс“.

Без оглед на тоа, Маск и понатаму е третиот најбогат човек во светот.

Во текот на своето деби во оваа забавна емисија, ексцентричниот милијардер откри дека тој е „првата личност со Аспергеров синдром која е домаќин на шоуто – или барем првата што го признала тоа“.

Претприемачот исто така зборуваше и за најновите случувања на пазарот на криптовалути, како што се биткоинот и доџкоинот и изнесе шокантна проценка дека ова е втора „празна приказна“. Маск претходно јавно го промовираше тој токен, што ја искачи неговата цена на рекордни нивоа.

Неговите коментари изнесени во „Saturday Night Live“ го потресоа пазарот на криптовалутите, со тоа што вредноста на доџкоинот падна за повеќе од 30 отсто во рок од 24 часа. Во меѓувреме, оваа криптовалута повторно започна да расте по новиот твит на Маск и најавата дека платформата „Coinbase“ ќе ја смести оваа криптовалута во понудата.

По ТВ настапот, Маск исто така објави дека „Тесла“ се откажува од прифаќање на биткоин како платежно средство за неговите автомобили.

Последните потези на Маск наводно ги збуниле инвеститорите, предизвикувајќи дополнителна нестабилност на цените на акциите на „Тесла“, кои паѓаа во текот на минатиот месец поради општата распродажба на акции на големите технолошки гиганти на берзата и растечката неизвесност во врска со бизнисот на овој произведувач на автомобили во Кина.

(Фото) Анџелина Џоли како калуѓерка - на +30 степени покриена од глава до пети

45-годишната актерка Ангџелина Џоли е позната по тоа што последнава година носи безбојна облека без конкретен крој. Обично одбира крем бои, сиви и црни комбинации, ретко се шминка, а на нозете влечки. Така и овој пат на Денот на мајките се прошетала со 12-годишната ќерка Вибијен по сончевиот Лос Анџелес.

На +30 степени Анџелина носела црн фустан со долги ракави, кој достигнува до петите. Закопчана до грла, изгледала како калуѓерка.

Ако има стилист, како секој актерка во Холивуд, како тоа да досега не го отпуштила? Сите се прашуваат што Анџелина се обидувала да сокрие со оваа облека: анорексијата или раните од самоповредувањето, како што пишуваат странските медиуми?

(Фото) Во овој фустан и со ваква фризура изгледа како девојка

Брижит и Емануел Макрон го угостија претседателот на Аргентина, Албертo Фернандез и неговата сопруга Фабиола, во Елисејската палата.

Брижит за оваа прилика ги носела своите омилени високи потпетици – моделот „Eyeline“ од црна кожа на модната куќа „Louis Vuitton“. Овие салонки се одликуваат со врвна елеганција, а дополнителна доза на луксуз им дава златниот детаљ над потпетицата од 10 центиметри.

Со отмените чевли, Брижит носела фустан во нејзиниот препознатлив стил кој се одликува со чисти линии и шик едноставност. Модните комбинации на првата дама на Франција секогаш се многу едноставни и префинети, но тука секогаш се деталите кои ги прават поинтересни.

Кај овој фустан во темнозелена боја, рамен крој кој ја следи линијата на телото и должина до колената, тие детали се волуменозните ракави во ретро стил кои ѝ даваат доза на романтика на целата комбинација. На Брижит одлично ѝ прилегала и младешката фризура – коса врзана во полуреп која ги „одзема“ годините.

Ваквите фризура и избор на фустан биле во корист на 68-годишната прва дама на Франција бидејќи благодарение на нив, таа изгледала како девојка!

Популарно