(Фото) Ноктите на Кајли Џенер собра речиси 6 милиони лајкови

Најмладата припадничка на кланот Кардашијан-Џенер несомнено е меѓу водечките трендсетерки на планетата, па многу девојки бараат модна инспирација на нејзиниот Инстаграм профил. Сепак, една од најновите фотографии објавена од Кајли ги подели мислења за тоа дали донела добра одлука.

Риалити ѕвездата и деловна жена, која веќе некое време има екстремно долги нокти, го покажа својот нов маникир - портокалови и украсени со 3Д точки кои личат на меурчиња, односно изгледаат како да се испрскани.

Оваа фотографија на Кајли собра 5,7 милиони лајкови, но ако прашате модни експерти, не треба да се очекува ова да стане тренд. Покрај тоа, многумина ги споредуваат нејзините нови нокти со габична инфекција и велат дека младата трендсетерка можела и подобро.

Дали беа премогу сурови кон Кајли или не погледнете па преудете и сами:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner)

(Фото) Принцот Џорџ го слави 8-от роденден

Идниот крал денес полни осум години. Принцот Џорџ дефинитивно расте. Најстарото дете на војводата и војвотката од Кембриџ денес го слави својот осми роденден.

Во чест на големиот ден на Џорџ, Вилијам и Кејт споделија нова фотографија од не толку малиот принц.

Секоја година, мајката на принцот Џорџ, Кејт, војвотката од Кембриџ, прави нова фотографија од својот постар син и ја објавува за неговиот роденден. Оваа година не е исклучок.

На фотографијата, направена во Норфолк на почетокот на овој месец, Џорџ седи на автомобил во природа, облечен во поло маичка во пруги и морнарски шорцеви. Исто така има и широка, преслатка насмевка.

На почетокот на овој месец, принцот им се придружи на своите родители на финалето на Европското првенство, кога Англија играше против Италија на стадионот Вембли. Принцот Џорџ за таа пригода беше облечен во мал, симпатичен костум и вратоврска.

Тој не ги криеше своите емоции во текот на мечот, гушкајќи ги своите родители по првиот гол за Англија. Разочарувањето на младиот принц беше видливо кога Англија на крајот го загуби натпреварот.

(Видео) Нов документарец за венчавката на Чарлс и Дијана

Во јули 2021 година се одбележуваат 40 години од венчавката на принцот Чарлс и покојната Дијана, принцезата од Велс во 1981 година. Минатиот викенд, во пресрет на официјалната годишнина на 29 јули, беше објавен нов документарен филм на стриминг-платформата „Бритбокс“ (BritBox), кој вклучува внимателно реставрирани видео-снимки од историскиот ден.

Во најавата за „Свадбата на векот“ – документарен филм на заедничкиот стриминг- сервис на „Би-би-си“ и „Ај-ти-ви“ –  нараторката Анџела Рипон вели дека филмот потсетува на „денот што го маѓепса светот“и дека содржи „нечуени приказни раскажани од оние кои беа таму“.

„Кралските фанови ќе бидат особено возбудени кога ќе дознаат дека документарецоткористи убаво реставриран оригинален филм од венчавката, оживувајќи ја историјата како што никогаш порано не сте ја виделе“.

Возбудливиот долгометражен документарен филм дебитираше минатиот викенд на стриминг-платформата BritBox. Стримерот „Бритбокс“, заеднички потфат на „Би-би-си“ и „Ај-ти-ви“, е британски одговор на „Нетфликс“.

(Фото) Адел „уловена“ со заводникот кој жените ширум светот го обожуваат

Баш кога помисливме дека британската пејачка ќе признае дека е во врска со познатиот рапер, таа на некој натпревар се појавила со друг маж.

Веќе две години се шпекулираше дека пејачката Адел е во врска со британскиот рапер Скепт, инаку поранешно момче на Наоми Кемпбел, а парот пред неколку денови бил виден заедно на шопинг во Калифорнија.

Баш кога сите помислиле дека конечно ќе ја признаат својата љубов, таа сите ги изненадила кога на еден натпревар се појавила со друг маж.

Станува збор за Рич Пол, најпознатиот НБА агент и најдобриот пријател на Леброн Џејмс, а со Адел тој уживал во натпреварот.

Иако не разменувале нежности, постојано зборувале и се смееле, а тоа докажува дека им е пријатно додека се заедно.

Новинарот Брајан Виндхорст во својот поткаст за пејачката изјавил:

„Агентот Рич Пол ја доведе својата девојка на натпреварот. Неговата девојка е Адел. Ова е првпат заедно да се појават во јавност, така што тоа ќе ги преполни таблоидите, особено утре“.

Инаку, пејачката изгледала прекрасно во црната облека и долгиот капут за кој модните портали истакнуваат дека потсетува на стилот на Вивиен Вествуд, а Адел исто така носела и црна заштитна маска и многу златен накит.

Инаку, Рич Пол е многу популарен во светот на спортот и се истакнал како исклучителен агент, а неговото богатство се проценува на 100 милиони долари. 

Популарно