(Видео) Бритни Спирс кажа „ДА“

Музичката ѕвезда Бритни Спирс се вери со Сем Асгари. Таа го прифати предлогот за брак и оваа вест ја соопштија и на социјалните мрежи.

Во објавеното видео, пејачката го покажува свршеничкиот прстен со четири-каратен брилијант, на кој е изгравиран „Lioness“ (Лавица), односно прекарот на Сем за Бритни.

Погледнете како Бритни одлучи да ја соопшти радосната вест со своите обожаватели.

Спирс и нејзиниот поранешен личен тренер започнаа да се состануваат откако се запознаа на снимањето на спотот за „Slumber Party“ во 2016 година, а објавија дека се заедно на првиот ден од 2017 година.

Џенифер Анистон прави неочекувани постапки

Sвездата на „Утринското шоу“ нема да присуствува на доделувањето на наградите „Еми“ во недела (19 септември) и покрај тоа што специјалната средба на „Пријателите“ доби четири номинации. Анистон уште се прилагодува да биде повторно со други луѓе по неколку месеци карантин среде пандемија.

Во видео-разговор на „Џими Кимел лајф“, таа рече: „Не, нема да одам. Мислам дека Бен Винстон, нашиот продуцент и режисер кој ја состави целата работа ќе оди.“

“Ова е голем чекор за мене да бидам тука. Јас сега правам бебешки чекори.“

Во меѓувреме, 52-годишната актерка призна дека сака кога нејзиниот и ликот на Рис Витерспун во The Morning Show – Алекс Леви и Бредли Џексон – се расправаат бидејќи тоа таа и Рис имаат одличен пријателски однос во реалниот живот.

„Секогаш е забавно да се расправаш со Рис затоа што таа не е таква во реалноста. Таа е толку слатка и зрачи со енергија, како сонце,“ рече Џенифер.

Бритни Спирс прави пауза на социјалните мрежи по свршувачката

Американската поп sвезда Бритни Спирс најави дека прави пауза од социјалните мрежи за да ја прослави свршувачката.

39-годишната Бритни минатата недела објави дека ќе се омажи за нејзиното долгогодишно момче, а сега и свршеник, Сем Асгари.

Откако го избриша својот профил на Инстаграм, Спирс им рече на фановите на Твитер: „Не грижете се … наскоро ќе се вратам“.

Таа ги користеше своите профили на социјалните мрежи за да ги известува фановите за правната битка за ставање крај на 13-годишниот конзерваторски надзор, кој го контролира нејзиниот личен живот и финансии. Ваквиот надзор беше наметнат во 2008 година, кога се појави загриженост за нејзиното ментално здравје.

Според неколку американски портали, пејачката пред да го избрише својот Инстаграм-профил споделила објава на Инстаграм во која пишува: „Чекав 13 години за својата слобода“.

(Фото) Голема бела ајкула му правеше друштво на познатиот актер додека сурфаше кај Малибу

На прв поглед секој може да помисли дека е сцена од „Ајкула“, хорор-филм на Стивен Спилберг за огромна бела ајкула која тероризира мала крајбрежна заедница.

Но, сликата на заканувачка ајкула која кружи околу штицата за сурфање на холивудската sвезда Орландо Блум е всушност реална, а актерот го привлече вниманието додека се движел низ водите на Пацификот крај брегот на Малибу.

Блум (44) сурфал со пријател кога Карлос Гауна снимил клип со голема млада бела ајкула како се движи во водата под него.

Актерот го тагна, односно го означи Гауна – локален фотограф кој стекна слава на социјалните мрежи со неговите преубави фотографии од зајдисонце околу Малибу.

„Супер ден, човеку“, напиша Карлос на објавата на Орландо. „Имаше убав поглед на голема млада бела ајкула. Среќно за тебе! Нешто што никогаш нема да го заборавиш. Многу мирна ајкула која се лади во Малибу!“

Популарно