(Фото) Ријана и нејзиниот партнер со драматични модни комбинации на Мет Галата

Ријана и Ејсап Роки оставија силен впечаток кај присутните. 33-годишната пејачка, која честопати е нарекувана „Кралица на Мет Галата“, носеше волуменозен палто-фустан од Баленсијага.

Ексцентричната креација е дело на дизајнерот Демна Гвасалија. Темниот стајлинг славната музичарка го надополни со дијамантски ланчиња, бразлетни и обетки од на 267 карати од Bulgari и дијамантски прстен од Телма Вест.

Погледнете како го освоија вниманието на папараците и присутните. 

(Фото) Светски познатата пејачка се потсети на животот во Гостивар

Пејачката Бебе Реџа на Инстаграм објави фотографија со нејзината прабаба, направена во Гостивар, кога таа имала 4 години.

„Јас и мојата прабаба во Македонија“, напиша популарната пејачка.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Bebe Rexha (@beberexha)

Пејачката со албанско потекло е родена во Њујорк, а нејзините родители се од Дебар и Гостивар. Таа има американско и македонско државјанство и во јавноста често зборува за нејзиното потекло.

(Видео) Џенифер Анистон: „Не требаше да биде вака"

Холивудската глумица Џенифер Анистон не можела да ги задрже солзите за време на гостувањето во емисијата на нејзината долгогодишна пријателка, Елен Деџенерис.

Станува збор за последната сезона на ТВ шоуто на познатата водителка Елен Деџенерис, кое се емитува веќе 18 години, а 52 годишната глумица гостувала 19 пати.

Интересно е дека Џенифер била првата гостинка кај Елен. Сега се појави како посебна гостинка, а ѕвездата на серијата "Пријатели" со солзи во очите ѝ се заблагодари на водителката што ѝ овозможила да биде дел од нејзината емисија буквално од првиот ден.

"Што е ова? Ова не требаше да биде емотивно. По ѓаволите, не требаше да биде вака", се пошегувала Џен со солзи во очите.

"Уште не е ни почнато", рекла водителката, а Џенифер истакнала дека две години не гостувала во живо. "Не се шегувам, последниот пат кога бев на ваква сцена беше во твоето ток-шоу кога гостував кај тебе", рекла глумицата на што Елен ѝ возврати: "Знам".

Елен Деџенерис најави дека ова ќе биде последната сезона на шоуто после цели 18 години. Оваа вест осамна откако беше обвинувана поради "токсичното работно опкружување" во шоуто и токму поради тоа "Ворнер Брос" одлучи да го прекине шоуто на познатата водителка.

(Фото) Хари и Меган позираа за Тајм

Магазинот "Time" ги прогласи Меган Маркл и принцот Хари за највлијателни личности за 2021 година, а тие двајца по овој повод за првпат заедно позирале за насловната страна на новиот број на магазинот.

Текстот за Меган и Хари го напишал Хозе Андрес, со кој парот претходно работел на бројни хуманитарни акции. Токму нивната хуманост е главната тема на разговор за Тајм.

"Во свет во кој сите имаат мислење за луѓето кои нѐ познаваат, Меган и Хари имаат сочувство кон луѓето кои не ги познаваат", напишал Андрес додавајќи дека парот е фокусиран на работа, а не само на зборови.

Популарно