(Фото) Ѝ понудил 1 милион долари да абортира, а сега на синот му дал српско име

Еден од најдобрите НБА играчи, кошаркарот на Клиперс, Пол Џорџ, добил дете со Србинката Данијела Рајиќ. Српската Ким Кардашијан и славниот кошаркар добиле син и му го дале името Вук.

Данијела и Пол имаат две ќеркички, Оливија и Наташа, но нивната љубовна врска не секогаш била идилична. Тие двајца се запознале во Мајами во 2015-та година. Во тој период Данијела работела како стриптизета.

Се гледале неколку месеци пред да откријат дека таа е бремена. Пол Џорџ тврдел дека Оливија не е негово дете, но Данијела го тужела кошаркарот на суд. Со ДНК анализа било утврдено дека Џорџ е татко на девојчето.

Данијела потоа го тужела Џорџ бидејќи наводно ѝ понудил 1 милион долари за да абортира, но подоцна се откажала од тужбата.

Кошаркарот ѝ возвратил. Ја тужел убавата Србинка и барал тој да биде старетел на девојчето. Тие долго време се 'влечкале' по судови, па се договориле да го поделат старателството.

По некое време ја обновиле романсата и во ноември 2017-та година добиле уште една ќерка - Наташа. Данијела денес му е најголема поддршка на Џорџ.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Paul George (@ygtrece)

Падна во вода свадбата на Безос од 600 милиони долари!

Основачот на Амазон, Џеф Безос ги демантираше гласините дека ќе се ожени со Лорен Санчез на раскошна церемонија по Божиќ.

Во странските медиуми се прошири веста дека Безос наскоро се жени во Аспен и дека за венчавката ќе потроши околу 600 милиони долари (околу 576 милиони евра). Тој зборуваше за тоа.

На Икс, тој одговори на твитот во кој сподели напис за неговата наводна венчавка објавена од Њујорк Пост, кој цитираше извор на Дејли Мејл.

„Целата работа е целосно лажна – ништо од ова не се случува. Старата поговорка „не верувај се што читаш“ сега е повистинита од кога и да е. Лагите можат да го обиколат целиот свет пред да се дознае вистината. Затоа, бидете внимателни и не бидете лековерни“, напиша тој.

Уште две лица се под истрага за смртта на Лијам Пејн

На двајца вработени во хотелот „Касасур“ во Буенос Аирес, Аргентина, каде што, пред смртта, престојувал Лијам Пејн, им било кажано дека официјално се под истрага. Со тоа истрагата за неговата смрт се прошири на пет лица, пренесува аргентинскиот портал „Инфобае“ (Infobae).

Судијката Лора Брунијард донесе одлука истрагата за смртта на британскиот поп-рок пејач кој падна од третиот кат во хотелот да ја прошири со две лица, порачувајќи им да ангажираат адвокати и дека ќе треба да дадат изјави. Меѓу новоосомничените е рецепционерот Естебан Рејналдо Граси, кој се јавил на 911 кога се случила несреќата, а бил еден од тројцата мажи кои го носеле Лијам низ ходникот непосредно пред трагедијата.

Однесувањето на вработените и нивната одлука да не го остават пејачот во фоајето додека чекаат помош, покрена сомнеж. Вработените во хотелот ќе бидат сослушани следната недела, меѓу 17. и 19 декември, а наскоро се очекуваат и изјави од државните правобранители.

Инаку, три недели по смртта на поранешниот член на британскиот состав „Уан дајрекшн“ (One Direction), обвинителите ја отфрлија можноста за самоубиство како причина. Наводите говорат дека тој најверојатно бил во несвест кога паднал од балкон.

Популарно