„Игра со лигни“ (Squid Game) носи профит за онлајн продавачите во Кина

„Игра со лигни“ (Squid Game), која во моментов е најгледана серија на „Нетфликс“, сè уште не е официјално објавена во Кина, но компаниите во земјата се веќе зафатени со извлекување на сродни производи од хит-серијата за домашни и странски купувачи.

Костимите инспирирани од јужнокорејскиот трилер се размножуваат на платформите за е-трговија низ целиот свет, а многу од нив се произведуваат во Кина.

На Copupang, една од најголемите шопинг страници во Јужна Кореја, некои од најдобрите резултати од пребарувањето за сродни производи од серијата се наведени од компании со седиште во кинеските градови Гуангжу и Шенжен, како и провинцијата Анхуи, меѓу другите. Страниците на производите се полни со прашања од клиенти кои прашуваат дали продавачите можат да достават нарачки пред Ноќта на вештерките.

Слични понуди на производи, исто така, може да се најдат на Taobao, најголемата апликација за купување во Кина, како и на Alibaba.com. Со двете платформи управува „Алибаба груп холдинг“, сопственик на „Саут Чајна морнинг пост“.

Во дистописката драма со девет епизоди, која дебитираше на 17 септември, стотици натпреварувачи со долгови, облечени во идентични зелени тренерки, се соочуваат едни со други во серија традиционални детски игри. Победникот добива парична награда, додека сите губитници веднаш ги убиваат стражари облечени во црвени комбинезони и црни маски за лице.

Најновиот хит на „Нетфликс“ дистигна огромна популарност. Јужнокорејската серија е број еден серија по гледаност во преку 90 држави и е на пат да стане глобален феномен.

Ставете посолен лимон покрај креветот пред спиење - делува лековито

Се’ што треба да направите е да пресечете еден лимон на четири дела, да го ставите во чинија и да го посолите, па да го поставите веднаш до вашиот кревет.

Ова треба да го повторувате секоја вечер, a резултатот е неверојатен. Ова комбинација го олеснува дишењето, посебно за луѓето кои патат од асма, алергија или се настинати.

  • Лимонот ги одбива инсектите, меѓу кои и комарците
  • Нема засипнат глас наутро
  • Мислите наутро се побистри
  • Ќе се разбудите побрзо без кафе
  • Просторијата мириса свежо
  • Крвниот притисок се нормализира

(Видео) Риба изеде ајкула

Често гледаме како ајкулите јадат риба, но понекогаш се случува и обратното. Доколку не сте виделе риба како јаде ајкула, тогаш погледнете го ова видео.

Ова е снимано од страна на некои научници кои барале потонат брод од Втора Светска војна, кога во еден момент вниманието им го одзема неколку ајкули кои јадат мртва сабјарка.

Меѓутоа остануваат вчудоневидени во еден миг кога една риба ја изеде ајкулата и на која и се гледа само опашката.

Научниците откриваат дека вакви појави се многу ретки, и дека нуркачите кои истражуваат низ морскиот свет во океаните, може да видат вакво нешто само еднаш во животот, а понекогаш дури и е невозможно да се види ваква ситуација.

(Видео) Немилосрдна пресметка на девојки од Будва

Снимка од тепачка на две девојки од Будва ги шокирала корисниците на социјалните мрежи, а според наводите на некои медиуми на тепачката и претходела вербална расправа.

На снимката може да се види една девојка која ја врзува косата, додека друга и приоѓа и почнува тепачка. Двете се удирале, додека трета се обидувала да ги запре, но безуспешно.

Снимателот на настанот во еден момент рекол: “Ќе земеме милиони од Јутјуб“, и продолжил да снима, не обидувајќи се да ги раздвои. Причината за тепачката засега е непозната.

Популарно