(Фото) Тешка сообраќајка вечерва во центарот на Скопје

На аголот помеѓу булеварот „Партизански одреди“ и булеварот „Климент Охридски“ во центарот на Скопје, се случи страшна сообраќајна несреќа.

Тешка сообраќајна несреќа во центарот на Скопје кај Соборен храм. Судрени се повеќе возила на раскрсницата помеѓу булеварите „Паризански одреди“ и „Св. Климент Охридски“, а едно од возилата е удрено и во споменикот на свети Климент Охридски.

Во моментов на терен е полицијата која го регулира сообраќанот, но има и возило на брзата помош. Според информациите од медицинскиот тим повредено е 20-годишно момче.

Медицинска помош му е укажана на самото место, а според сведоците, по несреќата момчето лежело неподвижно.

Станува збор за судар на возила при што едното има видно оштетување во предниот дел. Поради врнежливото време, улиците низ градот се лизгави и на возачите, градските служби им препорачуваат внимателно возење.

По кратко боледување почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

По кратко боледување денеска во Скопје во 42 година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.

Долги години беше дел од редакцијата на Канал 5 од 2007 до 2018 година, каде работеше како уредник во информативната редакција. Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика.

Колегите ќе го паметат како добар новинар и голем другар.

Шок во мак-ракометот: Ненадејно почина Александар Јовиќ

Македонскиот ракомет остана без голем работник, затоа што ненадејно во текот на ноќта почина тренерот Александар Јовиќ.

Јовиќ почина на 51-годишна возраст, а последно работеше како тренер на македонскиот суперлигаш Пролет. Низ тренерската кариера беше асистент на Лино Червар во Металург, а самостојно го водеше и Металург 2 и Еурофарм Пелистер со кого стана шампион на Македонија.

Како играч, Јовиќ беше дел од Металург, Вардар, Пелистер, Преспа, Борец од Македонија, како и Болоња од Италија, Сплит од Хрватска, Апатин од Србија, и Слобода Тузла од БиХ.

Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале

На 06.01.2025 во 12 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 11:40 часот пред продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу Џ.Р.(23) и Д.Н.(39), двете од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Популарно