Ѓоковиќ не е уапсен, министерот уште не донел одлука

Новак Ѓоковиќ не е уапсен потврдуваат и австралиските власти и од австралискиот тениски сојуз. Одлуката на министерот за имиграција уште не е донесена. Тој има рок од четири часа.

Иако полициски сили влегле во зградата каде што е најдобриот тенисер на светот со своите адвокати, тој сè уште не е приведен, јавува добро информираниот новинар Пол Сакал, а тоа го потврди и за „The Age” за кој пишува, како и за „Сиднеј Морнинг Хералд”.

„Сиднеј Морнинг Хералд” пишува дека според четири владини и тениски извори, српскиот тенисер не е уапсен.

Истиот весник јавува дека во зградата во која се наоѓа Ѓоковиќ нема гранична или федерална полиција.

И покрај одлуката на судот, за депортација на Новак Ѓоковиќ одлучува министерот за имиграциско право, Алекс Хок.

Надал: Ѓоковиќ е најдобар во историјата на тенисот и тука нема што да се дискутира

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал изјави дека Србинот Новак Ѓоковиќ е најдобриот играч во историјата на тенисот според освоените титули.

– Бројките се бројки, а статистиката е статистика и во таа смисла неговите бројки се секако подобри од моите. Немам доволно големо его за да не ја прифатам реалноста таква каква што е. Ова е вистина. Останатото е прашање на вкус, инспирација, чувство, против кои можеби еден играч повеќе ви се допаѓа отколку друг. Што се однесува до титулите, Ѓоковиќ е најдобар во историјата и нема што да се разговара, изјави Надал.

Триесет и шестгодишниот Ѓоковиќ е апсолутен рекордер по бројот на победи на Грен слем турнирите во 21 век – 24. Има и 97 победи на АТП турнирите. Во моментов тој е првиот рекет на светот.

Една година повозрасниот Надал во кариерата има освоено 22 Грен слем титули во сингл.

Македонските фудбалери одиграа нерешено против европскиот првак Италија во евроквалификациите

Македонската фудбалска репрезентација вечерва пред 28.000 гледачи на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје одигра нерешено 1-1 (0-0) против Италија во рамки на групата Ц од квалификациите за пласман на ЕУРО2024.

Македонската репрезентација резервирано го почна натпреварот и од контранапади чекаше шанса, која дојде во 19 минута кога ударот со глава на Бојан Миовски заврши сантиметри крај стативата.

Актуелниот европски првак предводен од новиот селектор Лучијано Спалети го контролираше поседот на топката во првото полувреме и создаде неколку шанси за водство, од кои најидеалната ја имаше Сандро Тонали две минути по обидот на Миовски, но неговиот удар заврши во стативата.

Почетокот на второто полувреме донесе водство на Италија во 47 минута преку капитенот Чиро Имобиле кој со гол ја заврши акцијата во која Николо Барела ја погоди пречката.

По примениот гол „црвено – жолтите“ тргнаа во целосна офанзива и откако обидот од 17-ина метри на Елиф Елмас заврши крај стативата во 68 минута, израмнувањето го донесе капитенот Енис Барди со прекрасен гол од слободен удар во 81 минута, предизвикувајќи делириум на трибините.

До крајот на натпреварот македонската одбрана одолеа на италијанските напади за четврти бод во петтиот натпревар во евроквалификациите.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе ги продолжат евроквалификациите со гостување во Малта во вторник.

„Дрим-тим“ Србија ја демолираше и Канада за финале на Мундобаскетот!

Уште една феноменална партија, во „дрим-тим“ стил, на Србија за демолирање и на Канада во полуфиналето и пласман во финалето на Мундобаскетот 2023. Во уште една лекција на европската кошарка над НБА-кошарката, Србија со 95-86 ги совлада Канаѓаните за место во финалето.

Од самиот почеток на полуфиналната пресметка беше очигледно дека избраниците на Светислав Пешиќ, а водени од неверојатниот Богдан Богдановиќ, се цврсто решени да ја продолжат доминацијата на шампионатот.

По поведувањето со 8-1 а потоа добиената прва четвртина со 23-15 беше јасно дека се чекори на победничкиот пат. Со извонредна одбрана и запрени најголемите ѕвезди на Канада, се дојде до предност и од 52-39 на полувремето.

Во вториот дел се продолжи во ист сил, па Србија имаше и 17 поени предност во еден момент на крилјата на Богдановиќ, Милутинов, Добриќ, Амановиќ… за на крај да се почувствува тоталната немоќ на Канаѓаните кои на крај само успеаја да го ублажат поразот за 95-86.

Феноменалниот Богдан Богдановиќ со 23 поени и четири асистенции ја водеше Србија до триумфот, а Добриќ заврши со 16 поени. Берет беше најдобар кај Канада со 23 поени.

Во финалето Србија ќе се соочи со подобриот од втората полуфинална пресметка меѓу САД и Германија.

Популарно