(Фото) Едната нога на Хајди Клум е осигурена на повисока сума од другата

Германската убавица Хајди Клум во текот на гостувањето во емисијата на Елен Деџенерис објасни дека едната нога ѝ е осигурена на повисока сума од другата.

48-годишната манекенка во сегментот наречен „Хајди Бланкинг Клум“ ѝ кажа на Елен дека клиент ѝ направил полиса за осигурување од 2 милиона долари на нејзините нозе, а дека едната чини повеќе.

Германскиот супермодел рече дека едната нога ѝ е поскапа од другата додавајќи дека „чудни се работите што некои луѓе ги прават“.

Судијката на „Америка има талент“ алудира на претходна несреќа, во која ѝ била повредена едната нога.

„Кога бев млада, паднав на стакло и имам голема лузна“, рече Клум, која во емисијата носи розово здолниште и изгледа прекрасно како и секогаш.

„Ставив толку многу спреј-тен што не можете да ја видите во моментот“, се пошегува таа.

Откриена причината зошто некои сцени со Амбер Херд сe исфрлени од новиот „Аквамен“

Судската битка на Амбер Херд со Џони Деп воопшто не ѝ помага на нејзината кариера. По појавувањето во „Лига на правдата“ во 2017 година, а потоа го сними и хитот „Аквамен“, нејзината кариера сега стагнира.

Амбер е свесна за лошиот период во кариерата и тоа го потврди во сведочењето пред судот минатата недела.

Медиумите објавија дека некои нејзини сцени се отфрлени од продолжението на „Аквамен“, кое треба да излезе в година.

Главната улога ја има Џејсон Момоа, а Амбер беше веднаш покрај него. Но, според претставници на студиото „Ворнер брос“, тие драстично ги намалиле сцените со Амбер, а одлуката ја правдаат со тоа што меѓу Амбер и Џејсон нема никаква хемија иако тие глумат пар.

Многумина сметаат и дека студиото само се правда со наведената причина и дека главна причина е петицијата. Имено, на веб-страницата Change.org се собрани над 4,3 милиони потписи против Амбер. Со оваа петиција луѓето бараат Амбер да биде исфрлена од новиот „Аквамен“.

Вил Смит: Богатството не е доволно за среќа

Вил Смит гостуваше во шоуто на Нетфликс „На мојот следен гостин не му треба вовед“, чиј водител беше Дејвид Летерман. Шоуто беше снимено пред Оскарите, па не се зборуваше за инцидентот, а Смит го сподели своето искуство со дрогата и како дошло до неа“.

Летерман спомна анегдота од книгата на Смит во која тој го опишува разговорот со Џејмс Њутон Хауард, кој работел на музиката за филмот „Јас сум легенда“. Во разговорот беше споменато дека филмот заработил 77 милиони долари во првиот викенд од прикажувањето, на што Смит одговорил: „Се прашувам што можевме да направиме за да заработиме 80 милиони“.

„Во тој момент почнав да сфаќам дека тоа е суптилна болест. Кога се фокусирате на материјалниот успех, ништо не е доволно. Не сум разговарал со никого 14 дена. Тоа ми помогна да сфатам какво лудило се случува во мојата глава. Бев на врвот на материјалното богатство. Мислам дека природата на човештвото е да разбере дека материјалниот свет е недоволен за да ја одржи нашата среќа“, кажал Смит.

Тој исто така додал: „Невозможно е да го заштитите нашето семејство. Тоа е илузија. Безбедноста е илузија. Мора да научиме да живееме со сознанието дека сè може да исчезне за една секунда. Ако го знаеш тоа, како можеш да бидеш среќен?“, се запрашал Смит.

(Фото) Кортни Кардашијан и Тревис Баркер се венчаа во прекрасниот Портофино

Кортни Кардашијан и Тревис Баркер повторно се венчаа. Овој пат во Портофино, Италија. Откако легално се венчаа во Калифорнија на 15 мај, парот сега ја организираше свадбата на соништата на секој обожавател на Долче и Габана, пишува „VOGUE“.

Невестата носеше дизајниран „Dolce & Gabbana Alta Moda“ мини фустан од тантела и сатенски корсет инспириран од италијанската долна облека од 1960-тите, а сето тоа беше придружено со превез. Рачно извезени на превезот беа цвеќиња инспирирани од многуте медитерански градини на приморскиот град, како и приказ на Дева Марија. Религиозната иконографија, базирана на една од тетоважите на Баркер, е придружена со текст кој гласи „почитување на семејната лојалност“. Таа го стилизираше со пар ракавици од тул и штикли со чипка.

Дизајнирањето на моите фустани со Доменико и Стефано беше остварување на сонот во секој поглед“, изјави Кардашијан за Vogue. Црниот костум на Баркер го дизајнираше италијанската куќа.

Двојката ја забележа модната фотографка Елен Фон Унверт, која сними портрети од нивната венчавка.

Свадбата се одржа во Вила Оливета, дом на идиличниот имот на Доменико Долче и Стефано Габана.

Крис Џенер, Ким Кардашијан, Клои Кардашијан, Кендал Џенер и Кајли Џенер исто така беа таму за да ја прослават венчавката, заедно со Норт Вест и Сторми Вебстер.

Популарно