Најнови слободни работни места на KARIERA.mk

Оваа недела за најљубопитните издвојуваме кои беа најпосетените огласи за работа. KARIERA.mk секогаш соработува со проверени компании кои се во процес на пребарување на нови вработени. Разгледај ги опциите, можеби твоето ново работно место е токму меѓу нив.

DOUBLE TREE BY HILTON SKOPJE ве повикува да станете дел од нивниот тим:

ХИГИЕНИЧАР/КА 

КОЗМЕТИЧАР/КА

СОБАР/КА

КРИС И ТОМ е фирма која од 1990 година се занимава со увоз и дистрибуција на авто делови за патнички и моторни возила од повеќе светски брендови. Во моментов се во потрага по ВОЗАЧ-ДИСТРИБУТЕР (РЕОН ТЕТОВО-ГОСТИВАР)ВОЗАЧ-ДИСТРИБУТЕР (ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА) , КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА ТЕРЕН (СКОПСКИ РЕОН).

ИНФОСОФТ СИСТЕМС ДОО Скопје обезбедува ИТ производи на даватели на услуги, компании на ниво на претпријатија, како и на мали и средни големини. Во моментов има отворена работна позиција за MICROSOFT DYNAMICS NAV/D365 BUSINESS CENTRAL DEVELOPER.

KAM MARKET најголемиот синџир на маркети во Македонија кој ги применува основните принципи на хард дисконт: Висок квалитет и постојано ниски цени има отоврени работни позиции:

РАКОВОДИТЕЛИ НА МАРКЕТ, КАСИЕРИ, ПРОДАВАЧИ- СКОПЈЕ 

РАКОВОДИТЕЛИ НА МАРКЕТ, КАСИЕРИ, ПРОДАВАЧИ- СТРУМИЦА 

РАКОВОДИТЕЛ НА МАРКЕТ- КОЧАНИ 

ВОЗАЧ

РАБОТНИЦИ ЗА МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕ- СПРЕМАЧИ НА РОБА

ЗЕГИН ФАРМ првата приватна компанија во Република Македонија регистрирана за продажба  на лекови поради проширување на тимот има потреба од 

ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА

АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА - БИТОЛА 

ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / СКОПЈЕ 

АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА ЗА ОРТОПЕТСКИ ПОМАГАЛА - ТЕТОВО

Axapta Masters има отворени работни позиции во ИТ индустријата за следниве работни позиции:

HR MANAGER 

SOFTWARE DEVELOPER 

SYSTEM ADMINISTRATOR 

BUSINESS ANALYST INTERN 

RECRUITMENT SPECIALIST

SOFTWARE DEVELOPER - INTERNSHIP

KEMET Electronics со над 100 години технолошка иновација, помага да се направи широк спектар на производи во најбрзо проширувачките индустрии во светот. Во моментов има отворена работна позиција ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО.

Персонал ЛТД ДООЕЛ вработува ENGLISH SPEAKING TELEPHONE ASSISTANT Работете од дома, од канцеларија или комбинација од двете: вие избирате. Ги   повикуваме апликантите од кој било град во Македонија!

Даути Комерц- А.Д лидер во регионот и пошироко во микродистрибуција на производи за широка потрошувачка во моментв има отворени различни работни позиции кои може да ги погледнете ТУКА.

Тинекс малопродажен ланец на супермаркети кој веќе 24 години настојува на своите потрошувачи да им ги понуди најдобрите производи со врвен квалитет и по одлични цени. Тинекс вработува ТУКА

Singular е меѓународна компанија за игри и FinTech која континуирано се стреми да гради иновативни производи и да инспирира напредок низ целиот свет. Во моментов е во потрага по нови колеги на позицијата HEAD OF CUSTOMER SERVICE.

Религија.мк избира личност на годината на МПЦ-ОА

Религија.мк, годинава спорведува јавно гласање за избор на личност на годината меѓу владиците на МПЦ-ОА. На листата се сите архијереи, членовите на Синодот, викарните епископи и пенизионираните.

Гласањето трае до 09 јануари 2026 година.

За да гласате презетете го прашалникот од овој ЛИНК

. Зимата 2025–2026 ќе биде потопла од просекот, но со студени бранови и загаден воздух

Зимата што претстои се очекува да биде за околу еден степен потопла од повеќегодишниот просек, но со повремени студени бранови и изразена временска променливост, покажуваат најновите климатски очекувања. Според анализата на професорите Владо Спиридонов и Ивица Милевски, не се прогнозираат долготрајни екстремни студови, туку претежно умерено топло и динамично време.

Студени периоди со температури под нормалата се најавуваат од крајот на декември до средината на јануари, како и кон крајот на февруари. Во Скопје и Штип средните зимски температури ќе се движат меѓу 1 и 4 Целзиусови степени, додека на планините од 0 до -3 степени.

Според анализата, бројот на мразни денови ќе изнесува од 30 до 55 во низините и од 60 до 75 на планините. Ледените денови ќе бидат релативно ретки во низинските предели (од 5 до 15), но значително почести на планините, каде се очекуваат од 25 до 40 такви денови.

„Студени бранови со температури околу или под нормалните се најверојатни кон крајот на декември до средината на јануари и повторно кон крајот на февруари, но без сигнали за долготрајни или екстремни зимски студови“, наведуваат Спиридонов и Милевски.

Професорите предупредуваат и на зголемен ризик од магла и температурни инверзии во периоди со стабилно антициклонално време. Во вакви услови се очекува значително влошување на квалитетот на воздухот, особено во Скопската, Полошката и Струмичката котлина.

„Во целина, зимата 2025–2026 ќе биде потопла од просекот, динамична и со изразени краткотрајни зимски настани. Главните ризици ќе произлегуваат од временската променливост, кратките интензивни врнежни епизоди, снежните бури во планините и епизодите со многу лош квалитет на воздухот во котлините“, оценуваат климатолозите.

„Тошковски: Системот Безбеден град“ ќе регистрира прекршок при брзина од 57 км/ч во зона со ограничување од 50 км/ч

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја објасни примената на системот за видео-надзор „Безбеден град“, појаснувајќи како ќе се откриваат и евидентираат сообраќајните прекршоци со автоматски камери.

Според Тошковски, камерите нема да прикажуваат прекршок веднаш штом брзината ја надмине дозволената, туку ќе важат исти правила за толеранција како и кај класичните полициски радари. Тоа практично значи дека ако на место каде што е ограничено 50 км/ч, возилото се движи со 57 км/ч, системот ќе регистрира прекршок; додека доколку возите со 56 км/ч, нема автоматски да се констатира прекршок.

Тошковски појасни дека овие правила за толеранција, кои се веќе дефинирани во метролошките регулативи, ќе останат како што се досега и ќе се применуваат и преку „Безбеден град“. Тој додаде дека системот е усогласен со експертски мислења и има цел да обезбеди правично и правно издржано мерење на брзината. 

Министерот најави дека наскоро ќе биде пуштена дигитална платформа преку која граѓаните ќе можат да проверат на кои критични локации се поставени камерите за мерење на брзината и камерите за детектирање на минување на црвено светло, како и да ажурираат контакти поврзани со системот. 

Тошковски исто така наведе дека службените возила ќе бидат исклучок од автоматското регистрирање прекршоци само кога се во оправдани оперативни ситуации, но во други случаи ќе важат истите правила како за сите други учесници во сообраќајот. 

Проектот „Безбеден град“ е дел од пошироките напори за зголемување на сообраќајната безбедност и почитување на правилата на патот, со цел намалување на несреќи и жртви. 

Популарно