(Видео) Шакира објави нова песна, обожавателите мислат дека е посветена на Пике

Разделбата на Шакира и Пике им го уништи љубовниот живот, но затоа кариерата на пејачката е во подем.

Песната „Te Felicito“, која Шакира неодамна ја објави во дует со пејач од Порторико, со над 100 милиони прегледи на YouTube моментално е третата најпопуларна песна во светот.

Сепак, тоа не ги задоволи апетитите на пејачката, па во етер е уште една соработка, првата официјална песна што ја објави по раскинувањето со Жерар Пике.

„Don’t you Worry“ е резултат од соработката меѓу Шакира, Давид Гета и Блек Ајд Пис. И како и во претходниот музички хит, „детективите“ на социјалните мрежи во текстот пронашле одредени делови во нумерата кои се како создадени за случајот со Пике и наводното неверство.

„Го правам тоа што го сакам, бев падната но сега станав. Станувам сè помудра, сето тоа ќе биде во ред“, гласат дел од стиховите на новата песна.

Слушнете како звучи новиот хит:

Ал Пачино повторно ќе стане татко на 83 години

Ал Пачино чека дете со девојката Нур Алфалах (29), која е бремена во осмиот месец.

Оскаровецот и Алфалах се во врска од април 2022 година, а последен пат беа видени заедно минатиот месец во отмениот ресторан „Е Балди“ во Лос Анџелес, пишува Дејли Мејл.

83-годишниот Пачино, е татко на три деца со две сопруги: ги дели 22-годишните близнаци Оливија Пачино и Антон Џејмс Пачино со Беверли Д’Анџело и Џули Пачино со Јан Тарант.

Веста за бременоста се појави истиот месец кога и Роберт де Ниро објави дека го чека седмото дете со девојката Тифани Чен.

Парот се уште не открил дали ќе има син или ќерка, а идната мајка на неговото четврто дете е 54 години помлада од легендарниот актер.

Шварценегер: Брус Вилис ќе биде запаметен како голема ѕвезда

Арнолд Шварценегер има само пофални зборови за Брус Вилис.

Неодамна во интервју за „Синема бленд“ тој говореше за својот пријател и колега акциона ѕвезда.

Поранешниот гувернер на Калифорнија беше прашан дали Вилис мора да се пензионира поради неговото здравје.

„Мислам дека тој е фантастичен“, рече тој за Вилис.

„Брус секогаш, со години и години, беше огромна, огромна ѕвезда. И мислам дека ќе остане запаметен како голема, голема ѕвезда. И љубезен човек“.

Семејството на Вилис минатата година објави дека тој се повлекува од актерството затоа што му била дијагностицирана афазија, состојба што може да ја попречи способноста за комуникација.

„Разбирам дека според неговите околности, што се однесува на здравјето, тој мораше да се пензионира“, рече Шварценегер.

„Но, генерално, знаете, ние никогаш навистина не се пензионираме“, додаде тој. „Акциони херои, тие повторно се полнат, нешто како ресетирање“.

Вилис наполни 68 години во март.

Џони Деп ја скрши ногата

На враќање од Кан, Џони си го истегнал зглобот, или така мислел, додека не се испоставило дека го скршил

Имено, по враќањето Деп мислел дека си го шишал скочниот зглоб, но се утврдило дека станува збор за скрешница. Поради оваа причина, актерот мораше да ја одложи најавената турнеја со неговиот бенд „Hollywood Vampires“.

Со него во бендот свират Алис Купер и Џо Пири, а засега сите нивни планирани концерти се откажани.

И покрај тоа, актерот се надева дека по еден месец ќе се опорави и ќе биде подготвен за сцената.

Популарно