Сузана Манчиќ: Јас бев најплатена во историјата на Плејбој

Поранешната лото девојка, 65-годишната Сузана Манчиќ, се присети на своите додворувачи и фотографирањето за насловната страница на српското издание на Плејбој во 2004 година.

 Еден мој додворувач се правеше дека е Ромео, па се качи на балконот од мојата соба. Тоа беше навистина лудо! Се случуваше некои да спијат во мојот лифт додека ме чекаа да се вратам дома. Многумина ми оставаа цвеќе на автомобилот… – вели Сузана.

Водителката крена најголема прашина во јавноста кога позираше гола за насловната страница на српското издание на Плејбој во 2004 година.

- Околината ме осуди, но пријателите и членовите на семејството ми кажаа дека тоа е исклучителен едиторијал. И не бев целосно гола, имаше многу цвеќиња. Не смеам да ви кажам колку пари заработив од овие фотографии бидејќи сум должна да ја чувам оваа информација во тајност. Можам само да кажам дека бев најплатена во историјата на српското издание на Плејбој – изјави Манчиќ.

Падна во вода свадбата на Безос од 600 милиони долари!

Основачот на Амазон, Џеф Безос ги демантираше гласините дека ќе се ожени со Лорен Санчез на раскошна церемонија по Божиќ.

Во странските медиуми се прошири веста дека Безос наскоро се жени во Аспен и дека за венчавката ќе потроши околу 600 милиони долари (околу 576 милиони евра). Тој зборуваше за тоа.

На Икс, тој одговори на твитот во кој сподели напис за неговата наводна венчавка објавена од Њујорк Пост, кој цитираше извор на Дејли Мејл.

„Целата работа е целосно лажна – ништо од ова не се случува. Старата поговорка „не верувај се што читаш“ сега е повистинита од кога и да е. Лагите можат да го обиколат целиот свет пред да се дознае вистината. Затоа, бидете внимателни и не бидете лековерни“, напиша тој.

Уште две лица се под истрага за смртта на Лијам Пејн

На двајца вработени во хотелот „Касасур“ во Буенос Аирес, Аргентина, каде што, пред смртта, престојувал Лијам Пејн, им било кажано дека официјално се под истрага. Со тоа истрагата за неговата смрт се прошири на пет лица, пренесува аргентинскиот портал „Инфобае“ (Infobae).

Судијката Лора Брунијард донесе одлука истрагата за смртта на британскиот поп-рок пејач кој падна од третиот кат во хотелот да ја прошири со две лица, порачувајќи им да ангажираат адвокати и дека ќе треба да дадат изјави. Меѓу новоосомничените е рецепционерот Естебан Рејналдо Граси, кој се јавил на 911 кога се случила несреќата, а бил еден од тројцата мажи кои го носеле Лијам низ ходникот непосредно пред трагедијата.

Однесувањето на вработените и нивната одлука да не го остават пејачот во фоајето додека чекаат помош, покрена сомнеж. Вработените во хотелот ќе бидат сослушани следната недела, меѓу 17. и 19 декември, а наскоро се очекуваат и изјави од државните правобранители.

Инаку, три недели по смртта на поранешниот член на британскиот состав „Уан дајрекшн“ (One Direction), обвинителите ја отфрлија можноста за самоубиство како причина. Наводите говорат дека тој најверојатно бил во несвест кога паднал од балкон.

Популарно