Македонскиот јутјубер Стефан Лазаров ја пoкажа неверојатната трансформација

Познатиот македонски јутјубер, Стефан Лазаров, на својот Инстаграм профил објави фотографии од трансформацијата на своето тело, по што доби многу позитивни коментари од своите следбеници.

Инаку, Лазаров речиси секојдневно ги информираше, а воедно и ги мотивираше своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм за својата напорна работа на промената на неговиот физички изглед, но тој за тоа вели дека физичката промена за него не е најголемиот успех.

Лазаров на Инстаграм сподели две фотографии со своите следбеници, од кои едната е направена пред неколку месеци и другата е онаа на која трансформацијата на неговото тело е и повеќе од очигледна.

Лазаров под објавените фотографии напиша:

„Седам...размислувам што да пишам... а што би пишале вие на слика на која се гледа цела мака, убавина, промена и задоволство.. Лево го гледате дечкото кој постојано наоѓаше изговори.

Многу работа, јутуб, немам време, ај да пивнеме, ај од утре...а десно? Десно ја гледате најдобрата верзија од мене..

И не се радувам само за изгледот. Тоа е најнебитно во овој случај. На секое поле се подобрив. Продуктивноста, среќата, борбеноста, одговорноста, тие се сега моите најдобри пријатели. Сакам јавно да му кажам фала на мојот брат @pakigram кој ми го промени животот. Направи да се запознаам со шампионот во мене. И покрај сите приоритети и обврски , 135 дена бев како војник. Не промашив ниту еден ден, ниту еден саат, минута, секунда...

А сега е време за нови цели, нови визии, нови предизвици. Фала на сите што верувавте во мене и ме поддржувавте. Јас си го сменив животот, сега на ред е некој од вас“.

Падна во вода свадбата на Безос од 600 милиони долари!

Основачот на Амазон, Џеф Безос ги демантираше гласините дека ќе се ожени со Лорен Санчез на раскошна церемонија по Божиќ.

Во странските медиуми се прошири веста дека Безос наскоро се жени во Аспен и дека за венчавката ќе потроши околу 600 милиони долари (околу 576 милиони евра). Тој зборуваше за тоа.

На Икс, тој одговори на твитот во кој сподели напис за неговата наводна венчавка објавена од Њујорк Пост, кој цитираше извор на Дејли Мејл.

„Целата работа е целосно лажна – ништо од ова не се случува. Старата поговорка „не верувај се што читаш“ сега е повистинита од кога и да е. Лагите можат да го обиколат целиот свет пред да се дознае вистината. Затоа, бидете внимателни и не бидете лековерни“, напиша тој.

Уште две лица се под истрага за смртта на Лијам Пејн

На двајца вработени во хотелот „Касасур“ во Буенос Аирес, Аргентина, каде што, пред смртта, престојувал Лијам Пејн, им било кажано дека официјално се под истрага. Со тоа истрагата за неговата смрт се прошири на пет лица, пренесува аргентинскиот портал „Инфобае“ (Infobae).

Судијката Лора Брунијард донесе одлука истрагата за смртта на британскиот поп-рок пејач кој падна од третиот кат во хотелот да ја прошири со две лица, порачувајќи им да ангажираат адвокати и дека ќе треба да дадат изјави. Меѓу новоосомничените е рецепционерот Естебан Рејналдо Граси, кој се јавил на 911 кога се случила несреќата, а бил еден од тројцата мажи кои го носеле Лијам низ ходникот непосредно пред трагедијата.

Однесувањето на вработените и нивната одлука да не го остават пејачот во фоајето додека чекаат помош, покрена сомнеж. Вработените во хотелот ќе бидат сослушани следната недела, меѓу 17. и 19 декември, а наскоро се очекуваат и изјави од државните правобранители.

Инаку, три недели по смртта на поранешниот член на британскиот состав „Уан дајрекшн“ (One Direction), обвинителите ја отфрлија можноста за самоубиство како причина. Наводите говорат дека тој најверојатно бил во несвест кога паднал од балкон.

Популарно