Позната глумица Тони Колет во весник видела како сопругот ја изневерува

Австралиската глумица Тони Колет објави дека се разделува од својот сопруг музичар со кого е речиси 20 години, откако тој бил снимен како страсно се бакнува со друга жена на плажа во Сиднеј.

Дејв Галафаси, кој бил тапанар во инди рок бенд кога ја запознал ѕвездата на Хередитари, бил снимен вчера како се бања рано наутро со киропрактичарката Шенон Иган, пишува Дејли Меил.

Австралиски Дејли Мејл го контактирал менаџментот на Колет за спорните фотографии вчера попладне, а неколку часа подоцна таа објавила дека тие двајца се разделуваат. Тие ја споделиле веста во заедничко соопштение кое е објавено на нејзиниот реактивиран профил на Инстаграм.

„Со милост и благодарност објавуваме дека се разведуваме. Обединети сме во нашата одлука и се разделуваме со почит и грижа еден за друг“, се вели во соопштението. Тие истакнаа дека нивните деца им се од најголема важност и дека ќе продолжат да напредуваат како семејство, иако во поинаква форма.

Инаку, на фотографиите се гледа како 44-годишниот Галафаси ја гушка и бакнува 41-годишната Еган во морето и на песокот пред другите капачи. Парот пристигнал на плажата околу 7:30 часот, поминал 15 минути во морето, а потоа купиле кафе. Еден сведок изјавил дека парот бил „постојано еден врз друг“.

Неколку часа пред објавувањето на разводот, Колет објави криптична порака на Инстаграм во која пишуваше: „Без оглед на вашите моментални околности, ако можете да замислите нешто подобро за себе, можете да го создадете“.

Колет и Галафаси имаат две деца, на возраст од 14 и 11 години, а во последните години често поминуваат време меѓу Австралија и САД. Двојката се запознала во 2002 година на промоцијата на деби албумот на групата Галафаси Гелбисон во Сиднеј, а нивната втора средба се случила само неколку дена подоцна на домашна забава.

(Видео) Лажно видео на Тејлор Свифт како зборува мандарински стана вирално и во Кина

Американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт го привлече вниманието на своите кинески фанови оваа недела кога клип на кој зборува течно мандарински стана вирален на социјалните мрежи во Кина.

Во видеото објавено на популарната социјална платформа „Веибо“ 33-годишната пејачка се пофали со своите вештини за зборување мандарински во некаква емисија што изгледа како ток-шоу.

„Неодамна бев на многу места, како Италија, Франција и Јапонија“, вели Свифт на мандарински со благ американски призвук.Видеото беше споделено на 21 октомври и оттогаш има над шест милиони прегледи.

Во друго видео Свифт зборува за песни што се запоставени и како би сакала луѓето да ги чујат.

Сепак, Свифт својата способност да зборува на мандарински јазик ја должи на вештачката интелигенција.

Овие лажни видеозаписи биле генерирани со алатка на вештачка интелигенција од „Хејџен“ (HeyGen), кинески стартап, пренесува порталот „Чајна проџект“ (The China Project).

Движењата на усните се синхронизирани за да изгледа како да зборува на мандарински, а звучи како гласот на Свифт правејќи ги видеата толку реални што ги натера кинеските корисници на интернет да ја изразат својата вчудовиденост од технологијата, со коментари како: „Ова е прекрасно!“

Но, исто така поттикна дискусија за потенцијалните стапици што ќе се појават кога вештачката интелигенција ќе стане понапредна, како, на пример, појава на измами, губење работни места итн.

„Најстрашното нешто е некој да ја користи оваа технологија за да прави лажни вести – бидејќи вештачката интелигенција е способна да манипулира со гласот и движењето на устата – луѓето лесно ќе поверуваат“, напиша еден интернет-корисник.

Друг корисник на „Веибо“ напиша дека би било страшно АИ-технологијата (вештачката интелигенција) да служи за измами бидејќи криминалците може да ја користат за да мамат жртви за пари.

Видеогенераторот напојуван со вештачка интелигенција (алатка за генерирање видеа) им овозможува на корисниците да креираат видео со говорење – над 300 гласа на повеќе од 40 јазици – користејќи над 100 АИ-аватари од разни етнички групи, возраст, пози и облека.

Технологија како оваа предизвика загриженост за криминални примени на вештачката интелигенција. Оваа година измамник во северна Кина употребил лажна технологија за да убеди еден човек да му префрли пари на наводен пријател.

Измамникот користел технологија за замена на лица напојувана со вештачка интелигенција за да имитира пријател на жртвата во видеоповик. Човекот на крајот му префрлил приближно 4,3 милиони јуани.

Во јануари Кина воведе нови правила, кои бараат од бизнисите што нудат лажни услуги да ги добијат вистинските идентитети на своите корисници.

Според новите правила, секоја лажна содржина мора да биде соодветно означена за да се избегне забуна.

(Фото) Сталоне и Шварценегер ги воодушевија обожавателите

Холивудските актерски легенди, Арнолд Шварценегер и Силвестер Сталоне ги израдуваа обожаватели со фотографија на која позираат заедно.

-Роки и Терминатор, објавија на Инстаграм фотографија ја која подготвуваат тикви за Ноќ на вештерките.

-Јас и мојот пријател Арнолд поминуваме заедничко време во неговата неверојатна канцеларија резбајќи тикви со ножеви за преживување. Тоа е она што вистинските акциони момци го прават го своето слободно време, порача Сталоне.

Нивните легендарни филмски ликови се појавија заедно со филмовите „The Expendables“ и „Escape Plan“.

Вил Смит го прекина молкот за брачната драма

Вил Смит сподели дрска порака игнорирајќи ја објавената бомба од сопругата Џејда Пинкет Смит.

Вил јасно даде до знаење дека нема да се меша во драмата откога Џејда минатата недела откри дека живеат одвоено од 2016 година и дека не биле маж и жена кога тој му удри шлаканица на Крис Рок на сцената на „Оскарите“ минатата година.

Смит сподели видео на кое се гледа дека е на брод и ужива. Неговиот телефон вибрира со низа нотификации, но тој го игнорира сето тоа, лежи со затворени очи. „Забавен факт за мене – можам да дремнам речиси секаде“, вели тој.

„Ги исклучив нотификациите“, напиша тој покрај видеото. Многумина мислат дека алудира на хаосот што настана по изјавата на Џејда.

Луѓето останаа збунети од реакцијата на Вил, во која се чини дека се шегува за статусот на нивната врска.

Тој сепак се обиде да биде посериозен во врска со бомбастичните откритија на сопругата Џејда во нејзините претстојни мемоари „Ворти“.

Во е-пошта до „Њујорк тајмс“ оскаровецот вели дека книгата, на некој начин, го разбудила.

„Кога сте со некого повеќе од половина од вашиот живот, настанува еден вид емоционално слепило“.

Џејда во интервју за Ен-би-си минатата недела откри дека таа и нејзиниот сопруг живеат одвоено во последните седум години. Џејда мислела дека шлаканицата е шега. „Помислив: ова е скеч, нема шанси Вил да го удри. Дури кога тргна назад кон своето седиште, сфатив дека не е скеч“, додаде таа.

Популарно