Од денес сите огласи од ШПАРКАСЕ БАНКА ексклузивно на KARIERA.mk

Шпаркасе Банка е членка на австриската групација "Steiermaerkische Bank und Sparkassen" Graz, која претставува една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа. Групацијата опслужува повеќе од 2 милиона клиенти и околу 500 експозитури. Во Македонија групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе лизинг. Овие компании овозможуваат избор на широка палета на банкарски, лизинг и брокерски услуги.

Успехот на своите клиенти, вработени и придонес во општествената заедница е наша одговорност!

Со посветен и експертски тим, градиме доверба и долгорочно партнерство препознавајќи ги потребите на секој клиент – банка која ги исполнува очекувањата, ги почитува различностите и има еднаков третман за сите. Одговорното банкарско работење и стабилноста се наш приоритет. Иновативноста и агилноста се наша движечка сила. Бидејќи клиентите ни се на прво место, за подобра и навремена услуга на истите константно го прошируваме својот тим.

Моментално го прошируваме својот тим и како активно е следното работно место:

СОРАБОТНИК ЗА ОДНОСИ ЗА НАСЕЛЕНИЕ - СТРУМИЦА

Започна сезона 3:Магдалена Аневска во првата епизода на „На Каде Одиме?“ Marketing Director во Nova Solutions

Првиот гостин во новата сезона е Магдалена Аневска, Marketing Director во Nova Solutions, која ќе сподели како се креираат успешни маркетинг стратегии, како се гради силен бренд имиџ и како компаниите можат да ги користат AI алатките за подобри резултати.
Во разговорот, Магдалена зборува за:

- Зошто јасно дефинираните цели во маркетингот се клучни за успешен тим и компанијата.
- Практични примери за тоа како модерните компании ја применуваат стратегијата што ја прави разликата
- Како иновацијата и креативноста можат да го трансформираат маркетинг пристапот

Оваа епизода е полна со свежи идеи, практични совети и инспирација што може веднаш да ја примениш во својата кариера или бизнис.

🎧 Слушајте ја новата епизода денес и откријте како современиот маркетинг може да ви помогне да се истакнете, да растете и да направите вистинска разлика!
🎧 Епизодата е достапна на YouTube и Spotify:

Вработување во Клиничката болница Жан Митрев, Лидл и АРС Студио!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

УНИБанка опстојува 30 години на македонскиот банкарски пазар, која нуди широк спектар на продукти услуги насочени кон правниот и физичкиот сегмент. 

Моментално вработува:

РАКОВОДИТЕЛ НА ЕКСПОЗИТУРА СКОПЈЕ

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи.

Моментално вработува:

МАСТЕР ДАТА СПЕЦИЈАЛИСТ ВО ОДДЕЛ НАБАВКИ
КОПИРАЈТЕР / СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КРЕИРАЊЕ МЕДИУМСКА СОДРЖИНА
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ГРИЖА ЗА ПОТРОШУВАЧИ

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА АНГАЖИРАНОСТ НА ВРАБОТЕНИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА ТАЛЕНТИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА СИНЏИР НА НАБАВКИ
КОНСУЛТАНТ ЗА СВЕЖИ И ЗАМРЗНАТИ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ

Lear Corporation Macedonia компанија која се бави со производство на автомобилски навлаки и седишта во ТИРЗ - Тетово.

Моментално вработува:

ОПЕРАТОР ВО КРОЈАЧНИЦА

АРС Студио е креативно студио посветено на современ, функционален и естетски пристап во својата работа. Со тим од талентирани професионалци, студиото нуди иновативни решенија кои ги спојуваат уметноста, технологијата и практичноста. Без разлика дали станува збор за визуелен идентитет, архитектонски проект или дигитален дизајн, АРС Студио создава проекти што оставаат впечаток и носат реална вредност за клиентите. 

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖБА

Рамстор Македонија е една од водечките малопродажни синџири во земјата. Од своето основање во 2005 година, компанијата постојано расте и денес располага со широка мрежа на супермаркети и трговски центри низ цела Македонија. 

Сите огласи од Рамстор Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Пивара Скопје е водечки производител на пиво, безалкохолни пијалаци и вода, и горд партнер на светските брендови Coca-Cola и Heineken. 

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА БРЕНД МАРКЕТИНГ
 УНАПРЕДУВАЧ НА ПАЗАРОТ - ОХРИД

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа. 

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди. 

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА
ПОМОШНИК ВО СМЕТКОВОДСТВО (М/Ж)

Клиничката болница Жан Митрев на самиот почеток именувана како Специјална болница по хируршки болести „Филип Втори“ ги постави темелите на современите медицински услуги во 1999 година, по адаптирањето и реновирањето на еден изнајмен дел од Воена болница во Скопје.

Моментално вработува:

ДОКТОР НА МЕДИЦИНА - БИТОЛА

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. 

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

🎉 „На каде одиме?“ се враќа со третата сезона – инспирација, нови гости и свежи приказни секој четврток!

Нашиот подкаст „На каде одиме?“ се враќа со свежи приказни и нови гости кои ќе ве инспирираат и насмеат. Секоја епизода ќе биде достапна секој четврток во 19:00, па резервирајте го вашиот вечерен подкаст момент за разговори за кариера, личен развој и сите оние моменти кога се прашувате „на каде одиме?“. 😉

Првата епизода од сезоната се ближи, па внимавајте на најавата – нема да сакате да ја пропуштите. Подгответе се за совети, интересни приказни и моменти кои ќе ве мотивираат да размислувате за следните чекори во вашата кариера.

Следете нè и направете го четвртокот вашиот омилен ден во неделата! „На каде одиме?“ е тука да ве забавува, инспирира и придружува на секој чекор од вашиот професионален пат. 🚀

Во меѓувреме погледнете ги претходните сезони повторно Youtube и Spotify

Популарно