(Фото) Пике ја објави првата фотографија со новата девојка

Легендарниот шпански фудбалер Жерар Пике веќе не ја крие романсата со младата Клара.

Симпатичната Клара Чиа Мартин е цели 22 години помлад од долгогодишната партнерка на Пике, светската музичка ѕвезда Шакира.

Жерар Пике ја официјализираше врската со Клара Чиа Марти на социјалните мрежи седум месеци по раскинувањето со Шакира.

Шакира и Пике ја објавија својата разделба во јуни минатата година, по повеќе од 11 години врска во која добија два сина Милан (10) и Саша (7).

Мегапопуларната пејачка и славниот фудбалер на Барселона првпат ја потврдија својата врска во март 2011 година. Тие се запознаа на снимањето на нејзиниот спот за мундијалската песна „Вака Вака (Овој пат за Африка)“, која беше официјална песна на Светското првенство во фудбал во 2010 година.

Од нивното раскинување, кое на прв поглед беше мирно, следеа само немили случки. Шакира минатата недела објави „песна за одмазда“ во која јасно се осврнува на Пике во негативен контекст, а текстовите алудираа на тоа дека ја менува за нешто помалку вредно. Шакира јавно објавува дека се чувствува изневерено. Пред објавувањето на песната, во објава на Инстаграм напишана на шпански и англиски, пејачката напиша дека оние кои се изневерени „мора да продолжат“ да ја чуваат верата. „Дури и ако нашите рани се уште се отворени во оваа нова година, времето има раце на хирург“, напиша таа.

Поранешниот фудбалер сега ја сподели првата фотографија со својата нова девојка 23 годишната Клара со која наводно ја изневерувал пејачката.

Принцот Хари може да заврши во затвор

Заради тоа што користел дрога во минатото, принцот Хари може да остане без американска виза, пренесе „Page Six“. Хари за овој проблем искрено зборуваше во неговата книга со мемоари. Сепак голем број од фановите мислат дека нема да дојде до тоа и дека најлошо што може да се случи е да заврши во затвор.

„Признавањето дека користел дрога обично е причина да ги изгуби правата во Америка. Тоа значи дека визата би можела да му биде одбиена или укината, затоа што признал дека користел кокаин, печурки и други видови дроги“, рече бившиот сојузен обвинител Наема Рајмани.

Додаде и дека не постои посебен третман за членовите од кралското семејство.

За потсетување, прнцот во мемоарите призна дека бил зависен од алкохол и дека користел кокаин и марихуана. Хари тврдеше и дека како тинејџер пробал само кокаин, а дека како возрасен пробал голем број психоделици. Претходно месецов во интервју откри дека таквите дроги биле дел од неговиот живот некое време.

Медиумскиот магнат Руперт Мардок се сврши со Ен Лесли Смит

Руперт Мардок, претседател на корпорацијата „Фокс“, се сврши со Ен Лесли Смит, поранешна полицајка од Сан Франциско, потврди неговиот портпарол.

Доколку се венчаат, тоа ќе биде петти брак за 92-годишниот медиумски тајкун.

Мардок го финализира разводот од манекенката Џери Хол во август.

„Мардок и Смит (66) првпат се сретнаа во септември на неговото лозје Морага во Бел Ер, Калифорнија, а тој ѝ се јави две недели подоцна“, изјави портпаролот за „Њујорк пост“, кој ја објави веста за свршувачката.

„На 17 март во Њујорк, Мардок ѝ подари на Смит дијамантски прстен ‘солитер’. Тие ќе се венчаат кон крајот на летото“.

„Бев многу нервозен. Се плашев да се заљубам, но знаев дека ова ќе ми биде последно. Подобро да биде така. Среќен сум“ изјави Мардок за весникот.

Малку е веројатно дека венчавката на Мардок ќе ја промени сопственичката структура на бизнисите во кои тој има удели, вклучително и „Фокс корп“, матичната компанија на „Фокс њуз ченл“ и „Њуз корп“. Мардок ги контролира News Corp и Fox Corp преку семејниот труст со седиште во Рено, Невада, кој има приближно 40 отсто удел во акциите со право на глас на секоја компанија.

Богатството на Мардок, кој поседува голем број медиуми, вклучувајќи ги „Тајмс“, „Њујорк пост“, „Фокс њуз“ и „Волстрит џурнал“, се проценува на 17,7 милијарди долари.

Кејт Мидлтон морала да направи тестови за плодност пред венчавката

Том Квин фрла уште повеќе бомби за принцот и принцезата од Велс во својата нова книга „Позлатена младост: Историја на растење во кралското семејство“.

И кога сите мислеа дека доволна бомба е кога испливаа на површина ужасните кавги помеѓу принцот Вилијам (40) и Кејт Мидлтон (41) – каде што наводно дури и си фрлале работи еден на друг – сега е откриено уште нешто, што остави доста луѓе без текст.

Според Квин, имало неколку правила што Кејт и Вилијам морале да ги следат пред нивната голема кралска венчавка во Вестминстерската опатија во април 2011 година поради фактот што Кејт требало да биде невеста надвор од кралското семејство или аристократијата и во суштина се сметала како обичен човек.

А да се осигури дека Кејт може да раѓа деца било една од најголемите правила и, како што тврди авторот на книгата, Кејт морала да направи тестови за плодност пред да се омажи за Вилијам.

„Тие секогаш сè прават за да се осигури дека идната кралица ќе може да има деца“, пишува Квин. „Ако Кејт не беше плодна, нема сомнеж дека бракот немаше ад биде склучен“.

Авторот исто така додава дека принцезата мора точно да знаела што се случува, но дека таа не е, ниту некогаш била бунтовничка.

Книгата открива дека и принцезата Дијана, мајката на Вилијам, морала да помине низ слични тестови пред да се омажи за тогашниот принц Чарлс во 1981 година.

„Веќе знаеме дека можноста да забремени и да раѓа наследници на тронот е толку важна во кралското семејство. И веќе знаеме дека принцезата Дијана беше помлада и имаше поголеми шанси да му даде наследници на идниот крал Чарлс, всушност ова беше една од главните причини што тој избра да се ожени со неа наместо со својата вистинска љубов, Камила“.

Квин го спомнува тестирањето на покојната принцеза Дијана: „Дијана се пожали во куса средба со сегашниот автор (алудирајќи на себе) и со сета наивност мислела дека нејзините предбрачни прегледи се поврзани со општото здравје, дури подоцна сфатила дека била тестирана за плодност. „Бев толку наивна што во таа фаза се согласував со сè“, рекла принцезата Дијана.

Популарно