KARIERA.mk номинирана на Ecommerce Awards 2022

Чест ни е да објавиме дека KARIERA.mk e номинирана на овогодинештите Ecommerce Awards 2022!

Номинирани сме во следниве категории:

  • Е-трговец со најдобро искуство за е-плаќање
  • Е-трговец со најдобра грижа за корисници
  • Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми
  • Е-продавница за услужни дејности на годината
  • E-продавница за култура, настани и едукација на годината
  • Е-трговец на годината
  • Најпопуларна е-продавница

Секој ваш глас ни значи! KARIERA.mk ќе продолжи со креирање на нови продукти и услуги преку кои секогаш се труди да биде централно место кое ќе ви помогне да напредувате во вашиот професионален развој.

Гласајте ТУКА за KARIERA.mk доколку ја подржувате нашата мисија за напредок и усовршување на услугите, проектите за да бидеме подостапни за сите вас со најактуелните работни места, стипендии и обуки!

Прозорците ќе светнат со овој мал трик за чистење на стакло

Можеби сте навикнати да отстранувате разни дамки од прозорците со хемикалии кои се специјално дизајнирани за тоа, но пред да ги користите, не би било лошо да пробате еден трик. Особено ќе ви одговара ако сте останало без средство за чистење стакло.

Дамките на прозорците остануваат од различни причини.

Отпечатоците од прсти, капките дожд и трагите од бришење се особено видливи во сончевите  денови.

Доколку не се користат посебни средства, за чистење најчесто се користи алкохолен оцет, но и тоа не е трикот за кој зборуваме.

Се советува да користите омекнувач за бришење на прозорците. Освен тоа, потребни ви се само вода и крпа.

Само наполнете три четвртини од поголем сад со топла вода и ставете половина капаче од омекнувачот за облека во него.

Ако течноста изгледа кремасто, слободно додадете уште вода.

За бришење најдобро би било да користите крпа од микрофибер или магична крпа. Наводно, омекнувачот го спречува лепењето на прашината на прозорците, одржувајќи ги подолго чисти.

(Фото+Видео) Заробен во тело на бебе – има 27 години и 59 сантиметри

Манприт Синг е уникатен маж кој ина 27 години, висина од само 59 см и тежок е девет килограми.

И покрај изгледот, Манприт Синг е роден во 1995 година. Овој млад Индиец од Пенџаб дојде на овој свет со многу ретка состојба, која му го запре растот на 6-месечна возраст, правејќи го да изгледа како 2-годишно бебе.

Изненадувачки, за разлика од многу други лица со физички предизвик во Индија, Манприт се смета за бог и е обожуван од селаните. Луѓето доаѓаат од сите страни за да го сретнат, дури и да го допрат, мислејќи дека тој е реинкарнација на хинду бог.

Семејството на Манприт е многу сиромашно и никогаш не можело да си дозволи детални здравствени прегледи кои точно би ја утврдиле неговата состојба.

Но, со оглед на неговата градба, големи раце, големи стапала и полабава кожа, веројатно овој Индиец боледува од Ларонов синдром.

Луѓето кои страдаат од оваа ретка генетска болест не можат да произведуваат хормони за раст. Лекарите од целиот свет ја дадоа истата дијагноза од далеку, откако слушнаа како другите зборуваат за случајот на Манприт.

Покрај физичките ефекти, неговата состојба го спречила да се развие психички. На 27 години, младиот човек сè уште има ментална возраст како бебе и не може да зборува. Комуницира само преку крик и плачење.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурата наутро ќе биде од 0 до 7, а во текот на денот од 11 до 21 Целзиусов степен.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер.

Температурата во текот на денот ќе се искачи до 21 Целзиусов степен.

Популарно