(Фото) Внукот ќе го игра Мајкл Џексон во биографскиот филм за кралот на поп музиката

Џафар Џексон доби улога на неговиот покоен чичко, Мајкл Џексон, во претстојниот биографски филм кој ќе го документира животот на поп пејачот.

Џафар, кој е син на Џермејн, братот на Мајкл Џексон е најавен како дел од актерската екипа на филмот.

Антоан Фукуа, кој го режира биографскиот филм „Мајкл“, рече дека е „горд што го најавува Џафар како Мајкл и дека тоа е кинематографски настан што го истражува патувањето на човекот кој стана крал на попот“.

Датумот на премиера на „Мајкл“ сè уште не е објавен, но Фукуа напиша дека „доаѓа наскоро“.

Џафар на социјалните мрежи напиша:

„Чест ми е што можам да ја оживеам приказната на мојот чичко Мајкл. До сите фанови ширум светот, се гледаме наскоро“.

Падна во вода свадбата на Безос од 600 милиони долари!

Основачот на Амазон, Џеф Безос ги демантираше гласините дека ќе се ожени со Лорен Санчез на раскошна церемонија по Божиќ.

Во странските медиуми се прошири веста дека Безос наскоро се жени во Аспен и дека за венчавката ќе потроши околу 600 милиони долари (околу 576 милиони евра). Тој зборуваше за тоа.

На Икс, тој одговори на твитот во кој сподели напис за неговата наводна венчавка објавена од Њујорк Пост, кој цитираше извор на Дејли Мејл.

„Целата работа е целосно лажна – ништо од ова не се случува. Старата поговорка „не верувај се што читаш“ сега е повистинита од кога и да е. Лагите можат да го обиколат целиот свет пред да се дознае вистината. Затоа, бидете внимателни и не бидете лековерни“, напиша тој.

Уште две лица се под истрага за смртта на Лијам Пејн

На двајца вработени во хотелот „Касасур“ во Буенос Аирес, Аргентина, каде што, пред смртта, престојувал Лијам Пејн, им било кажано дека официјално се под истрага. Со тоа истрагата за неговата смрт се прошири на пет лица, пренесува аргентинскиот портал „Инфобае“ (Infobae).

Судијката Лора Брунијард донесе одлука истрагата за смртта на британскиот поп-рок пејач кој падна од третиот кат во хотелот да ја прошири со две лица, порачувајќи им да ангажираат адвокати и дека ќе треба да дадат изјави. Меѓу новоосомничените е рецепционерот Естебан Рејналдо Граси, кој се јавил на 911 кога се случила несреќата, а бил еден од тројцата мажи кои го носеле Лијам низ ходникот непосредно пред трагедијата.

Однесувањето на вработените и нивната одлука да не го остават пејачот во фоајето додека чекаат помош, покрена сомнеж. Вработените во хотелот ќе бидат сослушани следната недела, меѓу 17. и 19 декември, а наскоро се очекуваат и изјави од државните правобранители.

Инаку, три недели по смртта на поранешниот член на британскиот состав „Уан дајрекшн“ (One Direction), обвинителите ја отфрлија можноста за самоубиство како причина. Наводите говорат дека тој најверојатно бил во несвест кога паднал од балкон.

Популарно