(Видео) Ангел Џамбаски: Tоа што се случува на границата е срам

Се огласи бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски од Благоевград каде што присуствуваше на чествувањето на Гоце Делчев, преку видео порака објавена на социјалната мрежа Фејсбук, во кое пак потенцира дека тоа што се случувало на граничните премини со Северна Македонија било „апсолутен срам“. 

– Ги запираат бугарските граѓани, ги задржуваат, ги малтретираат. Тактиката не е да ги запрат луѓето, затоа што немаат причина за тоа, но сосема спокојно можаат да задржуваат автомобили и автобуси по неколку часа, само за безсрамно да ги задржуваат. Вашите колеги, но и бугарите кои се на границата, ми кажаа дека нема утврдено време во кое бугарската делегација ќе положи цвеќе. Тоа е невиден срам, изјави Џамбаски.

Во видеото Џамбаски не пропушти повторно да ја негира македонската држава.

Целото виде погледнете го ТУКА

OJO со детали за убиството во Капиштец: Пијан пукал во арачиновецот па со кундакот го удирал по главата

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во казино на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, каде едно лице беше лишено од живот утринава.

Според првичните сознанија, починатиот маж на возраст од 46 години, во казиното пристигнал заедно со уште три лица, во видно алкохолизирана состојба. Извесно време играле на апаратите, а потоа жртвата започнал да се расправа и да се турка со едно од лицата со кои бил заедно во казиното. Другите двајца се обиделе да ги раздвојат, но осомничениот извадил пиштол и неколкупати пукал во оштетениот. Потоа со кундакот од пиштолот го удрил повеќе пати во пределот на главата. Жртвата им подлегнала на повредите на лице место. Се трага по лицето за кое постои сомнение дека го извршило убиството.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Ќе се врши вештачење на траги и докази подигнати од лице место и ќе се разговара со сведоци на настанот. Обезбедени се снимки од видео надзорот на објектот.​

Бектеши: Со РКЕ работиме по 1 јули да се врати евтината дневна тарифа за струјата

Заедно со Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) работиме во насока да се врати евтината дневна тарифа за електрична енергија од 1 јули годинава, имајќи го предвид зголеменото производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија каде пиковите главно се преку ден, посочи денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-Со тоа би можело да имаме вишоци на електрична енергија во текот на денот во периодот од мај па до октомври, рече Бектеши во одговор на прашање по денешната изјава пред Владата.

Нагласи дека веќе ја има анализата за справувањето со енергетската криза, но додаде дека директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски во текот на наредната недела ќе ги каже подробностите на прес-конференција.

-Колку што сум информиран на почетокот на идната недела ќе има детална презентација. Можам да кажам дека најдобро се справивме во регионот со најмалку потрошени пари, но и во делот на немање рестрикции и во делот на цената на електричната енергија за домаќинствата, потенцира Бектеши.

Таткото на Јана: На мониторот за ЕКГ имаше само линија, не знам дали ќе ја заборавам таа слика

Како што гледав преку стаклата на мониторот за ЕКГ, беше само линија, низ солзи објаснува таткото на малата Јана за Сител.

- Пробаа со адреналин, не знам со што друго, ја масираа на градите, не знам дали ќе ја заборавам таа слика. Да си го гледаш детето како ти умира пред очи, а не може ништо да направиме, кажа Стојче.

Популарно