Кејт Мидлтон морала да направи тестови за плодност пред венчавката

Том Квин фрла уште повеќе бомби за принцот и принцезата од Велс во својата нова книга „Позлатена младост: Историја на растење во кралското семејство“.

И кога сите мислеа дека доволна бомба е кога испливаа на површина ужасните кавги помеѓу принцот Вилијам (40) и Кејт Мидлтон (41) – каде што наводно дури и си фрлале работи еден на друг – сега е откриено уште нешто, што остави доста луѓе без текст.

Според Квин, имало неколку правила што Кејт и Вилијам морале да ги следат пред нивната голема кралска венчавка во Вестминстерската опатија во април 2011 година поради фактот што Кејт требало да биде невеста надвор од кралското семејство или аристократијата и во суштина се сметала како обичен човек.

А да се осигури дека Кејт може да раѓа деца било една од најголемите правила и, како што тврди авторот на книгата, Кејт морала да направи тестови за плодност пред да се омажи за Вилијам.

„Тие секогаш сè прават за да се осигури дека идната кралица ќе може да има деца“, пишува Квин. „Ако Кејт не беше плодна, нема сомнеж дека бракот немаше ад биде склучен“.

Авторот исто така додава дека принцезата мора точно да знаела што се случува, но дека таа не е, ниту некогаш била бунтовничка.

Книгата открива дека и принцезата Дијана, мајката на Вилијам, морала да помине низ слични тестови пред да се омажи за тогашниот принц Чарлс во 1981 година.

„Веќе знаеме дека можноста да забремени и да раѓа наследници на тронот е толку важна во кралското семејство. И веќе знаеме дека принцезата Дијана беше помлада и имаше поголеми шанси да му даде наследници на идниот крал Чарлс, всушност ова беше една од главните причини што тој избра да се ожени со неа наместо со својата вистинска љубов, Камила“.

Квин го спомнува тестирањето на покојната принцеза Дијана: „Дијана се пожали во куса средба со сегашниот автор (алудирајќи на себе) и со сета наивност мислела дека нејзините предбрачни прегледи се поврзани со општото здравје, дури подоцна сфатила дека била тестирана за плодност. „Бев толку наивна што во таа фаза се согласував со сè“, рекла принцезата Дијана.

Падна во вода свадбата на Безос од 600 милиони долари!

Основачот на Амазон, Џеф Безос ги демантираше гласините дека ќе се ожени со Лорен Санчез на раскошна церемонија по Божиќ.

Во странските медиуми се прошири веста дека Безос наскоро се жени во Аспен и дека за венчавката ќе потроши околу 600 милиони долари (околу 576 милиони евра). Тој зборуваше за тоа.

На Икс, тој одговори на твитот во кој сподели напис за неговата наводна венчавка објавена од Њујорк Пост, кој цитираше извор на Дејли Мејл.

„Целата работа е целосно лажна – ништо од ова не се случува. Старата поговорка „не верувај се што читаш“ сега е повистинита од кога и да е. Лагите можат да го обиколат целиот свет пред да се дознае вистината. Затоа, бидете внимателни и не бидете лековерни“, напиша тој.

Уште две лица се под истрага за смртта на Лијам Пејн

На двајца вработени во хотелот „Касасур“ во Буенос Аирес, Аргентина, каде што, пред смртта, престојувал Лијам Пејн, им било кажано дека официјално се под истрага. Со тоа истрагата за неговата смрт се прошири на пет лица, пренесува аргентинскиот портал „Инфобае“ (Infobae).

Судијката Лора Брунијард донесе одлука истрагата за смртта на британскиот поп-рок пејач кој падна од третиот кат во хотелот да ја прошири со две лица, порачувајќи им да ангажираат адвокати и дека ќе треба да дадат изјави. Меѓу новоосомничените е рецепционерот Естебан Рејналдо Граси, кој се јавил на 911 кога се случила несреќата, а бил еден од тројцата мажи кои го носеле Лијам низ ходникот непосредно пред трагедијата.

Однесувањето на вработените и нивната одлука да не го остават пејачот во фоајето додека чекаат помош, покрена сомнеж. Вработените во хотелот ќе бидат сослушани следната недела, меѓу 17. и 19 декември, а наскоро се очекуваат и изјави од државните правобранители.

Инаку, три недели по смртта на поранешниот член на британскиот состав „Уан дајрекшн“ (One Direction), обвинителите ја отфрлија можноста за самоубиство како причина. Наводите говорат дека тој најверојатно бил во несвест кога паднал од балкон.

Популарно