Сопругите на Звицер, Веља невоља и Месарот главни мафијашки

Криминалните кланови во Србија и во Црна Гора за своите активност се повеќе користат жени. Така беше за убиството на Ранко Ескобар, а Кавачкиот и Шкаљарскиот клан веќе на повисоки позиции ги имаат сопругите на Звицер, Беливук и Миљковиќ.

Тамара Звицер (38), сопруга на избеганиот водач на Кавачкиот клан Радој Звицер, која е вешт со оружје и не се двоуми да го употреби, како кога пред неколку во Киев кога пукаше во атентаторите на нејзиниот сопруг.

Тука се и сопругите на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ: Бојана Беливук (40) и Тања Миљковиќ (38).  Против нив се води финансиска истрага поради основано сомнение дека ги переле парите на кланот Веља Невоља.

Швеѓаните даваат 2.000 евра плата, а нема да работите ништо

Ако ви се допаѓа идеата да добивате плата, а да не работите ништо, можеби би требало да го погледнете овој оглас за работа во Шведска.

Уметничкиот проект, кој е финансиран од Владата, има за цел да усреќи еден кандидат и да го вработи во Гетеборг. Се што треба да направи вработениот е да се појави на железничката станица во определено време и да го вклучи осветлувањето.

Потоа може да прави што сака, но на крајот од смената повторно треба да се појави и да го исклучи.

Она што е најинтересно е тоа дека оваа работа ќе биде загарантирана до пензионирање со плата од 2000 евра, но секако ќе има и годишни зголемувања, годишен одмор и пензиски фонд.

Популарно