25-годишна девојка загина во сообраќајка на патот Битола - Кичево

Вчера попладне во 16:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Кичево кај местото викано „Бели мост” се случила сообраќајна незгода во која животот го загуби Ј. Г. (25 г.) која живее во демирхисарското село Белче.

Од СВР-Битола вчера соопштија дека во сообраќајната незгода учествувало патничко моторно возило марка „мерцедес” со демирхисарски регистарски ознаки управувано од Б.Г.(33) од селото Белче, демирхисарско, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во незгодата од здобиените повреди починала на лице место сопатничката Ј.Г.(25) од село Белче каде од страна на Итна медицинска помош е констатирано смрт, а кај малолетен сопатник кој е пренесен во Клиничката Болница-Битола констатирани се тешки телесни повреди.

Увидот е извршен од страна на увидната екипа на СВР Битола, а од страна на јавен обвинител издадена е наредба врз телото на починатата да се изврши обдукција.

По кратко боледување почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

По кратко боледување денеска во Скопје во 42 година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.

Долги години беше дел од редакцијата на Канал 5 од 2007 до 2018 година, каде работеше како уредник во информативната редакција. Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика.

Колегите ќе го паметат како добар новинар и голем другар.

Шок во мак-ракометот: Ненадејно почина Александар Јовиќ

Македонскиот ракомет остана без голем работник, затоа што ненадејно во текот на ноќта почина тренерот Александар Јовиќ.

Јовиќ почина на 51-годишна возраст, а последно работеше како тренер на македонскиот суперлигаш Пролет. Низ тренерската кариера беше асистент на Лино Червар во Металург, а самостојно го водеше и Металург 2 и Еурофарм Пелистер со кого стана шампион на Македонија.

Како играч, Јовиќ беше дел од Металург, Вардар, Пелистер, Преспа, Борец од Македонија, како и Болоња од Италија, Сплит од Хрватска, Апатин од Србија, и Слобода Тузла од БиХ.

Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале

На 06.01.2025 во 12 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 11:40 часот пред продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу Џ.Р.(23) и Д.Н.(39), двете од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Популарно