Шерон Стоун првпат проговори за ужасните семејни трагедии

Шерон Стоун го загуби својот сакан брат во февруари од ненадеен и фатален срцев удар. Братот на познатата актерка година ипол пред смртта го загуби синот Ривер, кој имал 11 месеци.

„Се’ што се случи беше премногу. Ваквите работи те уништуваат“, изјави Шерон за „Дејли Мејл“.

Губењето на членовите на семејството за ѕвездата од „Ниски страсти“ е нешто со што ќе мора да се справува до крајот на животот.

„Во тесно сум секој нов ден. Само се обидувам да разберам што се случило“, додава Стоун.

Актерката додава дека во текот на животот често се соочувала со големи загуби и смрт, пред се затоа што била амбасадор во кампањата за борба против сидата.

„Бидејќи долго време работев со заболени од СИДА, бев во постојан контакт со смртта. Ваквите работи ви го кршат срцето“, додава таа.

Шерон Стоун, по загубата на својот брат и внук, на неодамнешниот хуманитарен настан за борба против ракот на дојката изјави дека половина од парите што ги заработила во текот на кариерата ги изгубила поради колапсот на двете најголеми банки во Америка.

ВИДЕО: Продавач нокаутираше купувач со еден удар!

Видеото снимено од безбедноса камера од маркет во Москва  пренесува  неверојатна сцена кога работник нокаутирал купувач кој потоа целосно изгбил свест.

Како што се наведува, купувачот не сакал да плати одредени артикли и ја навредил касиерката. Тогаш вработениот Фикрет А. изреагирал, а му бил доволен само еден удар.

Несреќниот купувач после ударот воопшто не мрдал, бил во бесознание.

Интересно е што никој од купувачите не реагирал на ваквото однесување на работникот.

И покрај се, работникот и понатаму е вработен во овој ланец супермаркети, а купувачот е во болница.

Популарно