Овие три цвеќиња штитат од болести, носат среќа, успех и љубов во домот

Иако јајцата се најголемиот симбол на Велигден, а свеќите имаат многу важна улога, цветовите имаат многу важно место во празнувањето на Велигден, еден од најрадосните христијански празници.

Давањето јајца симболизира нов живот, додека цвеќињата имаат посебно значење. Меѓутоа, во недела, според едно старо верување, важно е на масата да имате една од следните три или букет направен од нив.

Момина солза

Момината солза го симболизира враќањето на среќата и чистотата на срцето. Според традицијата, се верува дека солзите на Богородица пред крстот на Исус Христос се претвориле во цвет од момина солза. Од друга страна, една легенда исто така вели дека цветот бил создаден од солзите на Ева кога таа морала да ја напушти рајската градина.

Во старите времиња, момчињата и девојчињата береле момина солза, бидејќи верувале дека носи среќа во љубовта. Исто така, овие опојни цвеќиња беа подарени на празникот на младото сонце, во месец мај. Оттогаш, потекнува и фразата дека младоста брои години по момината солза, а староста по зимите.

Јоргован

Јоргованот комбинира кралско, достоинствено однесување, страстен, речиси опоен мирис и сепак успева да ја задржи својата вродена нежност и невиност. Тоа е важен симбол на милосрдие и безусловна љубов. Овој прекрасен цвет е директно поврзан со надежта, верата, плодноста и раѓањето и често се нарекува „рајски цвет“.

Лале

Лалето отсекогаш се сметало за симбол на убавина, раскош и богатство, слава. На прв поглед, лесно е да се поврзе овој цвет со изобилство, гордост и амбиција, а бидејќи е и растение кое ја најавува пролетта – во него ја гледаме и сликата на секој нов почеток. Доколку го изберете да ја украси вашата празнична велигденска трпеза, ќе имате силен знак на успех.

Бисер на Медитеранот со пониски цени од Македонија!

Можеби звучи неверојатно, но постои место на Медитеранот, кое е дел од ЕУ, кое има навистина што да понуди, а со далеку пониски цени од повеќето градови во Македонија. Станува збор за еден голем остров во Италија, долу на југот, кој на мапа ќе го најдете веднаш шпицот на чизмата (Апенинскиот полуостров). 

Уште на првиот чекор од авионот во Комисо не прегрна топлиот мирис на море измешан со свежина на лимони. Летавме од Софија, планот беше до Катанија, но поради пожарите кои беснееја на Сицилија летот ни беше преместен за Комисо. Мало градче на околу 100 километри од Катанија.

Кога стигнавме доцна навечер пред аеродромот имаше организиран бесплатен превоз до Катанија. Со срца полни со возбуда и планови, се впуштивме во авантурата. 

Катанија – град на бои и вкусови 

Првиот ден го започнавме со прошетка низ уличките на Катанија, каде секој камен има своја приказна. Градскиот пазар пулсираше со живот – мирисот на свежа риба се чувствуваше надалеку. На улица ни приготвија сендвич со крцкав леб, моцарела и мортадела чиј вкус беше првото мало „добредојде“ од островот. Со градски автобус стигнавме до плажите во близина на аеродромот – чудно, но прекрасно чувство, да пливаш додека над тебе прелетуваат авиони, а потоа пешки се вративме до градот за да го погледнеме од агол поблизок на тие што живеат таму.

Работното време на сите продавници, кафичи, ресторани беше двократно односно во жешките часови не работеше ништо, а вечерта следуваше забавата, улични свирки, преполни барови и ресторани. Секако дека едната вечер јадевме домашна паста,а  другата беше резервирана за коктели, Аперол и лимончело шприц кои беа со доста ниска цена (3 евра). 

Таормина – разгледница што оживува 

Од Катанија автобусот нè однесе до Таормина – како да влегуваш во разгледница. За еден час со малку лудо возење по страните и криви улици стигнавме до градот, а со жичара се спуштивме кон плажата на Изола Бела. Камена плажа со тиркизно море, со неколку барови во кои мора да признаам дека имаше високи цени за наши стандарди.

Можеби најромантичен дел од денот беше што бевме сведоци на свадба на плажата.. Вечерта се вративме горе повторно со жичарата(картата чинеше 10 евра за двата правци) за да ја почувствуваме магијата на градот во ноќта – погледите што го одземаат здивот и градините што мирисаат на лаванда и историја.

Сиракуза – љубов на прв поглед 

Еден ден  без план отидовме до автобуската станица и купивме карта за Сиракуза. По патот просведочивме на огромниот дел зеленило што изгорело, се мирисаше на чад но кога стигнавме градот нè фасцинира со својата убавина. 

Малата плажичка нè дочека со топли бранови, се изгубивме шетајќи низ тесните улички, а канолите беа совршената сладост на тој ден. Храната и пијалоците не беа воопшто скапи, од паста за 4 евра до газирани сокчиња за 2 евра.

Палермо – мешавина од култури 

Патувањето го  продолживме од другата страна на островот, во Палермо – град каде модерното и класичното танцуваат заедно. Мирисот на пица нè следеше на секој чекор,  пробавме неколку различни видови, секоја со свој карактер.

Но вистинската љубов таму беше Мондело – плажа со кристално чиста вода, опкружена со прекрасна придрода од карпи и планини и по некој бар на плажата каде неизбежно е да се напиеш Аперол. 

Во вечерните часови со тротинет видовме поголем дел од градот и се забавувавме на уличните забави.

Цените не изненадија, и тоа позитивно. Буквално не се исплатеше да се влегува во маркет за било што. Седнуваш во кафич и се прашуваш дали навистина си во западно европска земја. Пива Хајнекен, Амстел, Бекс (0.5л шише) 2.5 еур, аперол 2.5 евра, коктели 4 евра, жестоки пијалоци од 2-5 евра. Во пекара може да јадете и за помалку од 1 евро, а се наоѓаат и пицерии каде средна пица почнува од 3 евра (маргарите), па нагоре.

Трапани – убавината на непланираното 

Планиравме бродска тура од Трапани до островите Фавињана, но автобусот до Трапани се расипа уште на тргнување од Палермо, чекавме да дојде друг по нас и секако го пропуштивме бродот.

Наместо разочарување, градот ни подари нешто друго – прошетка низ сончеви тесни улици, кафе барови со одлично кремасто кафе и плажа со природна сенка од палми. Некои приказни едноставно се пишуваат сами. 

Ветување на заминување 

Последните моменти во Катанија беа тивки. Гледавме кон морето, додека сонцето се спушташе зад хоризонтот, и знаевме дека Сицилија не е само дестинација – таа стана дел од нас. 

На заминување си ветивме: ќе се вратиме повторно.  

Ј.Т.

ФОТО: Девојка потполно ги збуни корисниците на Твитер, никој не знаел во што гледа

Бизарна фотографија од девојка, овој викенд добро ги „намачила“ корисниците кои немале идеја во кој дел од телото гледаат.

Фотографијата била споделена на Твитер, кога еден корисник забележал дека со неа нешто не е во ред.

„Прво помислив дека ова е нејзиниот врат“, го напишал своето размислување. Меѓутоа, се испоставило дека погрешил.

Необичната фотографија почнала да се шири на социјалните мрежи, оставајќи многумина во недоумица.

„Гледам во неа пет минути, и доколку ова е нејзиниот врат, тогаш јас сум глупав“, напишал друг корисник на Твитер.

Откако добро ќе ја погледнете фотографијата, ќе видите дека на неа се наоѓа жена со долга, виткана коса и голи рамена.

Чипсот и WC шолјата имаат нешто заедничко поради што никогаш повеќе ќе нема да сакате да го јадете

Чипсот за прв пат се појави во 1853 година кога готвачот Џорџ Крум постојано се нервирал од клиентите кои постојано му ги враќале пржените компири, бидејќи биле премногу дебело исечени.

Во својот бес, Крум го исече компирот тенко како лист го испржил и така несвесно стана креатор на чипсот каков што денес го познаваме. Многу се промени од тој ден. Барањата за поголема количина на чипс доведоа до тоа сè повеќе хемикалии да се употребуваат и во производството на чипсот. 

Една од хемикалиите е натриум бисулфит кој се користи за да се разбие растот на бактерии на овошјето и зеленчукот, некоја морска храна или виното. Исто така, оваа хемикалија се наоѓа и во средството за чистење на тоалетот. Се наоѓа и во некои детергенти за миење садови, но во поголема количина е присутен во чипсот.

Натриум бисулфит реагира со ослободување на гас на сулфур диоксид, кој го спречува развојот на бактерии и промени во бојата предизвикана од хемиската реакција. Се користи во чипсот за да ја подобри неговата долготрајност на полиците во продавниците и да спречи промена на бојата.

Количините кои се пронајдени во чипсот се сосема безбедни. Произведувачите секако се советуваат да внимаваат. Доколку се користи на свежи производи кои содржат витамин Б1 тогаш доведува до негово уништување.

За жал произведувачите сè уште не успеале да пронајдат замена за оваа хемикалија.

Популарно