Колку партнери е најдобро да имаме пред сериозна врска?

Сите наши претходни искуства, во било што, дури и во врските, влијаат на сите наши подоцнежни чекори. Кога станува збор за љубовта, колку претходни искуства е вистинската мерка? А експертите се занимаваат со тоа колку партнери е оптимално да се има пред вистинскиот.

„Идеалниот број“, доколку постои, постојано се менува, кога станува збор за ставовите на социолозите и психолозите. Така, во 2016 година беше сугерирано дека е идеално да се влезе во сериозна врска со претходните две или три случајни искуства.

Кој е идеалниот број?

Новото истражување вели дека идеалниот број е 13.

Деловната веб-страница „IllicitEncounters“ анкетираше 2.000 корисници – 1.000 мажи и 1.000 жени – за да открие колку претходни сексуални партнери испитаниците ги сметале за идеални за нивниот иден партнер.

Просечниот одговор бил 13, а 52 отсто од испитаниците го навеле тоа како идеално.

Сепак, треба да се земе предвид дека анкетираните корисници на веб-страницата за запознавање со потенцијални партнери се најмногу таму бидејќи бараат афери, а помалку од нив сакаат животна врска.

А што се смета за премногу?

Истражувањата покажаа дека имањето 18 или повеќе партнери е бројката од која повеќето луѓе ќе избегаат. Со тоа се согласуваат 73 отсто од корисниците. Тоа го доживуваат како предупредувачки знак дека потенцијалниот партнер не знае што сака или дека е тешко да го задоволат.

– Големиот број на сексуални партнери е непожелна информација за многумина. Никој не сака да биде само уште еден во низата. Исто така, никој не сака неискусен партнер, бидејќи луѓето мислат дека има премногу компликации. Тринаесет партнери е идеална бројка бидејќи е гаранција дека некој ќе биде искусен во кревет, авантуристички и отворен за нови идеи – објаснила Џесика Лиони, експерт за секс и врски на „IllicitEncounters.com“.

Една од испитаниците рече дека кога мажот има долг список на поранешни партнери, таа автоматски повеќе не е заинтересирана бидејќи мисли дека тој е женкар.

Истражувањето покажало дека дури 67 отсто од жените лажат колку сексуални партнери имале, додека 13 отсто од мажите го прават тоа.

Четири грешки кои ги правиме на првите состаноци

Првите состаноци знаат да бидат заморни и да предизвикаат нервоза, а со себе носат и бројни прашања, што да облечете, што да кажете и како да се однесувате. Покрај тоа, дури и ако сте разговарале со оваа личност некое време, првите состаноци може да бидат непредвидливи.

Но, без оглед на сите неизвесности и нервози кои доаѓаат со првите состаноци, излегувањето е најдобриот начин да го запознаете вашиот иден партнер и е всушност неопходно.

Кои се четирите најголеми грешки што треба да ги знаете и избегнувате на првите состаноци?

Несвесност за вашите намери

Без разлика дали барате само да се забавувате или барате сериозна врска, обично е корисно да ги разберете вашите лични намери пред да одите на состанок за да имате продуктивен прв состанок со одредена личност.

– Важно е да знаете што барате пред да се забавувате за да можете да внимавате на работи кои не се совпаѓаат. Ако вашиот партнер бара нешто сериозно, а вие не барате, тоа би можело да биде знак дека двајцата не сте компатибилни во моментот. И обратно. Запознавањето бара заеднички напор за двете вклучени страни, па затоа е важно да бидете искрени со себе (и со вашиот партнер) за тоа каде се наоѓате во процесот на запознавање, вели советникот за ментално здравје Вал Окерај.

Запознавање со некој со кој веќе ви било непријатно

Првите состаноци се природно исполнети со нервоза, па затоа не би било во ваш најдобар интерес да излегувате со некој кој веќе ве натерал да се чувствувате нервозно и непријатно. Верувајте им на вашите инстинкти и бидете свесни кои сценарија прават да се чувствувате удобно или несигурно.

Го барате негативното

Избегнете го нагонот да се жалите. Запознавањето бара од вас да бидете отворени за запознавање нова личност, и иако некои работи можеби не се „правилни“ во вашите очи, тоа не значи дека тие генерално се погрешни и се целосно црвено знаме.

Веднаш отпишувате потенцијален партнер

Според Окерај, пред целосно да одлучите дека некој не е вистинскиот за вас, размислете да бидете отворени за втор состанок пред да избрзате со какви било заклучоци.

– Мислам дека е тешко добро да запознаете некого од само еден состанок (освен, се разбира, ако направи да се чувствувате непријатно). Би им дала најмалку два состанока пред да донесете одлука – вели таа.

Жените во овие хороскопски знаци се најдобри во кревет

Лав

Таа е доминантна господарка на која не смее да и се спротивставите. Страствена е и жестока во кревет, бара да биде освоена само од најдобриот. Често доведува двајца мажи до кавга заради неа. Инстинктивна е и знае да ги открие сите ерогени зони на партнерот. Театрална е и оригинална. Иако сака да доминира, фантазира за мажи кои се строги и доминантни во кревет.

Овен

Нејзиното либидо е секогаш незадоволено, но затоа секогаш знае точно што сака и бара. Недвосмислено иницира секс ако и е до тоа, а кога не и е – знае да одбие. Мажите ја обожаваат затоа што знае да провоцира, динамична е, но не и веруваат често затоа што е опкружена со многу машки „пријатели.“

Скорпија

Ова е жена која очигледно поседува вишок физичка енергија, па постојано прави нешто ново во креветот. Љубоморна е и посесивна, нетолерантна и инаетлива, но нејзините претчувства никогаш не ја лажат. Ова е атрактивна и храбра жена која има многу бујна фантазија и отровен јазик. Сака се што е пикантно, вклучувајќи ги и мажите кои знаат лутината и бесот да ги истурат во кревет.

Љубовта е најубавото нешто на овој свет

Престанете да се прашувате што би било кога би било и зграпчете ги сите шанси кои се пред вас! Не се држете до лошите спомени и луѓето кои ве повредиле и не ги затворајте очите пред оние кои можат навистина да ве сакаат.

Не се прашувајте дали треба да зборувате со таа личност, и едноставно направете го тоа. Не размислувајте за сите чекори и престанете да се прашувате што би било кога би било. Дозволете и на љубовта да биде дел од вашиот живот. Не се прашувајте како би било и дали ќе биде тешко, дајте си шанса себеси, а и на другата личност и дозволете да дознаете.

Слушајте го своето срце

Тоа тој силен мускул кој чука силно во вашите гради. Не го игнорирајте. Не се преправајте дека не чука посилно за некоја личност. Ако имате чувства во себе, покажете и ги на другата личност. Не рационализирајте, не креирајте сценарија и дозволете си да бидете среќни.

Пуштете ги луѓето во вашиот живот. Дозволете им да ги запознаете, и да ве запознаат. Не носете горчина во себе само поради тоа што еден или двајца ве повредиле. Бидете отворени кон луѓето, кон нови искуства и кон светот. Ќе доживеете и порази и победи, но ќе го паметите сето тоа. Еден ден ќе имате полна книга со сеќавања и се ќе има смисла.

Сакајте силно. Дајте им го срцето на оние луѓе кои го заслужуваат тоа и споделете го својот свет со нив. Верувајте во иднината, не се плашете од неа. Не се споредувајте со другите и само сакајте. Сакајте со целото срце.

Популарно