Видео: Славниот рапер 50 Сент со микрофон удри обожавателка

Познатиот рапер 50 Cent синоќа настапи во Лос Анџелес, каде за време на настапот фрли микрофон во публиката и во таа прилика удри една обожавателка.

50 Cent имаше проблеми со микрофонот за време на концертот, па мораше да го замени неколку пати.

Откако микрофонот што го користел престанал да работи, видно изнервиран раперот го фрлил во публиката.

На социјалните мрежи почна да кружи видео од овој настан. На видеото се гледа како 50 Cent менува микрофони, а потоа налутено фрла еден во публиката, наводно со него удирајќи една обожавателка во главата.

Подоцна било утврдено дека се работи за водителка која се здобила со повреди на главата, поради што завршила во болница, пишува TMZ.

(Фото) Клои Кардашијан откри тајна која ја криела 20 години

Ријалити ѕвездата Клои Кардашијан им се довери на своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм и открила детаљ кој никој не го знаел за неа. Имено, Кардшијан често можеме да ја видиме во слични комбинации.

Долга права коса, природен изглед на шминка, голем задник и широка насмевка се само дел од пакетот кој тие го "промовираат".

Меѓутоа, Клои Кардашијан неодамна ги шокираше сите кога осамнаа фотографии од младоста. Иако сите ја знаеме како атрактивна бринета, некогаш и русокоса со долга, бујна и рамна коса, Клои всушност цело време ја криела вистината. Имено, нејзината природна коса е кадрава, поточна таа има афро локни.

Таа сподели фотографија на Инстаграм на која објаснила дека веќе со години користела производи за исправување на косата.

"Веќе со години користам производи и третмани за исправување на локните. Со години користев бразилски третман на косата, но и други различни уште кога бев тинејџерка. Престанав поради Ковид, всушност сега ми се допаѓаат моите локни", напишала Клои.

Бројните фанови на Клои се воодушевиле со нејзиното природно издание, па ја советувале да продолжи со оваа фризура.

Популарно