(Видео) Додека Фон дер Лајен држеше говор, еврокомесарката плетеше

Бура од реакции на социјалите мрежи предизвика необичeн настан денеска во Европскиот парламент (ЕП).

Додека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска имаше годишно обрање во ЕП,  еврокомесарката за внатрешни рабпти, Илва Јохансон е снимена како плете.

Јохансон е позната по љубовта кон плетењето, но ова видео предизвика бура на социјалните мрежи, а повеќето во коментари пишуваа дека говорот на претседателката бил таков што дури и комесари во Европската комисија „умреле од досада“.

Британскиот политичар и поранешен пратеник во Европскиот парламент Најџел Фараж вели дека дури и европските комесари на Урсула фон дер Лајен мислат дека она што таа има да го каже е досадно до смрт.

Швеѓаните даваат 2.000 евра плата, а нема да работите ништо

Ако ви се допаѓа идеата да добивате плата, а да не работите ништо, можеби би требало да го погледнете овој оглас за работа во Шведска.

Уметничкиот проект, кој е финансиран од Владата, има за цел да усреќи еден кандидат и да го вработи во Гетеборг. Се што треба да направи вработениот е да се појави на железничката станица во определено време и да го вклучи осветлувањето.

Потоа може да прави што сака, но на крајот од смената повторно треба да се појави и да го исклучи.

Она што е најинтересно е тоа дека оваа работа ќе биде загарантирана до пензионирање со плата од 2000 евра, но секако ќе има и годишни зголемувања, годишен одмор и пензиски фонд.

Популарно