Рене Зелвегер сподели страстен бакнеж со свршеникот Ент Енстед

Рене Зелвегер во неделата се покажа како партнер со постојана поддршка на првиот фудбалски натпревар оваа сезона.

Во текот на полувремето холивудската актерка (54) беше видена како се прегрнува со британскиот ТВ-водител (44), а потоа и двајцата беа фотографирани во страстен бакнеж.

Ѕвездата на серијалот „Бриџит Џонс“, за која имаше шпекулации дека тајно се свршила во јули, задржа скромен профил на натпреварот за да го поддржи својот полупрофесионален фудбалски тим, американската филијала на „Саутемптон ФК“.

Двократната оскаровка е во лежерно издание и носи тегет бејзбол-капа.

Таблоидите потсетуваат дека Рене и 10 години помладиот Ент се во врска од 2001 година. По нивната свршувачка, ги држат своите планови во голема тајност. Извори блиски до двојката открија дека свадбата, исто како и нивниот приватен живот, ќе биде далеку од очите на јавноста.

Уште две лица се под истрага за смртта на Лијам Пејн

На двајца вработени во хотелот „Касасур“ во Буенос Аирес, Аргентина, каде што, пред смртта, престојувал Лијам Пејн, им било кажано дека официјално се под истрага. Со тоа истрагата за неговата смрт се прошири на пет лица, пренесува аргентинскиот портал „Инфобае“ (Infobae).

Судијката Лора Брунијард донесе одлука истрагата за смртта на британскиот поп-рок пејач кој падна од третиот кат во хотелот да ја прошири со две лица, порачувајќи им да ангажираат адвокати и дека ќе треба да дадат изјави. Меѓу новоосомничените е рецепционерот Естебан Рејналдо Граси, кој се јавил на 911 кога се случила несреќата, а бил еден од тројцата мажи кои го носеле Лијам низ ходникот непосредно пред трагедијата.

Однесувањето на вработените и нивната одлука да не го остават пејачот во фоајето додека чекаат помош, покрена сомнеж. Вработените во хотелот ќе бидат сослушани следната недела, меѓу 17. и 19 декември, а наскоро се очекуваат и изјави од државните правобранители.

Инаку, три недели по смртта на поранешниот член на британскиот состав „Уан дајрекшн“ (One Direction), обвинителите ја отфрлија можноста за самоубиство како причина. Наводите говорат дека тој најверојатно бил во несвест кога паднал од балкон.

Снимателот не паднал врз Лепа Брена - пејачката пеела час и половина без никој да забележи дека е со скршен зглоб

Лепа Брена го скрши скочниот зглоб на третиот концерт во загрепската Арена откако снимател случајно падна врз неа од бината, а сега се огласи познатиот фотограф Душан Петровиќ кој беше задолжен за фотографирање на нејзиниот концерт.

„После синоќешната вечер, на сите ни требаше малку време да си дојдеме на себеси. Брено, уште еднаш покажа што значи да се биде вистински професионалец. Направи се што можеше максимално и сега одмори се и закрепни добро, и ќе бидеме покрај вас и ќе чекаме повторно да наполниме неколку Арени“, напиша тој на Инстаграм.

Исто така, Петровиќ ги демантираше гласините дека токму тој паднал на неа.

Со болки и со завиткан глужд, Брена отпеа 23 песни, односно 19 во редовното времетраење на концертот и уште четири на бис, што е околу час и половина пеење. Никој во салата не разбра што се случува.

Пејачката по концертот заврши на загрепската клиника за трауматологија каде беше и оперирана. Екстра ФМ, организаторот на концертот, ја објави несреќата и ги извести фановите дека преостанатите два концерта се одложени, но набргу потоа беа објавени нови датуми на нејзините концерти.

Српската пејачка ќе настапи во Загребската Арена на 21 и 22 март 2025 година. Купените билети ќе важат и за новите датуми, додека на оние на кои не им се допаѓаат новите датуми повратот на средства ќе им биде целосно вратен.

Лепа Брена се огласи по тешката повреда на концерт и операцијата

Балканската ѕвезда Лепа Брена се огласи откако рано утрово беше оперирана во Загреб поради повреда.

Имено, таа го повредила зглобот за време на концертот, кога врз неа паднал член на тимот, но го завршила концертот – иако тешко повредена.

Сега по операцијата во загрепската болница се огласи преку Инстаграм каде објави слика од синоќешниот концерт .

– Драги мои… Животот не потсети, по којзнае кој пат, колку е важно да се задржиме во срцето и да се сеќаваме на се убаво што имаме, бидејќи ништо не се зема здраво за готово и сè поминува брзо. Но, во исто време не потсетува дека убавите моменти доаѓаат повторно и повторно.

За жал, синоќа за време на еден од незаборавните моменти на концертот се случи несреќа на половина од концертот кога снимателот падна врз мене и како последица на тој пад ја скршив ногата. Не сакав да престанам, но за љубов на сите вас во Арената продолжив да пеам. Добрата вест е дека се ќе биде во ред, но во моментов ми треба малку време да се опоравам. Вашата љубов, поддршка и трпение во овој период ни значат многу. Ви благодарам од се срце.

Наскоро ќе ве информираме за новите термини за одложените концерти. Ви благодариме за разбирањето и што сте секогаш со нас. Твоја Брена – напишала Брена.

Веднаш по концертот, на Брена и следуваше итна операција.

Популарно