Ослепел преку ноќ, се случил сериозен проблем: Петар Грашо откри низ каква голгота поминал со татко му

Петар Грашо е познат по тоа што не сака да зборува за својот приватен живот, а ретко открива детали од него во јавноста.

Сепак, тој сега сподели низ каков тежок период поминал со својот татко.

Имено, тој открил дека неговиот татко пред неколку години имал сериозни проблеми со очите.

-Тој практично ослепе преку ноќ. На едно око не гледаше, а другото му беше тешко оштетено од дијабетес, рече Грашо, а потоа додаде:

„Во текот на ноќта се будел слеп, поспан и не знаел што се случува“.

Како што вели, Грашо веднаш повикал лекар на кој ќе му биде благодарен до крајот на животот.

-Буквално преку ноќ му го спаси окото на татко ми. Татко ми гледа денес. Што да кажам? Кога некој ќе ти го спаси видот, му го должиш остатокот од животот, изјави пејачкот.

Линда Евангелиста: „Не сакам повеќе да спијам со никого или да слушам како некој дише до мене“

Линда Евангелиста важеше за една од најубавите жени во светот и е една од најуспешните манекенки досега.

Денеска има 58 години и ужива во животот, а неодамна откри дека нема момче и дека веќе некое време не ја интересираат ваквите врски.

„Тоа не ме интересира. Не сакам повеќе да спијам со никого. Не сакам да слушам како некој дише до мене“, изјави таа за „Сандеј тајмс“.

Таа отворено проговори и за проблемите што ги имала по една естетска процедура поради кои се криела од јавноста повеќе од две години. Имено, таа се обидела да ослаби со помош на CoolSculpting-третмани, кои работат на принципот на замрзнување на масните клетки. Но, сѐ имало спротивен ефект и масните клетки ѝ се зголемиле, а лекарите набргу ја известиле дека деформитетот е траен и дека нема да може да го поправат.

Линда првично се обвинуваше себеси за сето ова, но како што вели, веќе не е така.

„Веќе не се обвинувам себеси. Повеќе не сум сурова кон себе. Уште малку ме вознемирува што мислат луѓето за мене, но порано повеќе ми пречеше“, изјави таа за споменатиот медиум.

„Сега знам дека не направив ништо лошо. Долго време го мислев спротивното. Не сум се ослободила целосно од тоа чувство, но напорно работам да се ослободам од вината и од срамот. Не дозволувам да ми го уништи животот. Немаше да останам затворена да знаев колку луѓе се грижат за мене“, додала манекенката.

(Фото) Синот на Бред Пит распали со навреди, а еве каква беше реакцијата на славниот актер

Бред Пит има почитуван статус во Холивуд, но неговото семејство има сосема поинакво мислење за него.

По тешките обвинувања од поранешната сопруга Анџелина Џоли за неговото однесување кон децата и кон неа, ќерката која се откажа од презимето на нејзиниот татко и синот Пакс пред неколку години објави порака на Инстаграм за празникот „Ден на таткото“ во која го нарекува актерот „најлошиот татко на светот“.

„Ги претвори животите на моите најблиските во постојан пекол. Можеш да си кажуваш себеси и на светот што сакаш, но вистината еден ден ќе излезе на виделина. Среќен ден на таткото, човечко суштество“, напиша Пакс во 2020 година.

Пораката од приватниот профил стана јавна неколку години подоцна, особено по описот на Пакс за ликот на Бред Пит, кој, како што тврди, „ги натерал неговите најмали деца да се тресат од страв“.

Се очекуваше бурна реакција од актерот, но јавноста остана без одговори. Неговата реакција беше – молк!

„Фрустрирачки е што Бред е претставен како лоша личност во медиумите, што е далеку од вистината“, вели изворот, додавајќи дека Пит ги почитува своите деца, но и дека неговиот молк е многу погласен затоа што одлучил да биде „достоинствен.

Анџелина Џоли го посвои Пакс од сиропиталиштето Хо Ши Мин во Виетнам во 2007 година. Имал три години кога го однеле во сиропиталиште бидејќи го одземале од мајка му која била зависничка од хероин.

Адријана Лима, конечно, одговори на коментарите дека лицето ѝ пука од ботокс

Изгледот на познатата бразилска манекенка Адријана Лима наголемо се коментира по нејзиното трето породување во август минатата година кога со филмскиот продуцент Андре Лемер го доби синот Сајан. Ваквите негативни коментари ја следат и откога пред неколку дена се појави на премиерата на филмот The Hunger Games: The Ballad of Songbirds & Snakes во Лос Анџелес.

Меѓу тие реакции беа и тврдењата дека модната ѕвезда направила одредени естетски зафати, а со месеци се шпекулира дека претерала со ботоксот.

И претходно се зборуваше дека лицето ѝ е ботоксирано, но Адријана Лима до сега не одговараше на ваквите коментари.

Бразилскиот модел објави фотографија на „Инстаграм“ без шминка и рече: „Лицето на уморна мајка на тинејџерка, две предтинејџерки, едногодишно дете, кое учи да оди, и три кучиња“.

„Ви благодарам што се грижите“.

Лима саркастично одговори со оваа последна реченица, а многумина ги збуни набројувајќи ги своите деца бидејќи се знае дека со Лемер го има синот Сајан, а во бракот со познатиот српски кошаркар Марко Јариќ ги доби ќерките Валентина и Сијена.

Познатата манекенка претходно во интервју за „Пипл“ коментира како нејзината трета бременост влијаела на нејзиниот изглед: „Секој ден морам да се потсетувам: „Слушај, прифати кој си. Прифати го своето тело. Ова е моментниот изглед откако се породив. Да, дадов нов живот, тоа е голем благослов. Секое тело поинаку реагира за време и по бременоста“.

Популарно