Вработување во АМСМ, УНИБанка, ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Постоењето и развојот на АМСМ, го обележаа низа структурални и организациони промени, некои како резултат на времето, а пак некои како одговор на потребата да се биде и да се остане поблиску до постарите, но и новите генерации.

Моментално вработува:

АГЕНТ ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР
ВОЗАЧ МЕХАНИЧАР
МЕХАНИЧАР


Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници.

Сите останати работни позиции од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Порше Македонија е компанија која ги застапува автомобилските брендови Volkswagen, Audi, Škoda, SEAT, Porsche и Volkswagen комерцијални возила.

Моментално вработува:

ПРОДУКТ АСИСТЕНТ

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Кромберг и Шуберт се фокусира на развој и производство на комплексни системи за ожичување за автомобилската индустрија.

Моментално вработува:

ТРЕНЕР/ОБУЧУВАЧ ЗА ПРОИЗВОДСТВО

УНИБанка опстојува 30 години на македонскиот банкарски пазар, која нуди широк спектар на продукти услуги насочени кон правниот и физичкиот сегмент.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ НА ФРОНТ ОФИС ВО ЕКСПОЗИТУРА – БЕРОВО
РАКОВОДИТЕЛ НА ЕКСПОЗИТУРА – ГЕВГЕЛИЈА
ВНАТРЕШЕН РЕВИЗОР ВО СЛУЖБА ЗА ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин ќе ги најдете ТУКА.

Fashion Group повеќе од 15 години важи за најголема малопродажна модна групација во земјава, а во нејзиното портфолио ќе најдете некои од најголемите светски реномирани брендови како Hugo Boss, Diesel, Guess, Bitsiani, Mango, Springfield, Okaidi, Superdry, Timberland и други.

Моментално вработува:

ИТ АДМИНИСТРАТОР

Првата компанија за осигурување на живот во земјава Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје. Од самото основање компанијата бележи позитивен тренд на работа и ја јакне својата пазарна позиција. Преку постојано воведување на иновации, нови производи, воспоставување на супериорен систем за грижа на корисници и праведен и брз систем за решавање на штети.

Моментално вработува:

МЕНАЏЕР ЗА РАЗВОЈ НА КАНАЛ НА ПОСРЕДНИЦИ ВО ОСИГУРУВАЊЕ

Офис Плус е водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјали, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема.

Моментално вработува:

ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ /HOUSE OF SAMSOMITE
ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ - ТЦ ВЕРО ЏАМБО

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Религија.мк избира личност на годината на МПЦ-ОА

Религија.мк, годинава спорведува јавно гласање за избор на личност на годината меѓу владиците на МПЦ-ОА. На листата се сите архијереи, членовите на Синодот, викарните епископи и пенизионираните.

Гласањето трае до 09 јануари 2026 година.

За да гласате презетете го прашалникот од овој ЛИНК

. Зимата 2025–2026 ќе биде потопла од просекот, но со студени бранови и загаден воздух

Зимата што претстои се очекува да биде за околу еден степен потопла од повеќегодишниот просек, но со повремени студени бранови и изразена временска променливост, покажуваат најновите климатски очекувања. Според анализата на професорите Владо Спиридонов и Ивица Милевски, не се прогнозираат долготрајни екстремни студови, туку претежно умерено топло и динамично време.

Студени периоди со температури под нормалата се најавуваат од крајот на декември до средината на јануари, како и кон крајот на февруари. Во Скопје и Штип средните зимски температури ќе се движат меѓу 1 и 4 Целзиусови степени, додека на планините од 0 до -3 степени.

Според анализата, бројот на мразни денови ќе изнесува од 30 до 55 во низините и од 60 до 75 на планините. Ледените денови ќе бидат релативно ретки во низинските предели (од 5 до 15), но значително почести на планините, каде се очекуваат од 25 до 40 такви денови.

„Студени бранови со температури околу или под нормалните се најверојатни кон крајот на декември до средината на јануари и повторно кон крајот на февруари, но без сигнали за долготрајни или екстремни зимски студови“, наведуваат Спиридонов и Милевски.

Професорите предупредуваат и на зголемен ризик од магла и температурни инверзии во периоди со стабилно антициклонално време. Во вакви услови се очекува значително влошување на квалитетот на воздухот, особено во Скопската, Полошката и Струмичката котлина.

„Во целина, зимата 2025–2026 ќе биде потопла од просекот, динамична и со изразени краткотрајни зимски настани. Главните ризици ќе произлегуваат од временската променливост, кратките интензивни врнежни епизоди, снежните бури во планините и епизодите со многу лош квалитет на воздухот во котлините“, оценуваат климатолозите.

„Тошковски: Системот Безбеден град“ ќе регистрира прекршок при брзина од 57 км/ч во зона со ограничување од 50 км/ч

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја објасни примената на системот за видео-надзор „Безбеден град“, појаснувајќи како ќе се откриваат и евидентираат сообраќајните прекршоци со автоматски камери.

Според Тошковски, камерите нема да прикажуваат прекршок веднаш штом брзината ја надмине дозволената, туку ќе важат исти правила за толеранција како и кај класичните полициски радари. Тоа практично значи дека ако на место каде што е ограничено 50 км/ч, возилото се движи со 57 км/ч, системот ќе регистрира прекршок; додека доколку возите со 56 км/ч, нема автоматски да се констатира прекршок.

Тошковски појасни дека овие правила за толеранција, кои се веќе дефинирани во метролошките регулативи, ќе останат како што се досега и ќе се применуваат и преку „Безбеден град“. Тој додаде дека системот е усогласен со експертски мислења и има цел да обезбеди правично и правно издржано мерење на брзината. 

Министерот најави дека наскоро ќе биде пуштена дигитална платформа преку која граѓаните ќе можат да проверат на кои критични локации се поставени камерите за мерење на брзината и камерите за детектирање на минување на црвено светло, како и да ажурираат контакти поврзани со системот. 

Тошковски исто така наведе дека службените возила ќе бидат исклучок од автоматското регистрирање прекршоци само кога се во оправдани оперативни ситуации, но во други случаи ќе важат истите правила како за сите други учесници во сообраќајот. 

Проектот „Безбеден град“ е дел од пошироките напори за зголемување на сообраќајната безбедност и почитување на правилата на патот, со цел намалување на несреќи и жртви. 

Популарно