Врховен ја донесе одлуката за таткото на Вања

Жалбата против мерката притвор поднесена од Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска е одбиена како неоснована откако денеска на јавна седница, Ѓорчевски побара притворот да му биде укинат и/или да му биде изречена поблага мерка.

Советот за казниви дела при Врховниот суд, по одржаната јавна седница донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот А.Ѓ., изјавена преку бранителот Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, ја одби како неоснована и го потврди решението на Апелациониот суд Скопје од 1 март.2024 година“, соопштија попладнево од Врховниот суд.

Скопјанка пронајдена почината во својот дом во Аеродром

Вчера во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Аеродром била пронајдена почината Т.М.(54) од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.  

Скопјани се испотепале за паркинг, едно лице тешко повредено

Вчера во 16.15 часот во СВР Скопје Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево, по претходна расправија околу паркирано возило, бил нарушен јавниот ред и мир.

Cо физичка пресметка помеѓу М.К. и Д.К.(24) од една страна и З.Џ. од друга страна, сите од Скопје, при што со тешки телесни повреди се здобил Д.К... 

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност ќе одлучува за поскапувањето на полисата

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност денеска на седница треба да го разгледа Извештајот од Националното биро за осигурување за оправданоста и исправноста на донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното автомобилско осигурување од страна на осигурителните компании и да преземе соодветни чекори во насока на заштита на крајните потрошувачи.

Комисијата за автомобилска одговорност која е именувана од страна на Владата согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот ја сочинуваат членови од Министерството за финансии (МФ), Националното биро за осигурување (НБО) и Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО).

Таа е надлежна за утврдување на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица.

Комисијата ја утврдува премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето-осигуреникот, a која се состои од техничка премија, која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата и дел на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци) што ги утврдуваат осигурителните друштва самостојно со посебна одлука на Друштвото за осигурување.

Со донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното авто осигурување од страна на осигурителните компании за 15,44 отсто поскапува полисата што ја плаќаат граѓаните при регистрација на нивните возила со моќност од над 44 киловати. Поскапувањето е од 840 па до скоро 1.600 денари во зависност од моќноста на возилото

Популарно