(Фото) Само три лица од семејството дојдоа да му дадат поддршка на таткото на Вања

Растревожен, во очигледно тешка психичка состојба и со остарен изглед Александар Ѓорчевски, таткото на Вања осомничен за помагање на нејзиното грабнување пред да биде убиена, денеска со солзи и драматично се обрати пред Врховниот суд каде беше побарано укинување на мерката притвор.. На неговите зборови, освен официјалните лица, сведоци беа и неговите родители и сестрата кои добија и неколку минути за блиска средба со Александар.

-Јас сум поделен на два света во моментов, едното дете ми е тука, другото ми го одзедоа, воопшто не ми е битно каде ќе ја дочекам разрешницата, само сакам да ја дочекам, а потоа за себе како возрасен човек да донесам одлука дали ќе продолжам на овој свет или кај другото дете.

Откако и апелација го одби барањето на одбраната Ѓорчевски да се брани од слобода, денеска неговиот адвокат ги претстави аргументите и до Врховниот суд. Тој се повика на европската конвеција за човекови права, велејќи дека Ѓорчевски се држи превентивно во притвор што според него е недозволиво, бидејќи не постои сомнение, оти обвинителството немало и не приложило ниту еден доказ дека може да влијае врз сведоци да ги сменат своите искази или пак осомничениот да се даде во бегство.

-Како што наведов во образложението дека во основаното сомневање може да биде основ за определување мерка притвор во некоја почетна фаза, меѓутоа крајно недозволено е после речиси 4 месеци да на осомничениот, ниту мене како бранител да не ни е предочен, ниту понуден ниту еден најмал, ниту индиција ниту доказ од кој произлегува основаното сомневање за ваквата состојба за определувањето на мерка притвор,- Владимир Туфегџиќ – Адвокат на Александар Ѓорчевски.

Туфегџич смета дека вистината за улогата на Александар ќе се дознае без разлика дали првосоомничениот за убиството, Љупло Палевски Палчо ќе биде ектрадиран од Турција.

Обвинителката Наталија Тасевска предложи до судот да се одбие барањето и дека наспроти наводите на одбраната, апелациониот суд имал наведено соодветни причини за продолжување на притврот. Воедно, Тасевска посочи дека се уште се прибираат докази, а се вештачат и телефонски разговори…

-Постои сомнение дека го сторил делото грабнување, од кое за жал има тешка последица, изгубен млад живот. Стравувањата се дека има голема веројатност да се даде во бегство или пак да влијае на сведоците и да си овозможи подобра позиција за другите лица да ги променат исказите во негова корист. – Кажа обвинителката Тасевска.

Ѓорчевски беше уапсен на 3ти декемри и притворот го отслужува во затворот во Шутка. Неговата одбрана, непосредно по неговото апсење тврдеше дека тој наместо во грабнувањето, учествувал во расчистувањето на случајот на неговата ќерка.

Скопјанка пронајдена почината во својот дом во Аеродром

Вчера во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Аеродром била пронајдена почината Т.М.(54) од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.  

Скопјани се испотепале за паркинг, едно лице тешко повредено

Вчера во 16.15 часот во СВР Скопје Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево, по претходна расправија околу паркирано возило, бил нарушен јавниот ред и мир.

Cо физичка пресметка помеѓу М.К. и Д.К.(24) од една страна и З.Џ. од друга страна, сите од Скопје, при што со тешки телесни повреди се здобил Д.К... 

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност ќе одлучува за поскапувањето на полисата

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност денеска на седница треба да го разгледа Извештајот од Националното биро за осигурување за оправданоста и исправноста на донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното автомобилско осигурување од страна на осигурителните компании и да преземе соодветни чекори во насока на заштита на крајните потрошувачи.

Комисијата за автомобилска одговорност која е именувана од страна на Владата согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот ја сочинуваат членови од Министерството за финансии (МФ), Националното биро за осигурување (НБО) и Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО).

Таа е надлежна за утврдување на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица.

Комисијата ја утврдува премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето-осигуреникот, a која се состои од техничка премија, која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата и дел на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци) што ги утврдуваат осигурителните друштва самостојно со посебна одлука на Друштвото за осигурување.

Со донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното авто осигурување од страна на осигурителните компании за 15,44 отсто поскапува полисата што ја плаќаат граѓаните при регистрација на нивните возила со моќност од над 44 киловати. Поскапувањето е од 840 па до скоро 1.600 денари во зависност од моќноста на возилото

Популарно