Малолетничка силувана речиси две години

На 30.03.2024 во 17:25 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш лишиле од слобода 49 годишно лице од село во општина Конче.

Тој се сомничи дека во периодот од почетокот на 2022 година до ноември 2023 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од село во општина Конче.

Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По документирање на случајот и поднесување на соодветна пријава, во текот на денот уапсениот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Уапсен кичевчанец, пренесувал мигранти од Кина

На 01.01.2025 во 19.40 чaсот во Полициската станица Гевгелија бил задржан Д.П.(25) од с.Вранештица, кичевско, поради основано сомнение дека околу 12.00 часот во близина на границата со Грција, со патничко возило превезувал пет лица-мигранти од Кина. Д.П. бил лишен од слобода, а мигрантите биле пренесени во Прифатно- транзитниот центар Гевгелија за понатамошна постапка. 

Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Се разгледува можноста за доградба на жичарницата на Водно

Службата за општи и заеднички работи на Владата во моментов врши анализа на условите за изградба на втората фаза на жичарницата на Водно која би требало да тргне од Капиштец и да се спои на средно Водно со линијата која е веќе во функција. Истовремено, оттаму додаваат дека се анализираат и условите за доградба на двете згради за ФИНКИ и Факултетот за физичка култура кои повеќе години стојат недопрени во дворот на скопскиот универзитет.

Директорот Ивица Томовски вели дека  затекнати се запуштени објекти сопственост на државата и се преземаат активности за надминување на состојбите.

Како што информира СОЗР, направен е анекс на проектот за реконструкција на Палатата АСНОМ, се преземаат мерки за заживување на комплексот „Македонско село“, а во тек е и реконструкцијата на Клубот на пратеници.

Оттаму додаваат дека за годината што следи, воведен е механизам за строга контрола на сите службени трошоци со цел да се намалат непродуктивните патувања во насока на одговорно трошење и планирање на јавните средства.

Македонски државјанин пронајден мртов во Италија

Бездомник со македонско потекло на околу шеесет години бил пронајден мртов вчера околу ручек во близина на железничката станица во Порто Реканати, во близина на Анкона, пренесува „Радиоере“.

Според локалните жители, бездомникот често престојувал на железничката, но дека никогаш не правел проблеми.

На 1. јануари околу 16 часот, случајни минувачи го забележале неговото безживотно тело, по што била алармирана итната помош, кои само констатирале смрт.

Надлежните се обидуваат да ги разјаснат причините за смртта. Човекот никогаш не покажал очигледни знаци на здравствени проблеми, но студените зимски температури можеби придонеле за влошување на неговата состојба.

Популарно