Еден од најпосакуваните ергени во Холивуд ќе стане татко

Можеби еден од најпосакуваните ергени во Холивуд, Хенри Кавил откри дека го чека своето прво дете со неговата девојка Натали Вискузо.

Глумецот ја потврди среќната вест за „Аксес Холивуд“ (Access Hollywood) на премиерата на својот нов филм „Министерството за неџентлменско војување“ (The Ministry of Ungentlemanly Warfare).

– И јас и Натали сме многу, многу возбудени за тоа, изјави Кавил (40).

Кавил и Вискузо се во врска речиси три години. Во јавноста, првпат се појавија на црвениот тепих на премиерата на „Енола Холмс 2“ во 2022 година. Натали работи како директорка на холивудската телевизија

Тројца обвинети за смртта на пејачот на One Direction

Три лица се обвинети во врска со смртта на пејачот на One Direction, Лијам Пејн, објавија аргентинските власти.

Пејачот почина на 16 октомври, откако падна од балкон на третиот кат во хотел во Буенос Аирес. Човекот кој го придружувал е обвинет за напуштање на лице што резултирало со смрт и снабдување со дрога, соопшти Националното кривично обвинителство. Вработените во хотелот се обвинети и за снабдување со дрога. Никој од уапсените не е именуван.

Пејн беше едно од најпрепознатливите имиња во поп музиката откако се појави на X Factor и се прослави со One Direction во 2010-тите.

Аргентинските власти ги истражуваат последните денови на Пејн во хотелот CasaSur.

По смртта на пејачот, полицијата пронашла супстанци во хотелската соба и уништени предмети и мебел. Персоналот на хотелот двапати се јавил на 911 и рекле дека имале гостин кој земал „премногу дрога и алкохол“ и ја „демолирал целата соба“.

Во четвртокот, на 7 ноември, јавното обвинителство соопшти дека токсиколошките тестови во неговиот организам откриле траги од алкохол, кокаин и антидепресиви.

Обдукцијата утврдила дека причина за смртта е повеќекратна траума и „внатрешно и надворешно крварење“ од пад од балкон на хотел. Медицинските извештаи, исто така, сугерираат дека Пејн можеби паднал во полу-или целосна несвест, според канцеларијата на DA.

Ова ја исклучува можноста за свесен или доброволен чин на Пејн, вели обвинителството и заклучува дека тој не знаел што прави.

Властите извршија претреси во девет домови во Буенос Аирес и продолжуваат да го истражуваат скршениот лаптоп и другите запленети уреди на Пејн.

Обвинителството додаде дека прегледало повеќе од 800 часа видео снимки од безбедносните камери во хотелот и на јавните патишта и добило десетици сведоштва од персоналот на хотелот, членови на семејството, пријатели и медицински работници.

Џенифер Лоренс чека бебе

Холивудската актерка Џенифер Лоренс ја потврди среќната вест за Vogue! Популарната актерка синоќа беше видена во Лос Анџелес, а зголемениот стомак потврди дека актерката го чека своето второ дете.

Пред две години актерката стана мајка на синот Сај, а сега чека ново бебе со сопругот, сопственик на уметничка галерија – Кук Марони.

Зборувајќи за своето прво искуство со мајчинството, актерката изјави за Vogue 2022 дека раѓањето на нејзиниот син е почеток на нејзиниот живот затоа што се чувствувала многу поинаку: „Утрото откако се породив, се чувствував како целиот мој живот да започнал одново. Како, сега е првиот ден од мојот живот. Само зјапав. Бев толку заљубена. Се заљубив и во сите бебиња насекаде. Новороденчињата се толку неверојатни“.

Се уште не се знае во кој месец од бременоста е популарната Лоренс и дали е момче или девојче.

Принцот Џорџ откри што сака да биде кога ќе порасне

Mладиот принц со родителите Вилијам и Кејт посетиле пицерија во Норфолк, а жителот на Норфолк Дезмон Мекарти за „Daily Mail“ изјавил дека момчето било толку возбудено од рерната за пица на дрва што извикало: „Тоа сакам да го правам кога ќе пораснам!"

Сепак, за негова несреќа, Џорџ нема да може да го оствари својот сон, но затоа ќе прекине една вековна традиција. Имено, за разлика од неговите претходници, Џорџ нема да мора да служи војска пред да седне на тронот.

Популарно