(Видео) Христијан Мицкоски открива детали од неговиот живот - Мајка му била матичен лекар, татко му експерт по шински возила

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на стартот на кампањата за парламентарните избори, сподели видео во кое открива повеќе за приватниот живот и семејната историја.

- Kако дете на мајка - лекар и татко - инженер, пораснат сум во семејство со несебична љубов, каде материјалните работи не беа центарот на интерес, туку посветеноста кон работата и семејството и поддршката едни кон други, вели тој.

Денес, тоа го пренесувам и во моето семејство, каде заедно со сопругата Рози и децата сме најсилниот мотив и поддршка, едни кон други, како во работата, така и во животот.

Па така, и на вас, моите сограѓани, гледам како едно семејство. Вие ќе бидете мојата поддршка, сила и мотив, а мене, вашите потреби, приоритет. Заедно можеме да оствариме сѐ! - порача Мицкоски.

Целото видео погледнете го ОВДЕ

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше. Замина денес, на Велики четврток, после долго боледување.

Веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка, со зборовите:

-Светол патот, татко мој.

Родителите на Тоше, кој почина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска, Доминика и Никола, живееа повлечен живот по смртта на нивниот син и не се појавуваа во јавност.

Семејството Проески се уште нема објавено детали за последното испраќање на таткото на легендарниот музичар и хуманист Тоше.

Пронајдено е лицето што беше пријавено за изгубено во парк шумата Водно

Регионалниот Центар за управување со кризи – Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк – шумата Водно.

Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.

Тинејџер тешко повреден, со автомобил удрил во паркирано возило

На 30.04.2024 во 17.40 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на локалниот пат с.Ерџелија-с.Мустафино, патничко возило „опел“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од В.М.(18) од с.Мустафино, светиниколско, удрило во паркирано возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.М., констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

Популарно