Во два одделни случаи, двајца пешаци прегазени во Скопје - со тешки повреди се пренесени во болница

Вчера во два одделни случаи двајца пешаци се прегазени на територијата на Скопје. Од МВР велат дека првиот случај настанал во 17 часот додека вторио е околу 20 часот. И во двата случаи пешаците со тешки телесни повреди се однесени во болница.

На 19.04.2024 околу 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кочо Рацин“ во Скопје, патничко возило „опел инсигниа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(62) од Скопје, удрило во пешакот К.П.(67) од  Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.П., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Околу 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на надвозникот кој води кон Раштански пат – Скопје од автопатот, патничко возило  „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од  С.И.(31) од  Скопје, удрило во пешакот И.З.(59) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Реакција на осигурителните компании на одлуката да се врати старата цена за авто одговорноста

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати регулаторот АСО а врз основа на кои Комисијата ја намали цената на авто одговорноста.

Денешната одлука на Комисијата за АО при МФ за враќање на цените на АО претставува директна закана за финансиската стабилност на осигурителниот сектор, поставување во целост на регулаторно ограничување во ценовните политики што е спротивно на препораките на ЕК во извештајот за напредокот на нашата земја, кое може сериозно да ја доведе во прашање грижата за осигурениците.

И ако Комисијата за автомобилска одговорност тврдеше дека сака да донесе објективна и транспаретна одлука базирана на конкретни параметри, сепак истата се базираше единствено на пристрасните тврдења и непрофесионални квалификации доставени од регулаторот АСО.

Регулаторот на осигурителната индустрија меѓу другото треба да се грижи и за стабилноста на осигурителниот сектор и за угледот на компаниите кои ги регулира. АСО преку презентирање на неточни анализи и давање на квалификации за индустријата и начинот на нејзиното работење директно го нарушува угледот на сите осигурителни компании, и нивните “мајки” странските компании.

Регулаторот треба да работи во насока на зацврстување на осигурителната индустрија преку поддршка на нивните напори да ги заштитат осигурениците, преку креирање на солидно ниво на солвентност и ликвидност кое секако доаѓа само преку профитабилно работење. Во спротивност, се создаваат услови за нестабилност во финансискиот сектор – нешто што никој не го посакува.

АСО излезе со анализи во насока на докажување на неоправданоста на донесените одлуки за зголемување на делот за вршење на дејноста на осигурувањето за автоодговорност. Врз основа на овие анализи Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука за воспоставување на максимален износ за делот на вршење на дејноста со што ги врати цените на ниво пред покачувањето. Анализите на осигурителната индустрија не беа воопшто земени во предвид.

Осигурителната индустрија оваа анализа не ја прифаќа и смета дека е погрешно поставена и пристрасно изработена со цел докажување на однапред определено мислење и намалување на цената за АО.

Неточноста на анализата се базирана на следните факти

1. Анализата е направена комбинирано за автоодговорност, Зелена Карта и Гранично осигурување а не само за автоодговорност - која е предмет на промените

2. Анализата се фокусира на докажување на издржливоста/доволноста на техничката премија а не на делот за вршење на дејност – кој е предмет на промените

3. Анализата не ги зема во предвид резервираните штети и не прави проекција на инфлаторното влијание врз истите во наредните години -што е клучно за бизнис со долга опашка односно сервисирање на нематеријаните штети на долг рок

4. Анализата не го зема воопшто во предвид делот за вршење дејност и е непоткрепена со актуарски пресметки и проекции за трошоците

5. Анализата содржи паушални интерпретативни одредби и тврдења базирани на мислење, а не на факти

РСМ е една од ретките држави каде државата сеуште има функција во утврдување на цената за задолжителната АО и покрај фактот што се работи за пазарна економија. ЕУ секоја година во Извештајот за погресот на земјата, споменува дека оваа државна интервенција е неконзистентна со Европската регулатива и дека цената мора да ја утврдува слободниот пазар, односно да се случи либерализација на овој пазар.

Со донесената Одлука од страна на Комисијата за Автоодговорност се лимитира делот за вршење на дејноста односно трошоците и се воспоставува 100% државна контрола над цените за автоодговорност. Со ова се оддалечуваме и од принципите на Европската Унија и од правилата на пазарната економија.

 Друштва за неживотно осигурување

Грабнат и претепан скопјанец - му забраниле да оди на лекар и во полиција

Скопјанец преживеал хорор, откако бил грабнат од неговиот дом, физички малтретиран, а му била забрането да оди на преглед на лекар и во полиција.

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 07.40 часот во Полициската станица Аеродром, К.Б.(34) од Скопје пријавил дека на 24/25.04.2024 околу 01.30 часот, А.„Н“ со употреба на сила го извадил од неговиот дом и го внел во патничко возило кое го управувал К.„Н“, со уште едно лице совозач.

- Како што е пријавено, во возилото А.„Н“ му нанел неколку убодни рани со остар предмет и го однеле кај Транспортен центар во Скопје, каде што повторно му нанел повреда со остар предмет, по што физички го нападнале и го оставиле. Исто така, според пријавеното, тој не бил на преглед и не пријавил во полициска станица затоа што лицата му се заканиле, информираат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно

Регионалниот Центар за управување со кризи - Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк - шумата Водно.

Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.

- Од полициската станица - Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.

Популарно