Борисов: Ако Мицкоски сака добрососедство, сите ќе си ги мериме приказните

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, го повика претседателот на на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да си ги измери зборовите по изборите во Македонија.

„Го повикувам колегата Мицкоски , тој е мој колега, тој ми е добар пријател, од ЕПП, да престане да зборува, бидејќи изборите поминаа. Му честитав за неговиот успех, но со оваа реторика ја видовте целата бугарска политичка класа запалена. Ако сака добрососедство имаме договор, сите ќе си ги мериме приказните“, рекол Борисов во Бургас за време на предизборен настан.

Мицкоски го заостри јазикот против Бугарија, па дури и коментира дека ќе чека поразумен премиер со кој ќе може да разговара. 

Ова следува откако премиерот на Бугарија Димитар Главчев рече дека Бугарија нема да прави отстапки во однос на Македонија.

Скопјанец ги претепал сопругата и малолетниот син, ја искршил и влезната врата од зградата

Денеска во 02.30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријавила дека на 25.07.2024 околу 20.50 часот пред влез од зграда на подрачјето на Центар, таа и нејзиниот малолетен син биле физички нападнати од нејзиниот сопруг Д.Н.(57).

Toj ја оштетил и влезната врата од зградата.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Комбе со мигранти се преврте на автопатот кај Бела Паланка, околу 50 повредени

Околу 50 луѓе се повредени откако комбе во кое се превезувале имигранти се преврте на магистралниот пат Пирот – Ниш кај наплатната рампа Бела Паланка, јавија белградските медиуми.

Потешко повредените се транспортираат во нишкиот клинички центар, а полесно повредените во Општата болница Пирот. Истрагата е во тек.

Апсење на Средно Водно: Полицијата уапси млад дилер

Млад скопјанец уапсен на Средно Водно за поседување дрога.

На 25.07.2024 во 20.10 часот на патот кон Средно Водно во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, соопштија од полицијата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Популарно