(Фото) Џеј Ло и Афлек фотографирани заедно на натпревар

Џенифер Лопез и Бен Афлек беа на кошаркарскиот натпревар на Семјуел, 12-годишниот син кој актерот го доби во бракот со Џенифер Гарнер.

Џеј Ло и Бен се сретнаа на влезот од салата во Санта Моника, Калифорнија. Актерот се смешкал, а кога се сретнале се бакнале во образ. На многу обожаватели ова им е чудно бидејќи претходно папараците често го снимаа парот како јавно разменува нежности.

Исто така, тие не се држеа за раце како обично. И покрај очигледните заладени односи меѓу нив, Бен сепак беше кавалер, па по натпреварот Џеј Ло ја отвори вратата од автомобилот, а потоа заедно тргнаа.

На спортскиот настан беше присутна и поранешната сопруга на Афлек, Џенифер Гарнер.

Актер од Пиратите од Карибите почина по напад на ајкула

Актерот од „Пиратите од Карибите“ Тамајо Пери почина откако беше нападнат од ајкула додека сурфаше на Хаваи.

Актерот (49) починал во неделата попладне, потврдиле службите за итна помош во Хонолулу на прес-конференција, пренесува Би-би-си.

Службите за итни случаи биле повикани на плажата Малакахана околу 13 часот по локално време.

Пери, кој исто така бил спасител, бил прогласен за мртов од болничарите откако бил донесен на брегот на џет ски.

Тој глумеше во Пиратите од Карибите, поточно во четвртиот филм од франшизата.

Пери глумеше и во Lost, Hawaii Five-0, Blue Crush и Charlie’s Angels 2, а се појави и во реклама за Кока-Кола.

Сури ќерката на Том Круз заблескала на матурската вечер

Сури Круз изгледала како принцеза на нејзината матурска вечер во Њујорк. Ќерката на Том Круз и Кејти Холмс очигледно одлично се забавувала додека разговарала со пријателите, а Дејли Мејл открива дека нејзин партнер бил Тоби Коен, исто така матурант и млад музичар во подем.

Тие цело време се држеле за раце, а кога се фотографирале, Коен ја фатил Сури околу половината. Имено, двајцата се познаваат од училишните клупи бидејќи заедно го посетувале средното училиште „ LaGuardia High School of Music & Art and Performing Arts“, кое е специјализирано за визуелни и драмски уметности.

Сури би требало да студира на факултетот за дизајн „Carnegie Mellon“ во Питсбург, а Тоби на престижниот „Berklee College of Music“ во Бостон.

Ќерката на познатите холивудски актери за оваа специјална пригода носела фустан со корсет, со цветен принт и златни детали. Нејзината мајка, Кејти Холмс, не била видена наоколу, како ниту нејзиниот татко Том Круз, кој всушност немаше никаков удел во воспитувањето на Сури со години.

Инаку, познато е дека Том не го добил старателството над ќерката, како и дека бракоразводната парница со која Холмс го добила старателството завршила за само 11 дена. Иако Круз имал право да ја гледа својата ќерка 10 дена секој месец, добро информиран извор тврди дека тој ја одбил оваа можност бидејќи Сури не е скиентолог, а наводно не ја видел ќерката цели 16 години.

Неговата приврзаност кон скиентологијата се наведува како една од причините за таквиот однос. За работите да бидат уште покомплицирани, неодамна се дозна дека познатата наследничка повеќе не го користи презимето на татко ѝ кога се претставува во јавност.

Популарно