Групна тепачка во Центар - Не расчистени имотно-правни односи

На 05.06.2024 во 23.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во куќа на подрачјето на Центар, по претходна расправија околу нерасчистени имотно-правни односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.О.(38) и Ѓ.О.(62) од една страна и А.О.(34) и Р.Д.О.(59) од друга страна, сите од Скопје, при што бил употребен и тврд предмет.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Нови цени на горивата од полноќ

Поевтинуваат и бензините и дизелот, одлучи денеска регулаторната комисија за енергетика.

Според последната одлука, Еуросупер 95 поевтинува за половина дена и сега ќе се точи за 74 денари литар.

За 2 денари по литар поевтинува Еуросупер 98 и неговата нова цена е 76,5 денари.

Дизелот од полноќ ќе биде поевтин за 1 денар по литар и ќе се точи по 68,5 денари.

Ова е најниска цена на горивата во последните неколку години.

Последен пат дизелот под 68,5 денари се продавал во мај лани, а бензинот немал пониска цена во последните повеќе од 2 години.

Мотоциклист од Валандово изгубил контрола и удрил во паркирано возило

Вчера во 16.20 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на магистрален пат А1, на делницата од с.Марвинци кон с.Удово, атар на село Марвинци, валандовско, С.К.(44) од село Удово, валандовско, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркирано патничко возило „форд“ со валандовски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Валандово.

Пожарот во Мариово е под контрола, будно се следат евентуални жаришта

По осум дена е ставен под контрола големиот пожар во Мариово, но екипи остануваат на теренот поради опасноста од разгорување на жариштата. Таква ситуација имало ноќеска кај манастирот „Свети Никола“ во Прилепец каде контролираат 20 луѓе.

-Би рекол 99 проценти пожарот е под контрола, но внимаваме на жаришта да не се разгорат. Во ноќните часови се појави едно критично жариште кое се рашири кај манастирот на околу 300 до 400 метри. Со брза интервенција во раните утрински часови, тој дел е ставен под контрола и се чува да не дојде до негово возобновување, изјави Јован Аврамоски, инспектор за заштита и спасување при ДЗС.

Според Аврамоски, пожарот во Мариово е во категоријата катастрофални пожари, а големи размери зеде и се прошири во трите дена кога немаше воздушна поддршка. Опфати од 150 000 до 200 000 хектари, главно ниска вегетација и трева и огнена линија од 200 километри. Директните, посебно индиректните штети, еколошките, се големи.

-Не направи големи штети со шумите, изгорената трева ќе порасне. Со денови големиот број професионалци и од здруженија бранеа 10 до 15 села и објекти. Немаме зафатени црковни објекти, селата се спасени, но голема е еколошката штета, не само загадувањето туку тешко ќе оди обновата на земјиштето, рече Аврамоски.

Во осумте дена беа ангажирани повеќе од 1 200 луѓе, од кои 500 припадници на АРМ, 120 од ЕБР, 80 од ДЗС, од ЈП Национални шѓуми, ловочувари, од здруженија, пожарникари од повеќе градови.

Под контрола е и пожарот кај селата Дрен и Смолани.

Популарно