(Фото) Страшна сообраќајка вечерва во Скопје, пожарна и итна помош интервенираaт за спасување на возачот

Тешка сообраќајна незгода се случи вечерва во скопската населба Кисела Вода, во непосредна близина на стадионот „Цементарница“.

Според првичните информации возило марка „БМВ“ кое се движело со неприлагодена брзина изгубило контрола и се забило во метален столб.

Екипи на противпожарната бригада во координација со службата на итна медицинска помош во моментов интервенираат за спасување на возачот кој е заглавен во возилото.

Повеќе информации од полицијата се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Гордана Јанкуловска доби ослободителна пресуда за „Тврдина“

Гордана Јанкуловска, поранешната министерка за внатрешни работи, беше ослободена од обвинение во случајот „Тврдина“ поврзан со масовното прислушување. Во истиот предмет, обвинет беше и Сашо Мијалков, поранешен шеф на УБК, кој се ослободи од обвиненијата за „Таргет-Тврдина“ поради застареност на делото. Ова беше објавено по изрекувањето на пресудата во Основниот суд 1 во Скопје.

Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на Мијалков, доби казна од 3 години затвор, со вклучено време поминато во куќен притвор. За екс-разузнавачите Горан Грујевски и Никола Бошковски, кои избегаа во Грција, во отсуство беа изречени казни од 14 години и 6 месеци за Грујевски и 9 години и 10 месеци за Бошковски.

реклама

Обвиненијата се однесуваа на злоупотреба на службената положба и фалсификување исправа во врска со уништувањето на системите за прислушување во УБК. Првоначалната пресуда беше укината од Апелациониот суд во декември 2022 година, по што започна нов судски процес. Вкупно 11 лица беа обвинети, а во првостепената пресуда беа осудени на 55 години затвор и 10 години условен затвор.

Првиот судски процес започна во декември 2017 година, а пресудата беше донесена по повеќе од три години, во февруари 2021 година. 

Утревечер ќе се слави Василица во Дебар Маало, прославата ќе биде со хуманитарен карактер

Василичарите од Боемска упатуваат покана сите заеднички да го одбележиме празникот Василица, на 14 јануари, со почеток во 16:00 часот на Боемска улица, Дебар Маало.

- Дојдете да се дружиме и заедно да бидеме хумани! Сите средства собрани од продажбата на македонските традиционални јадења, како и греана ракија, греано вино и друго, ќе бидат донирани на дечињата со Даунов синдром од НВО дневниот центар Доза среќа Дојдете заедно да помогнеме на оние на кои им е најпотребно. Во духот на празниците, да си помагаме, да бидеме солидарни и хумани, се вели во поканата на Здружението на граѓани за негување на традицијата и хуманитарните акции. 

„Опел“ се заби во столб на наплатната станица Сопот по полноќ, тешко повреден маж

Велешанец е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила по полноќ на наплатната станица Сопот.

- На 13.01.2025 во СВР Велес било пријавено дека околу 00.06 часот на автопатот Скопје - Велес, на наплатна станица Сопот, патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Д.(41) од Велес, удрило во столб од наплатната станица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Л.М.(41) од Велес, сопатник во возилото, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата во Велес, информираа од полицијата. 

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес. 

Популарно