Жена нападната од сопругот со кој се разведува

На 12.06.2024 во 19:00 часот во СВР Скопје, 40-годишна жена од Скопје пријавила дека на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот сопруг Р.Б.(41) од Скопје.

Со него таа била во бракоразводна постапка.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Уапсен скопјанец, бил агресивен кон полицајци

46-годишен скопјанец се однесувал агресивно кон полицајци на должност.

- На 12.01.2025 во 23.25 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.К.(46) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, соопштија од полицијата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

(Фото) Карневалски дух во Вевчани - „Се појави Груби, играше фудбал“

Бегалецот од правдата Артан Груби вчера веше во Вевчани. И не се криеше, туку играше фудбал, арно ама како маскота за потсмев на Вевчанскиот карневал.

Очекувано, учесниците на Вевчанскиот карневал не пропуштија да се пошегуваат со првиот вицепремиер на Димитар Ковачевски и десна рака на Али Ахмети.

Групната маска во која Артан Груби игра фудбалче со актовка на Лотарија на Македонија в рака беше една од најсмешните на карневалот.

Гордана Јанкуловска доби ослободителна пресуда за „Тврдина“

Гордана Јанкуловска, поранешната министерка за внатрешни работи, беше ослободена од обвинение во случајот „Тврдина“ поврзан со масовното прислушување. Во истиот предмет, обвинет беше и Сашо Мијалков, поранешен шеф на УБК, кој се ослободи од обвиненијата за „Таргет-Тврдина“ поради застареност на делото. Ова беше објавено по изрекувањето на пресудата во Основниот суд 1 во Скопје.

Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на Мијалков, доби казна од 3 години затвор, со вклучено време поминато во куќен притвор. За екс-разузнавачите Горан Грујевски и Никола Бошковски, кои избегаа во Грција, во отсуство беа изречени казни од 14 години и 6 месеци за Грујевски и 9 години и 10 месеци за Бошковски.

реклама

Обвиненијата се однесуваа на злоупотреба на службената положба и фалсификување исправа во врска со уништувањето на системите за прислушување во УБК. Првоначалната пресуда беше укината од Апелациониот суд во декември 2022 година, по што започна нов судски процес. Вкупно 11 лица беа обвинети, а во првостепената пресуда беа осудени на 55 години затвор и 10 години условен затвор.

Првиот судски процес започна во декември 2017 година, а пресудата беше донесена по повеќе од три години, во февруари 2021 година. 

Популарно