Девојче врескало од болка на плажа во Грција, има тешки изгореници: Внимавајте, ова може да му се случи на секого

Mедузите се едни од жителите на морето на кои туристите најмногу се жалат во летната сезона, бидејќи долго се сеќаваат на болната средба со нив.

За жал, 4-годишното девојче кое престојувало со родителите на плажа во Грција, средбата со медузата ќе ја памети со болка.

Четиригодишно девојче се здобило со сериозни изгореници кога играјќи во морето дошло во контакт со медуза на плажата Агиос Георгиос Пелазгија во Фтиотида. Според зборовите на мајката, детето врескало од болка.

Девојчето врескаше од болка

Во таа прилика таа и нејзиниот сопруг брзо стигнале до детето, по што почнале да ѝ помагаат. Отпрво не знаеле зошто детето толку плаче, односно дека било испечено од медуза.

-Таа врескаше од болка и веднаш истрчавме кон неа не можејќи да разбереме што се случило. Ги извадивме остатоците од пипалата и веднаш и дадовме кортизон – изјави мајката на четиригодишното девојче која во консултација со педијатарот на своето дете му дала антихистамин, а сега користат и кортизонска маст.

Она што особено ја остави без зборови е фактот колку долго ќе трае лекувањето на нејзината ќерка.

– Поради големината на отокот, третманот ќе трае најмалку шест месеци и за тоа време ќе мора да се држи подалеку од сонцето за да не ѝ остане лузна – изјавила мајката на детето.

Изгорениците од медуза се третираат исклучиво со солена вода

Во изјава за порталот ЕРТ, Емануела Вуцина, морски биолог, истакна дека контактот со медуза е опасен бидејќи лачи киселина која може да предизвика изгореници. Убодот од медуза предизвикува силна болка, чешање и осип на кожата, сличен на изгореници, поради отровот што го ослободува по контакт со жртвата.

Како што објасни биологот од Грција, пипалата мора веднаш да се отстранат од нашето тело, со нешто тврдо, без да го допираме со голи раце, а потоа местото да се измие со морска, а не со свежа вода.

Треба да се напомене дека медузите не пливаат во вода, туку се држат за карпите и капачот може да дојде во контакт при влегување во морето во области кои имаат карпи.

Што да направите кога ќе ве испече (касне) медуза?

Местото на убодот мора да се измие со солена вода или топла вода (помеѓу 43 и 45 степени), а пипалата на медузата мора да се отстранат доколку останале во кожата.

Отстранувањето на пипалото најдобро се прави со пинцети. Можете да го намачкате местото на каснување со антиинфламаторна крема, локален кортикостероид или да земете антихистаминска таблета.

Што да не правите кога ќе ве искаса медуза?

Не е препорачливо да се трие изгореното место или да се гребе, бидејќи во спротивно ситуацијата ќе се влоши. Исто така, никогаш не го плакнете болното место со свежа вода. Не ја изложувајте повредата на сонце. Една од најголемите урбани легенди е употребата на човечка урина како прва помош, што воопшто не е добро, туку само може да доведе до дополнителни иритации.

Покрај горенаведеното, не се препорачува ставање врел песок и камења на раната.

Како да избегнете медуза за време на одмор?

Иако во ерата на модерната технологија и социјалните мрежи можеме да знаеме каде се наоѓаат во морето, понекогаш не може да се предвиди каде се медузите.

Движењето на медузите во голема мера зависи од морските струи и ветрови, а бидејќи тие се движат многу бавно, логично е да ги следат морските струи. Токму затоа е тешко да се предвиди каде ќе бидат.

Менче Точи транспарентна и директна како и секогаш ќе ги постави прашањата што сите не засегаат!

По успешната прва сезона, се враќаме со нови гости, добро познати на јавноста, стручни лица, активисти кои ќе ги споделат своите ставови за актуелните состојби.

Се отвора и простор за споделување на лични случки на граѓаните, проблемите, предизвиците и искуствата со кои се соочуваат секојдневно низ болниците во Македонија.

Менче Точи транспарентна и директна како и секогаш ќе ги поставува прашањата што се важни за сите граѓаните, ќе ги отвора темите за кои можеби никој не зборувал и ќе ги пренесе приказните што го отсликуваат здравствениот систем. Емисијата ќе понуди и практични видео совети од спонзорите Зегин и Промедика, со корисни информации за здравјето и грижата за себе.

Првата епизода: Инсулински пумпи и сензори за пациентите со дијабетес тип 1.

Гостин е Зоран Стојкоски, пациент и активист за правата на пациентите со дијабетес. Втората сезонс на „Клиника за се“ започнува вечерва, во 18:00 часот, со премиерното емитување на првата епизода на YouTube.

Промоција на книгата „Ткажалки“ од Александра Јуруковска во КИЦ – Белград

В понеделник (5 октомври) во 19 часот во македонскиот Културно- информативен центар во Белград ќе биде промовирана стихозбирката „Ткажалки“ од Александра Јуруковска, добитничка на наградата „Даница Ручигај“ на Друштвото на писателите на Македонија за 2025 година. Настанот е замислен како разговор со авторката,

а ќе го води новинарката Сребра Ѓорѓијевска. „Ткажалки“ е прва поетска книга на Александра Јуруковска, за која критиката ќе напише:  Веќе со својот поетски првенец, авторката успева да воспостави мост меѓу личното и универзалното, што претставува несомнен естетски квалитет. Од друга страна, нејзините песни не се само лирски обраќања до загубеното, туку се и женски отпор, сведоштво и внатрешна борба против заборавот. Оттаму и една мошне суптилна ангажирана нота вткаена во зборовите, но и во тишините на песните поместени во Ткажалки - подвлекува универзитетската професорка и критичарка Лидија Капушевска-Дракулевска.

Во одлуката на жири комисијата за минатогодишната награда „Даница Ручигај“ на ДПМ, беше потенцирано и дека поетскиот јазик во триесетината песни на „Ткажалки“ е сплетен претежно од зборови карактеристични за нашата современост, но и со зборови што произлегуваат од нашата јазична традиција, обојувајќи ги стиховите со своевидна патина.

На тој начин авторката внесува лична нота во современата македонска поезија. Александра Јуруковска е книжевна критичрка, новинарка и промоторка на културата. Автор е на книгите: Ткаење на текстот (новинска критика; Силсонс, 2014), Медиумскиот егзил на книжевноста (интермедијалната студија; Авант прес, 2018) и 2 минути и 40 реда (радио и новинска критика; ПНВ публикации, 2020). Објавува критика и есеистика во најзначајните домашни и регионални списанија за литература, култура и културолошки истражувања, како и на неколку специјализирани портали. Работи во Националната и универзтитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје, а на македонската културна и книжева сцена е присутна цели 25 години.

На 6 октомври Јуруковска и Ѓорѓијевска ќе учествуваат на панел за видливоста на културата во македонскиот и српскиот контекст што ќе го модерира директорот на КИЦ- Белград, Васко Шутаров. Проектот „Ткажалки“ во македонскиот КИЦ во Белград е поддржан од Министерството за култура и туризам како дел од меѓународната промоција на современото македонско литературно творештво, јазик и култура.

Вработување во УНИБанка, СЕТЕК и Natura Therapy!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

УНИБанка опстојува 30 години на македонскиот банкарски пазар, која нуди широк спектар на продукти услуги насочени кон правниот и физичкиот сегмент.

Моментално вработува:

Mенаџер за Корпоративна продажба

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио, видео и бела техника кој на македонскиот пазар е присутен 33 години.

Моментално вработува:

Референти за продажба во Охрид

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи.

Сите огласи од Лидл можете да ги најдете ТУКА.

Natura Therapy е водечка компанија на пазарот која се занимава со развој, производство и продажба на висококвалитетни, иновативни природни додатоци на исхраната наменети за подобрување и одржување на здравјето на човекот.

Моментално ваработува:

Оператор во Call Centar за продажба
Стручни соработници во Сектор за производство - Подружница Натура Терапи Лабс во Штип

Беоспорт е меѓународен ланец на продавници кој во својот асортиман ги нуди светски познатите брендови (Pepe Jeans, Superdry, Nine West, G-Star, Garcia Jeans, O`Neill, Quiksilver, Roxy, DC, Wilson, Nine West, Dune).

Моментално вработува:

Асистент за продажба во Беоспорт City Mall

Рамстор Македонија е една од водечките малопродажни синџири во земјата. Од своето основање во 2005 година, компанијата постојано расте и денес располага со широка мрежа на супермаркети и трговски центри низ цела Македонија.

Сите огласи од Рамстор Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Вдл Бус Македонија Дооел, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Сите огласи од Вдл Бус Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе.

Моментално вработува:

Возач/дистрибутер

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Популарно